Најмалку 70 загинати во поплавите во Турција, уништени згради, мостови (ВИДЕО) - Канал 5

Најмалку 70 загинати во поплавите во Турција, уништени згради, мостови (ВИДЕО)

Во поплавите што ги погодија турските провинции на Црното Море загинаа 70 луѓе, додека спасувачите продолжуваат да трагаат по 47 исчезнати лица, соопштија денеска властите.

Најмалку 70 загинати во поплавите во Турција, уништени згради, мостови (ВИДЕО)

Поплавите предизвикаа хаос минатата недела, бидејќи поројни води ги зафатија автомобилите по улиците, уништувајќи згради и мостови, затворајќи патишта и уништувајќи ја електричната инфраструктура.

Шеесет луѓе го загубија животот во поплавите во провинцијата Кастамону. Уште девет лица загинале во Синоп и едно во Бартин, соопшти Агенцијата за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Пријавено е исчезнување на 47 лица во Кастамону и Синоп, било речено.

YouTube video

Снимките од беспилотни летала покажаа огромни штети во градот Бозкурт во Кастамону, додека спасувачките тимови викендов ги пребарувале урнатите згради.

Повеќе од 2.000 луѓе биле евакуирани од погодените области, со помош на хеликоптери и бродови, соопшти АФАД.

Метеоролозите предупредиле на можноста за нови поплави поради очекуваните врнежи во понеделник во провинциите покрај Црното Море источно од регионите погодени минатата недела.

YouTube video

Турските провинции на Црното Море често страдаат од поплави. Шест лица загинаа на североистокот на земјата во Ризе минатиот месец.

По серијата природни катастрофи во Турција, некои политички лидери и здруженија го зголемиле притисокот врз претседателот Реџеп Таип Ердоган да преземе радикални мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови.

Турција е меѓу ретките земји што не го потпишала Парискиот климатски договор во 2015 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Погоден турски брод во Црното Море; двајца загинати, 11 повредени

Романското Министерство за внатрешни работи соопшти дека 11 членови на екипажот на турскиот брод „Ројад Мамадов“, кој бил погоден од дрон, се повредени, додека две лица загинале.

Видео: Погоден турски брод во Црното Море; двајца загинати, 11 повредени

Во тек е спасувачка операција по инцидентот што се случи во областа југоисточно од платформата „Пескаруш“.

„Службите на Министерството за внатрешни работи спроведуваат сложена мисија за спасување на екипажот на брод што потона во Црното Море. Спасени се единаесет членови на екипажот. Исто така, идентификувани се две починати лица. Хеликоптерот на Генералниот инспекторат за авијација ги евакуираше повредените со помош на витло, со цел да им се пружи итна медицинска помош“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Околу 11:00 часот, службеници на граничната полиција при Крајбрежната стража добија известување од Центарот за координација на поморско пребарување и спасување (MRCC) во Констанца дека избувнал пожар на трговски брод лоциран во исклучивата економска зона на Романија, на приближно 30 наутички милји јужно од Сфанту Георге.

MRCC Констанца започна операција за пребарување и спасување на лица во опасност на море, при што пловен објект на Крајбрежната стража беше одреден како координатор на активностите за пребарување и спасување на лице место.

Припадници на граничната полиција, заедно со колеги од Генералниот инспекторат за воздухопловство, веднаш презедоа операција за пребарување и спасување на членовите на екипажот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Честит Меѓународен ден на учителот - на луѓето чии лекции остануваат за цел живот!

 Секој од нас памети барем еден свој учител. Некој што го препознал нашиот талент, што имал трпение за нашите грешки и верувал во нас тогаш кога самите сме се сомневале.

Ѓорѓиевски: Честит Меѓународен ден на учителот - на луѓето чии лекции остануваат за цел живот!

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска по повод Меѓународниот ден на учителот им додели признанија на професорите кои во изминатата година се истакнаа со својата работа, посветеност и вложување во сопствениот професионален развој.

- Секој од нас памети барем еден свој учител. Некој што го препознал нашиот талент, што имал трпение за нашите грешки и верувал во нас тогаш кога самите сме се сомневале. Некој чие „ти можеш“ ни дало храброст да направиме важен чекор во животот. Да се биде учител значи да се остави трага во нечие растење, во нечии соништа и во нечии успеси. Тоа е професија чија вредност живее во генерациите што излегуваат од училишните клупи и во сето добро што тие го создаваат. Зад нивните признанија стојат часови подготовка, постојано усовршување и искрена желба секој ученик да добие поквалитетно образование и можност да го покаже најдоброто од себе. На сите наградени им честитам од срце! Вашето знаење станува можност за младите, вашата посветеност е нивна инспирација, а вашиот личен пример ги учи што значи да се работи чесно, одговорно и со љубов – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека Град Скопје продолжува со поддршката за работата на професорите со конкретни дела, како и со вложувањето во образованието и во подобри услови за настава, затоа што сакаме училишта во кои учениците ќе доаѓаат со желба да учат, а наставниците ќе ја имаат поддршката што ја заслужуваат.

- Во вашите училници расте иднината на Македонија. А во секој успех на вашите ученици, засекогаш останува и дел од вас. Нека ви е честит денот! – рече Ѓорѓиевски.

На манифестацијата, Ѓорѓиевски изрази голема благодарност до учителите, наставниците, професорите и стручните соработници, за секое пренесено знаење, за секој охрабрен ученик и за секоја вредност што ја всадуваат во младите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕСМ Снабдување со топлина:Од 15 октомври официјално започнува грејната сезона 2026/2027 година

Од 15 октомври официјално започнува грејната сезона 2026/2027 година за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ.

ЕСМ Снабдување со топлина:Од 15 октомври официјално започнува грејната сезона 2026/2027 година

Согласно регулативата, грејната сезона може да започне и пред 15 октомври, односно во периодот од 1 до 15 октомври, доколку прогнозата за средната надворешна температура за наредниот ден изнесува 12°C или пониско, врз основа на податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

До 15 октомври, на веб-страницата на ЕСМ Снабдување секојдневно ќе се објавуваат информации дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија, во согласност со одлуките на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и прогнозите за средната дневна температура од УХМР.

Апел до потрошувачите за навремена подготовка на грејната сезона

Со цел грејната сезона да започне и да се одвива непречено, ги потсетуваме и ги повикуваме сите корисници навремено да ги завршат потребните поправки на своите внатрешни грејни инсталации, бидејќи редовното одржување е нивна обврска. Завршените интервенции треба веднаш да се пријават во Центарот за грижа на потрошувачи, со што ќе се овозможи непречено снабдување со топлина.

За функционирање на системот, потребно е да се обезбеди пристап на службените лица до топлинските потстаници, како и редовно електрично напојување на топлинските потстаници. Апелираме до заедниците на сопственици навремено да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници и да проверат дали електричните инсталации се функционални.

Навременото одржување на внатрешните инсталации, обезбедувањето непречен пристап до топлинските потстаници и редовното електрично напојување се од заеднички интерес и придонесуваат за сигурна и непречена испорака на топлинска енергија.

Сите потрошувачи можат да проверат дали нивниот објект е на списокот на објекти без услови за испорака на топлина на следниот линк: Затворени објекти – ЕСМ Снабдување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер