СветНачалник на Генералштабот на Франција: Се подготвуваме за можна војна со РусијаМандон во интервју за „Квест Франс“ рече дека претседателот на Франција, Емануел Макрон, побарал од него да предложи опции за да се обезбеди континуирана заштита на францускиот народ и интересите на земјата.Началникот на Генералштабот на француските вооружени сили, генерал Фабиен Мандон, денеска изјави дека е во тек подготовка на припадниците на вооружените сили на земјата за можна војна со Русија, за која претходно зборуваше и пред пратениците во францускиот Парламент, предупредувајќи дека војската мора да биде подготвена за можен судир со Русија во рок од три до четири години. Мандон во интервју за „Квест Франс“ рече дека претседателот на Франција, Емануел Макрон, побарал од него да предложи опции за да се обезбеди континуирана заштита на францускиот народ и интересите на земјата. - Ги споделив моите забелешки со народните претставници за да можеме да предвидиме (настани) и да донесеме исправни одлуки. Ја гледам еволуцијата на Русија – во 2008 година ја нападна Грузија, во 2014 година го анектираше Крим, во 2022 година тоа беше Украина. Русија ја смета Европа за слаба. Знам дека таа воено се реорганизира за да може да влезе во борба против земјите на НАТО. Мора да се подготвиме за тоа, рече Мандон. На прашањето кои докази го наведуваат на таков заклучок, Мандон одговори дека тоа е збир на различни траги и разузнавачки податоци. - Оваа проценка ја споделуваат и нашите блиски сојузници. Шефот на германската разузнавачка служба неодамна зборуваше за тоа, перцепцијата на Германија е иста како и нашата, британската исто така. Претседателот на Здружениот Генералштаб на САД е исто така исклучително загрижен за Русија и нејзините сè поблиски врски со разни сили – Иран, Кина и Северна Кореја. Севернокорејците се борат против Украина на нашиот континент. Русија веќе го глобализира украинскиот судир, истакна Мандон. Тој посочи дека француските сили, во подготовките за потенцијален судир со Русија, редовно учествуваат во големи вежби во услови на многу сериозни борби со противник кој има голема моќ, како што има Русија. Мандон најави организирање на нова вежба следната година, под назив „Орион 2026“, во која ќе учествуваат вооружените сили на Франција, како и сојузничките држави. Генералот наведе дека смета оти вклучувањето на целото француско општество е клучно за заштита од агресија на друга држава. - Шок од оваа природа бара многу повеќе од само вооружените сили, бара поддршка од целата земја. Русија ги проучуваше нашите општества и знае дека нашата сила лежи во единството. Ако успее да нè фрагментира и подели, може да победи, оцени Мандон. Како неколку примери на обиди за дестабилизација на француското општество тој ги наведе лажните ковчези кои во јуни беа поставени пред Ајфеловата кула, и свинските глави кои на почетокот на септември беа поставени пред повеќе џамии во Франција.Тагови: Војна русија Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЌерката на Никол Кидман го оствари сонот што го имала на 16 години: „Плачев од среќа“Ќерката на Никол Кидман, Сандеј Роуз, преку социјалните мрежи се осврна на еден од најголемите моменти во нејзината досегашна кариера.Младата манекенка се присети како, пред само две години, го гледала настанот „Vogue World“ со својата мајка и сонувала еден ден и самата да учествува во него. Оваа година, таа желба се оствари. „Дојдов во Париз со мајка ми пред две години и се сеќавам дека слушнав оти токму тој ден се одржува ’Vogue World‘. Се вратив во хотелот и го гледав преносот на YouTube – сите тие прекрасни жени, музиката и целиот спектакл. Во Милано сфатив дека оваа година и самата ќе учествувам во шоуто. Мојата 16-годишна верзија ќе плачеше од среќа, а плачев и јас сега, на 18 години. Имам огромна среќа што можам да доживеам вакви работи и да запознаам толку многу луѓе“, напиша Сандеј на Инстаграм. Оваа 18-годишна девојка учествуваше на ревијата „Vogue World“ за време на Модната недела во Милано во септември. Таа се појави во полупроѕирен бел фустан со длабоко деколте, широки ракави и лелеава силуета. Фустанот беше украсен со нежен цветен вез. Советот на Никол Кидман за нејзината ќерка Во интервју за ноемвриското издание на „Vogue“, Никол откри како ги советува своите ќерки додека тие растат под будното око на јавноста. Кога ја прашаа за омразата на интернет, осудувањето и нападите, таа одговори: „Едноставно се вртиш и си заминуваш. Зашто тоа ќе те скрши. Ќе те уништи“. „Тоа многу ме плаши. Но, јас почнав да работам на 14 години, така што и немам многу право на глас“, додаде таа. Сандеј претходно зборуваше за магазинот „Nylon“ за правилата што нејзината мајка ги поставила во врска со нејзината кариера. View this post on Instagram A post shared by 🧚🏻♀️ (@sundayrose) „Постојат две важни правила“, рече таа. „Првото беше дека не можев да работам во модната индустрија сè додека не наполнив 16 години. Второто е дека училиштето секогаш мора да биде на прво место. На почетокот тоа го мразев, но всушност мило ми е што постојат тие правила, бидејќи ми помагаат да останам цврсто на земја.“Тагови: никол кидман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФридрих Мерц е во сериозни проблемиСамо 10% од Германците изјавиле дека се задоволни од работата на канцеларот Фридрих Мерц – што претставува најниска бројка во последните речиси 30 години – според анкетата „Deutschlandtrend“, за што известува порталот „Interia“.На почетокот на септември, 13% од испитаниците ја оценувале работата на Мерц позитивно. Оваа нова бројка го означува најниското ниво во текот на целиот негов мандат како канцелар. Доколку изборите за Бундестагот се одржеле на преминот од септември кон октомври, блокот CDU/CSU би можел да смета на 20% од гласовите. Тоа е за еден процентен поен помалку отколку на почетокот на септември. Крајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) доби најголема поддршка во анкетата, со 27%; нејзиниот рејтинг остана непроменет во текот на месецот. Зелените би освоиле 16%, Социјалдемократската партија на Германија (SPD) 13%, а партијата „Левица“ (Die Linke) 11%. Со 4% од гласовите, Слободната демократска партија (FDP) не би го достигнала изборниот праг од пет проценти. Што се однесува до членовите на владата, министерот за одбрана Борис Писториус (SPD) доби значително подобри оценки од канцеларот: 50% од учесниците во анкетата биле задоволни или многу задоволни од неговата работа. Работата на министерот за надворешни работи Јохан Вадефул позитивно ја оцениле 34% од испитаниците, додека работата на министерот за внатрешни работи Александар Добринд добила позитивна оценка од 27%. Околу 20% од испитаниците биле задоволни од работата на вицеканцеларот и министер за финансии Ларс Клингбајл, додека приближно еден од шест испитаници бил задоволен од работата на министерката за труд Бербел Бас. И двајцата се членови на „SPD“. Анкетата била спроведена кон крајот на септември од страна на институтот „Infratest dimap“. Истражувањето било спроведено преку телефон и интернет, користејќи репрезентативен примерок од 1.303 гласачи со право на глас. Извор: Б92Тагови: Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет„Тајм“: Трамп го прашал „Грок“ што би се случило ако го уапси МадуроАмериканскиот претседател Доналд Трамп го прашал „Грок“ – чет-бот со вештачка интелигенција во сопственост на Илон Маск – како народот на Венецуела би реагирал на апсењето на тогашниот претседател Николас Мадуро.Ова се случило неколку недели пред тој да нареди операција за негово приведување, открива списанието „Тајм“. Наводно, вештачката интелигенција му рекла на Трамп дека многумина во Венецуела веројатно би го прославиле падот на Мадуро. Во декември 2025 година, Трамп се сретнал приватно со Маск во Овалната соба, каде што со часови го испрашувал „Грок“ за својот мандат и политичкото наследство. „Тајм“ ја заснова оваа информација на изјава од официјално лице кое присуствувало на средбата. Едно од прашањата што Трамп му ги поставил на чет-ботот било како би реагирале Венецуелците доколку САД го уапсат Мадуро. Официјалното лице цитирано од списанието вели дека „Грок“ го опишал Мадуро како „репресивен и крајно непопуларен диктатор“ и проценил дека многумина во Венецуела навистина би можеле да го прослават неговиот пад. Операција во Каракас Еден месец подоцна, Трамп наредил операција за апсење на Мадуро. Американските сили го привеле него и неговата сопруга, Силија Флорес, за време на воена операција во Каракас на 3 јануари, а потоа ги префрлиле во Соединетите Држави. Мадуро бил однесен во Њујорк, каде што се соочува со федерални обвиненија за трговија со дрога – обвинувања што тој ги негира. Кога некои Венецуелци навистина го прославиле апсењето, Трамп – според официјалното лице – заклучил дека „Грок“ е „генијален“. Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Николас Мадуро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16