На врвот на милијардерите со богатство над 100 милијарди се искачи и првиот Француз

Најбогатиот Француз, генералниот директор на ЛВМХ, Бернар Арно (80) , се искачи на листата на најбогатите на светот, со богатство поголемо од 100 милијарди долари.

Арно им се придружи на врвот на Американците Џеф Безос и Бил Гејтс и се смести на трето место на листата на Блумберг со богатство од 100,4 милијарди долари. Со тоа Арно ,,го симна” на четврто место американскиот милијардер Ворен Бафет.

Компанијата на Арно достигна раст на акциите за дури 43 % , а неговото богатство само годинава порасна за 32 милијарди долари. Богатствтото на Арно изнесува 3% од вкупната француска економија.

Во групацијата на Арно се 70 познати светски брендови како Луј Витон , Дом Перињон, Хенеси , Сефора, Диор, Фенди, Кензо, Булгари... Тој го поседува и весникот Паризиен , каде со симпатии се пишува за протестите на ,,жолтите елеци” .

Токму Арно се смета за нивен финансиер и човек кој сака да го симне од власт Макрон, кого и го довел на власт. Арно му е венчален кум на Никола и Сесилија Саркози , а кога Оланд го смени Саркози на претседателското место , Арно сакал да аплицира за белгиско државјанство.

Но , сепак останал во Франција , каде води здрав живот, игра тенис и собира уметнички дела , како оние на Ворхол и Пикасо во неговата дневна соба.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер