Веб ТВНа кратко: „Само Вистина“ со Љубомир Гајдов - 22.06.2026Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Реконструкција на Владата - нова шминка, иста екипа, иста политика, само нови тендериОрганизираната криминална група ВМРО најави реконструкција на Владата.Во пракса, тоа е само нова шминка на истото старо, нефункционално и корумпирано тело. Кога имате министер за правда од партија ЗНАМ која повеќе не постои, човек кој се правеше „мртов“ за случајот со Никола Груевски цел месец и сè уште не даде одговор дали ги испратил потребните документи - што точно се реконструира тука? Кога имате министер за внатрешни работи кој дозволи целосна партизација на МВР, кој го штити Владата и поединци од одговорност, и кој не презема никаква политичка одговорност за колапсот на безбедносниот систем и селективната правда - каква реконструкција е тоа? Кога имате заменик-премиер кој отворено работи против интересите на Македонија, кој ги застапува интересите на Србија, Русија и Кина, кој учествува во антиевропски и авторитарни мрежи, организира контра-митинзи против српските студенти и промовира кинеска авторитарна пропаганда – што се менува со таков човек во Владата? Кога имате генерален секретар на Владата со бугарска фирма и сомнителни финансиски извештаи, а во исто време половина министри, пратеници и директори имаат бугарски пасоши - каква е оваа „македонска“ Влада? Кога економијата е во распад, буџетскиот дефицит е потрошен за шест месеци, јавниот долг е зголемен за над 2,5 милијарди евра, а премиерот отворено кажува дека младите ќе ги заменува со мигранти односно „економски работници“ – што точно се реконструира? Реконструкцијата која ја најави Христијан Мицкоски е чисто козметичка. Старите лица остануваат, старите практики продолжуваат, а новите имиња само ја менуваат амбалажата. Нема нова политика. Нема нова визија. Нема нова одговорност. Има само нова шминка на истото старо, корумпирано владеење и нови криминални тендери. Правилата на тендер коалицијата не се менуваат. Театарот е ист, истите глумци, само нови одела. По реконструкцијата, Мицкоски ќе најави предвремени избори во моментот кога повеќе нема да може да се задолжува, бидејќи пари во буџетот веќе нема. Нема да има ниту за нивните криминални тендери, ниту за плати и пензии. Од претстава во претстава, ќе ни кажуваат дека „немале време“, па ќе бараат уште четири години за да ја видиме „Македонија повторно горда“. Веќе видовме како изгледа „третата економија во Европа“ според Мицкоски. Сега се плашиме од најавата дека ќе бидеме први, но во сиромаштија. Македонија забрзано се движи кон пропаст. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМаѓар го откри планот: „Нов претседател до август“; „Уставот оди на референдум“Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија ќе има нов претседател до 20 август, со можност за нов устав одобрен на референдум следното лето.Унгарија дефинитивно ќе има нов претседател до националниот празник на 20 август, изјави унгарскиот премиер Петер Маѓар, најавувајќи дека неговата земја, во најдобар случај, би можела да има нов устав одобрен на референдум следното лето. На прес-конференција во Будимпешта, унгарскиот премиер рече дека Основниот закон на Унгарија предвидува парламентот да избере нов претседател во рок од 30 дена од истекот на мандатот на претходниот шеф на државата, објави МТИ. „Тоа би можело да се случи на крајот на јули или почетокот на август. Нема потреба да се чекаат полните 30 дена; напротив, во интерес на земјата е да се заврши овој процес што е можно поскоро“, рече Маѓар. Тој изјави дека ќе се бара кандидат кој може да го претставува националното единство, нагласувајќи дека тоа не мора нужно да подразбира непартиска фигура или личност над политичките партии. „Би ја поздравиле поддршката од опозициските партии“, рече унгарскиот премиер и потсети дека една петтина од пратениците претставува доволен број за да се предложи претседателски кандидат, вклучувајќи ги и пратениците од опозицијата. Зборувајќи за уставните измени, Маѓар оцени дека Унгарија, во најдобро сценарио, би можела да има нов устав потврден на референдум уште следното лето. „Можеби ќе потрае повеќе време, но времето не е клучното прашање. Она што е важно е квалитетот и содржината. Сакаме земјата да има устав што секој може да го прифати со добра волја“, рече Маѓар. Споменатиот унгарски национален празник, кој е најголемиот национален празник, кој се слави на 20 август, е посветен на основачот на унгарската држава и првиот крал Стефан, кој постхумно беше прогласен за светец. Извор: Б92Тагови: Петер Маѓар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче е подготвен да тргува со македонскиот идентитет само за да дојде до властФилипче е подготвен да тргува со македонскиот идентитет за власт. Филипче нема црвени линии и молчи за нападите врз македонскиот идентитет само за да ја зачува фотелјата на Бихачка и да се добере до власт.Венко Филипче не го брани македонскиот национален интерес и идентитет туку сопствената политичка кариера. Венко Филипче секојдневно потврдува дека е подготвен да оди и подалеку од Зоран Заев во исполнувањето на барањата кои директно ги засегаат македонските национални интереси. Додека Бугарија продолжува да го негира македонскиот јазик, да ја фалсификува историјата и да го оспорува македонскиот идентитет, Филипче не гледа проблем во тоа. Наместо јасно и гласно да застане во одбрана на државните и националните позиции, тој ги релативизира навредите и ги минимизира заканите со кои се соочува Македонија. За Филипче нема црвени линии. Нема прашање кое не е подготвен да го отвори и нема национален интерес што нема да го жртвува ако процени дека така ќе добие поддршка од центрите на моќ кои со години вршат притисоци врз Македонија. Ставовите на Филипче не се ништо друго освен продолжение на политиките на СДС кои донесоа понижувања, отстапки и штета за македонските национални позиции. Разликата е што Филипче денес покажува уште поголема подготвеност од Заев за нови отстапки и нови порази. Филипче избира да биде адвокат на бугарските барања. Кога треба да се оправдаат условувањата од Софија е најгласен, а кога треба да се брани Македонија е најтивок. Граѓаните добро паметат што значеа политиките на Заев и СДС. Затоа нема да дозволат истата политика на национални отстапки да се врати под ново име и со нов извршител. Времето на понижувања заврши. Граѓаните ќе знаат да препознаат кој ја брани Македонија, а кој е подготвен да ја продава за политичка функција. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook