МакедонијаНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо ЈакимовскиВрховниот суд се уште не го објавува образложението за укинувањето на пресудата на Апелациониот суд Скопје за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 патници, а 38 беа повредени. Станува збор за второстепената пресуда со која на дел од осудените им беа зголемени затворските казни изречени првично од Кривичниот суд. Предметот сега се враќа на повторно постапување и одлучување пред Апелација. Од таму за Канал 5 велат дека сè уште е рано да се прејудицира во која насока ќе се движи предметот. Судот повторно ќе треба да одлучува по жалбите. Во зависност од причините поради кои Врховниот суд ја укинал претходната одлука и од законските услови, Апелација може да ја потврди или преиначи првостепената пресуда, а можно е предметот повторно да биде вратен и пред првостепениот суд. Пет години по несреќата, во јануари 2024 година, шестмината обвинети возачот Маноил Трифуновски, сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули и одговорниот за транспорт Ремзи Мифтари како и тројца од станицата за технички преглед беа осудени на затворски казни. Апелација претходно ја прифати жалбата на Обвинителството и на дел од осудените им ги зголеми казните. На Белули казната од четири беше зголемена на десет години затвор, на Мифтари од шест на десет, додека Ѓорѓиевски и Дуковски вработени во станицата за технички прегледи, наместо по пет, добија по седум години затвор. Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески, коментирајќи ги реакциите, нагласи дека Врховниот суд не ги оценувал обвиненијата, туку законитоста на судските одлуки. „Одлуките на повисоките судови се во врска со одлуките на пониските судови. Врховниот суд не ги ценел обвиненијата, туку одлуките на второстепениот и првостепениот суд“, рече Савески. Освен за случајот Ласкарци Врховен ги укина и пресдуите на Кривичен и на Апелација за поранешниот градоначалник на карпош Стевчо Јакимовски и предметот го врати на повторно судење пред Кривичниот суд. Јакимовски со оваа одлука практично треба да излезе од затвор откако ќе ја добие одлуката. Неговиот адвокат Виктор Цветковски, за Канал 5 вели дека е задоволен од насоката во која се движи постапката. „Сите рокови за излез на Јакимовски течат од моментот на приемот на пресудата. Додека ниту една од странките не ја добие пресудата во писмена форма, не може да се постапува само врз основа на објавата на веб-страницата на Врховниот суд. Во самата пресуда треба да бидат наведени образложението и причините врз основа на кои е донесена одлуката, како и насоките за понатамошното постапување на пониските судови“, вели Цветковски. Практично, со одлуките на Врховниот суд, осудените во предметот „Ласкарци“, како и Стевчо Јакимовски, ќе можат од слобода да ги следат понатамошните судски постапки. Предметите, сепак, не се завршени, а конечниот исход ќе зависи од новите одлуки на пониските судови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалАртета: Не сум многу задоволен затоа што сакавме да го победиме Баерн во МинхенАктуелниот европски вицешампион Арсенал одигра одличен меч на гости на Алианц арената во Минхен против германскит првак Баерн, и покрај многуте шанси на двете страни и извонредниот фуддбал мечот заврши без победник, 2:2. Гигантот од Лондон со ремието во Минхен ја прекинаа низата победи во групната фаза во Лигата на шампионите започната уште минатата сезона, но сепак предводникот на топчиите Артета треба да биде задоволен од епилогот на дербито. По мечот во Минхен, тренерот на Арсенал, Микел Артета израи мало незадоволство зошто неговиот тим не победил. Топчиите имаа поголем посед на топка, упатија повеќе удари кон голот на противникот, изведоа повеќе корнери, но на крајот се задоволија со еден освоен бод на теренот на германскиот првак. „Го прифаќам ремито, но тоа не значи дека сме многу среќни. Тоа е така затоа што се подготвувавме да дојдеме тука и да победиме. Сакавме од првата минута да го притиснеме Баерн. Бевме доминантни во првите 20-25 минути кога и дадовме гол за водство. Но, во раната фаза се случи повредата на Бујако Сака. Потоа, направивме некои грешки и Баерн Минхен е тим кој тоа знае да го казни. Ова беше дуел на два тима кои сакаат постојано да напаѓаат. Моите играчи покажаа дека сакаат да играат без калкулации, да победат. Тоа многу зборува за нашата екипа и за духот кој го имаме. Честитки за играта на моите фудбалери, успеаа да се вратат и кога бевме во негатива“, рече Артета по дуелот на „Алијанц Арена“. Стратегот на Арсенал, го искажа својот став и за повредата на Сака воопшто не делува наивно, но дека е потребно да има детални прегледи, за да се знае колку долго ќе паузира. „Ваквите натпревари имаат голем интензитет во текот на сите 90 минути. Видовте и на ПСЖ – Барселона што се случи, кога се повредија неколку фудбалери. Повредата на Букахо не изгледа добро, но ќе чекаме конкретни резултати“, додаде Артета. Инаку во вчерашните мечеви од 3 коло во Лигата на шампионите постигнати се следниве резултати. Астон Вила - Викинг 3:1 (2:0) Баркли 23, Буендија 37.п, Хегхајм 62. аг - Кристијансен 84 Баерн - Арсенал 2:2 (1:1) Дејвис 35, Кејн 61.п - Езе 25, Рајс 81 Бетис - Феенорд 1:0 (0:0) Околу 59 п.н.е Клуб Бриж - Ленс 3:0 (1:0) Ванакен 45+3, вели 50, Форбс 72 Интер - Шахтјор 1:0 (0:0) 77 август Реал Мадрид - Лајпциг 4:1 (1:0) Силва 44, Ѓулер 52, Мбапе 83, Диоманде 87 - Гомис 85 Спортинг - ЛАСК 2:3 (1:1) Суарез 5.п, 89 - Ланг 15, Калајџиќ 63, Данек 68 Комо - М. Јунајтед 4:1 Паз 2, 57, Дувикас 49, Рамон 76 - Циркзе 90+1 Лил - Галатасарај 2:4 Дијаун 7, 39 - Акгун 2, Батраков 44, Озер 52. аг, Осимен 61Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора Претседателот на владата, Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора.Претседателот на владата, Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора на кој ќе се разговара за економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзување на интеграцијата во Европската унија. На главната сесија, Мицкоски ќе ги образложи македонските можности и ставови поврзани со економијата, безбедноста како и европските интеграции и конкурентноста на регионот.Самитот е завршен настан на претседавањето на Црна Гора, а покрај лидерите од Западен Балкан, учествува и канцеларот на Сојузна Република Германија, Фридрих Мерц кој е силен поддржувач на напредокот и интеграцијата на регионот во Европската унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот-Вози одговорно. Секој живот е важен.По повод претстојниот празник 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба и продолжениот викенд, се очекува зголемена раздвиженост во сообраќајот, особено на патните правци надвор од населените места. Поради тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. РСБСП укажува: Почитувајте ги ограничувањата на брзината. Не управувајте со возило под дејство на алкохол и психотропни супстанци. Не користете мобилен телефон додека возите. Користете сигурносен појас на секое патување. Обезбедете ги децата во соодветно детско седиште. Одржувајте безбедно растојание и избегнувајте ризични маневри. Проверете ја техничката исправност на возилото пред патување. Доколку сте уморни, направете пауза и одморете се. Нека празничните денови бидат исполнети со убави моменти, безбедни патувања и среќно враќање дома. Вози одговорно. Секој живот е важен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter