Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување пожари, насилство и имотни деликти - Канал 5

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување пожари, насилство и имотни деликти

Граѓаните беа информирани за правата и мерките за заштита при постоење на родово базирано насилство.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување пожари, насилство и имотни деликти

Денеска (11.09.2026) во Тетово, Велес, Неготино и Чашка, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, СВР Велес и ПО Чашка, реализираа превентивни активности за заштита од имотни деликти, во рамки на кои, преку непосредна комуникација, ги советуваа граѓаните како да се заштитат од различни форми на кражби и измами, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети. Во рамки на активностите беше поделен и печатен едукативен материјал.

Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје и СВР Велес пак, на подрачје на ПС Карпош, како и општините Чашка и Градско, спроведоа превентивни активности за заштита од пожари, укажувајќи им на граѓаните за потребата од соработка со институциите и навремено пријавување на било какви појави на несовесно однесување, фрлање и палење на ѓубре и палење оган, особено на отворен простор и во близина на шумски појаси, со цел навремена и брза реакција на сите институции.

Полициски службеници од СВР Велес, ОВР Кавадарци ПС Делчево и РЦГР Исток, во Велес, Кавадарци и Делчево спроведоа сообраќајни превентивни активности со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, посочувајќи им ја важноста од редовното одржување на техничката исправност на возилата, опасностите доколку користат мобилен телефон додека возат, како и потребата од почитување на сите сообраќајни правила.

Вчера (10.09.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола реализираа едукативни предавања за учениците од СОУ „Таки Даскало“ во Битола на тема „Превенција од зависности“ и „Спречување на врсничко насилство", со цел учениците да се информираат за последиците од различните форми на зависности како наркотици, алкохол, цигари, како и за начините како да се спречи врсничкото насилство. Полициски службеници од ПО Ропотово, во основното училиште „Исмаил Ќамили" во с.Црнилиште реализираа превентивна активност на тема „Безбедно во сообраќајот“. Денеска, пак, во Штип, Отсекот за превенција при СВР Штип реализираше едукативни активности под мотото „Не биди нем сведок“ и „Има помош за живот без насилство“. На средбите со граѓаните им беа давани совети за заштита од насилство, како и насоки за тоа што можат да сторат доколку се најдат во таква ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство.

Исто така, граѓаните беа информирани за правата и мерките за заштита при постоење на родово базирано насилство. Особено беше потенцирана неопходноста од соработка и навремена комуникација со полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Во здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог буџет за 2027 година на собраниска комисија

Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е предлогот на буџетот на Македонија за 2027 година, во второ читање.

Предлог буџет за 2027 година на собраниска комисија

Поднесени се над 100 амандмани.

Согласно проекциите, вкупните приходи на буџетот се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, расходите на ниво од 440,4 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит е проектиран во износ од 45 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП. Отстапувањето од фискалното правило е резултат на очекуваниот фискален ефект од потребата за исполнување на обврските од членството во нато алијансата за капитални вложувања во одбраната, со утврден износ од 2% од БДП-то.

Проекциите на даночните приходи се планирани на ниво од 223 милијарди денари, со што тие учествуваат со 17,4% во БДП-то. Воедно износот на проектираните приходи е намален за 1,5 милјарди денари поради обврската за враќање на солидарниот данок кој се прибираше во 2023 година, а врз основа на законско решение за кое уставниот суд заклучи дека тоа било неуставно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. 

Променливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степени

Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени.

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

7 Попова Шапка, 9 Крушево, Лазарополе, 10 Гевгелија, 11 Скопје – Петровец, Струмица, 12 Скопје – Зајчев Рид, Охрид, Претор, Кавадарци, Тетово, Битола, 14 Прилеп, Куманово, Берово, 15 Велес, 16 Штип, Крива Паланка, Виница, Демир Капија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)

9 Лазарополе, 5 Пожаране, 3 Битола, 2 Претор, 1 Попова Шапка, Крушево, Куманово.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер