Царска пита што секогаш успева – Мека, сочна и се спрема без мака - Канал 5

Царска пита што секогаш успева – Мека, сочна и се спрема без мака

Царската пита е едно од домашните јадења кои речиси сите ја сакаат, особено кога ви е потребен брз појадок, вечера или нешто за послужување на гости.

 Царска пита што секогаш успева – Мека, сочна и се спрема без мака

Царската пита е едно од домашните јадења кои речиси сите ја сакаат, особено кога ви е потребен брз појадок, вечера или нешто за послужување на гости. Не бара сукање, ниту чекање тестото да нарасне, состојките едноставно се соединуваат, смесата се истура во плех и се пече.

Најубава е додека сè уште е топла, но вкусна е и кога сосема ќе се излади. Токму затоа може да се приготви однапред и да се послужи кога ви одговара.

Состојки:

4 јајца

200 мл јогурт

100 мл масло

200 г. брашно

1 кесичка прашок за печиво

150 г. шунка

150 г. полутврдо сирење

3 помали кисели краставички

1 помала црвена пиперка

прстофат сол

малку бибер по желба

Подготовка:

Скршете ги јајцата и изматете ги во поголем сад додека не станат благо пенести. Додајте го јогуртот и маслото, па сето тоа добро соединете го. Брашното измешајте го со прашокот за печиво и постепено додавајте го во смесата, непрекинато мешајќи, сè додека не добиете глатка смеса без грутчиња.

Шунката, сирењето и киселите краставички и пиперката исечкајте ги на ситни коцки. Додајте ги во приготвеното тесто и измешајте со дрвена лажица или шпатула, за рамномерно да се распределат. Со солта внимавајте, бидејќи шунката, сирењето и краставичките се веќе солени. По желба додајте малку бибер.

Приготвената смеса истурете ја во плех обложен со хартија за печење или претходно намачкан со малку масло. Измазнете ја површината и ставете ја да се пече во рерна на 180°С.

Печете околу 30-35 минути, односно додека питата не нарасне и добие убава златно - румена кора. Пред крајот на печењето проверете со чепкалка. Ако излезе сува, питата е готова.

Кога ќе ја извадите од рерна, не сечете ја веднаш, оставете ја да постои 10-тина минути за да се стегне и парчињата да го задржат својот убав облик.

Оваа пита може да ја послужите со јогурт, кисело млеко или кефир. Погодна е да ја понесете на работа или излет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Артета: Не сум многу задоволен затоа што сакавме да го победиме Баерн во Минхен

Актуелниот европски вицешампион Арсенал одигра одличен меч на гости на Алианц арената во Минхен против германскит првак Баерн, и покрај многуте шанси на двете страни и извонредниот фуддбал мечот заврши без победник, 2:2. 

Артета: Не сум многу задоволен затоа што сакавме да го победиме Баерн во Минхен

Гигантот од Лондон со ремието во Минхен ја прекинаа низата победи во групната фаза во Лигата на шампионите започната уште минатата сезона, но сепак предводникот на топчиите Артета треба да биде задоволен од епилогот на дербито.

По мечот во Минхен, тренерот на Арсенал, Микел Артета израи мало незадоволство зошто неговиот тим не победил. Топчиите имаа поголем посед на топка, упатија повеќе удари кон голот на противникот, изведоа повеќе корнери, но на крајот се задоволија со еден освоен бод на теренот на германскиот првак.

„Го прифаќам ремито, но тоа не значи дека сме многу среќни. Тоа е така затоа што се подготвувавме да дојдеме тука и да победиме. Сакавме од првата минута да го притиснеме Баерн. Бевме доминантни во првите 20-25 минути кога и дадовме гол за водство. Но, во раната фаза се случи повредата на Бујако Сака. Потоа, направивме некои грешки и Баерн Минхен е тим кој тоа знае да го казни. Ова беше дуел на два тима кои сакаат постојано да напаѓаат. Моите играчи покажаа дека сакаат да играат без калкулации, да победат. Тоа многу зборува за нашата екипа и за духот кој го имаме. Честитки за играта на моите фудбалери, успеаа да се вратат и кога бевме во негатива“, рече Артета по дуелот на „Алијанц Арена“.

YouTube video

Стратегот на Арсенал, го искажа својот став и за повредата на Сака воопшто не делува наивно, но дека е потребно да има детални прегледи, за да се знае колку долго ќе паузира.

„Ваквите натпревари имаат голем интензитет во текот на сите 90 минути. Видовте и на ПСЖ – Барселона што се случи, кога се повредија неколку фудбалери. Повредата на Букахо не изгледа добро, но ќе чекаме конкретни резултати“, додаде Артета.

Инаку во вчерашните мечеви од 3 коло во Лигата на шампионите постигнати се следниве резултати.

Астон Вила - Викинг 3:1 (2:0) Баркли 23, Буендија 37.п, Хегхајм 62. аг - Кристијансен 84

Баерн - Арсенал 2:2 (1:1) Дејвис 35, Кејн 61.п - Езе 25, Рајс 81

Бетис - Феенорд 1:0 (0:0) Околу 59 п.н.е

Клуб Бриж - Ленс 3:0 (1:0) Ванакен 45+3, вели 50, Форбс 72

Интер - Шахтјор 1:0 (0:0) 77 август

Реал Мадрид - Лајпциг 4:1 (1:0) Силва 44, Ѓулер 52, Мбапе 83, Диоманде 87 - Гомис 85

Спортинг - ЛАСК 2:3 (1:1) Суарез 5.п, 89 - Ланг 15, Калајџиќ 63, Данек 68

Комо - М. Јунајтед 4:1 Паз 2, 57, Дувикас 49, Рамон 76 - Циркзе 90+1

Лил - Галатасарај 2:4 Дијаун 7, 39 - Акгун 2, Батраков 44, Озер 52. аг, Осимен 61

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора

Претседателот на владата, Христијан Мицкоски денеска  ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора.

Мицкоски  учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора

Претседателот на владата, Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора на кој ќе се разговара за економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзување на интеграцијата во Европската унија.

На главната сесија, Мицкоски ќе ги образложи македонските можности и ставови поврзани со економијата, безбедноста како и европските интеграции и конкурентноста на регионот.Самитот е завршен настан на претседавањето на Црна Гора, а покрај лидерите од Западен Балкан, учествува и канцеларот на Сојузна Република Германија, Фридрих Мерц кој е силен поддржувач на напредокот и интеграцијата на регионот во Европската унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот-Вози одговорно. Секој живот е важен.

По повод претстојниот празник 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба и продолжениот викенд, се очекува зголемена раздвиженост во сообраќајот, особено на патните правци надвор од населените места. 

РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот-Вози одговорно. Секој живот е важен.

Поради тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

РСБСП укажува:

Почитувајте ги ограничувањата на брзината.

Не управувајте со возило под дејство на алкохол и психотропни супстанци.

Не користете мобилен телефон додека возите.

Користете сигурносен појас на секое патување.

Обезбедете ги децата во соодветно детско седиште.

Одржувајте безбедно растојание и избегнувајте ризични маневри.

Проверете ја техничката исправност на возилото пред патување.

Доколку сте уморни, направете пауза и одморете се.

Нека празничните денови бидат исполнети со убави моменти, безбедни патувања и среќно враќање дома.

Вози одговорно. Секој живот е важен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер