Јаневска во Брисел: Ја стимулиравме националната научно – истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување
Герасимовски: 24 лични асистенти во училиштата во Центар, платата покачена од 15.000 на 18.000 денари
1Јаневска во Брисел: Ја стимулиравме националната научно – истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување
2Герасимовски: 24 лични асистенти во училиштата во Центар, платата покачена од 15.000 на 18.000 денари
МакедонијаБожиновска со Главниот државен ревизор Ацевски: Ревизорските наоди мора да се претворат во конкретни мерки и одговорностМинистерството за енергетика, рударство и минерални суровини бара доследно спроведување на препораките од ревизорските извештаи во енергетскиот секторМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со Главниот државен ревизор, Максим Ацевски, на која во фокус беа резултатите од спроведените ревизии во институциите и субјектите поврзани со секторот енергетика, утврдените состојби и мерките за нивно надминување. По барање на министерката Божиновска, Државниот завод за ревизија во изминатиот период спроведе ревизорски постапки во институции од енергетскиот сектор. На средбата беа разгледани информациите содржани во ревизорските извештаи, констатираните пропусти и слабости, како и препораките дадени од Државниот завод за ревизија за нивно надминување. „Ревизорскиот извештај не смее да биде последниот чекор. Напротив, тој мора да биде почеток на конкретни промени. Секоја забелешка, секоја препорака и секоја констатирана слабост мора да добијат институционален одговор и јасен рок за постапување. Нашата обврска е да воспоставиме систем во кој ќе се следи што е направено, што не е направено и зошто“, истакна министерката Божиновска. На средбата беше разговарано за воспоставување поефикасен механизам за следење на реализацијата на ревизорските препораки, со јасно дефинирани активности и одговорности на институциите. Министерството ќе побара од надлежните институции и органи во секторот енергетика да подготват акциски планови за спроведување на препораките од ревизорските извештаи, со конкретни мерки, рокови и одговорни лица, со цел утврдените состојби да бидат системски надминати. „Неопходно е препораките на Државниот завод за ревизија да не останат само констатации на хартија. Ќе бараме конкретни активности, рокови и отчетност од институциите. Само така можеме да зборуваме за одговорно управување со јавните средства, поголема ефикасност и институции кои работат во интерес на граѓаните“, нагласи Божиновска. Главниот државен ревизор Максим Ацевски ги презентираше клучните наоди и препораки од ревизиите, при што беше истакната важноста од навремено постапување на субјектите на ревизија и надлежните органи, како и од воспоставување механизми за следење на степенот на реализација на дадените препораки. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Државниот завод за ревизија ја потврдија потребата од продолжување на институционалната координација, со цел ревизорските наоди да имаат реален ефект врз подобрувањето на работењето на институциите во енергетскиот сектор. Целта е јасна – повеќе ред, поголема отчетност и конкретни резултати во управувањето со институциите и ресурсите во енергетскиот сектор. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈаневска во Брисел: Ја стимулиравме националната научно – истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување Направивме многу за да ја раздвижиме научно – истражувачката дејност на национално ниво. Главно постигнување е тоа што од индивидуални иновациски иницијативи, направивме добро организиран национален иновациски екосистем. За краток период двојно го зголемивме буџетот за наука, воспоставивме нова стратешка рамка и подготвивме нови законски решенија, а ја модернизиравме и националната истражувачка инфраструктура. Сега сме ориентирани кон поврзување со регионалните и глобалните истражувачки мрежи. Ова го нагласи министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешниот министерски состанок на Управувачката платформа за истражување и иновации за Западен Балкан што се одржува во Брисел, во организација на Европската комисија. „Формиравме Национален совет за иновации, претприемништво и технолошки развој, кој е одговорен за координација на националните активности и иницијативи, а основавме и посебна Агенција за иновации, научно - технолошки развој и претприемништво, која ќе го олесни пристапот до средства и услуги за компаниите, истражувачите и иноваторите“, рече Јаневска. Информираше дека Македонија има 7 центри за трансфер на технологии, 5 технолошки инкубатори и еден приватен научно-технолошки парк, а во процес на основање се виртуелен научно – технолошки парк и првиот технолошки парк под целосна надлежност на државата. Јаневска додаде и дека проектот ВЕЗИЛКА пак е првата национална контактна точка во европската мрежа на фабрики за вештачка интелигенција. „Тековен главен фокус е намалување на одливот на мозоци и создавање услови за задржување на младите истражувачи во земјата каде се очекува да го реализираат својот личен потенцијал“, рече министерката, потенцирајќи дека земјите од Западен Балкан се соочуваат со слични предизвици во областа на науката и истражувањето и идентични можности за подеднакво да придонесат кон регионално справување со истите. „Имаме национални стратегии за паметна специјализација и заедно со Планот за раст и реформска агенда сметам дека се најважните документи чие исполнување дополнително во голема мера ќе ја стимулира науката и истражувачката дејност на регионот, но и ќе ја зголеми продуктивноста и економскиот раст на сите земји од Западен Балкан“, додаде Јаневска. Заедно со повеќе министри за образование и наука од регионот, Јаневска учествуваше во дебата за креирање политики насочени кон поддршка на иновации и дебата за добри практики во истражувањето, а подоцна во текот на денот ќе оствари и билатерална средба со европската комесарка за стартапи, истражување и иновации, Екатерина Захариева.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
МакедонијаГерасимовски: 24 лични асистенти во училиштата во Центар, платата покачена од 15.000 на 18.000 денариОпштина Центар ангажира 24 лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамки на проектот „Образование за сите“. Од оваа година, месечниот надоместок за нивниот ангажман се зголемува од 15.000 на 18.000 денари.Личните асистенти работат 20 часа неделно и им помагаат на учениците полесно да се приспособат на училишната средина и да учествуваат во образовниот процес. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, посочи дека инклузивното образование не смее да остане само на декларативни заложби, туку мора да се поткрепи со конкретна поддршка за децата на кои им е потребна. Тој нагласи дека, додека Министерството за образование се соочува со проблемот со недостигот од образовни асистенти, Центар продолжува самостојно, од сопствен буџет да вложува средства и обезбедува поддршка за учениците. „Не е доволно власта да зборува за инклузивно образование ако на терен сè уште има недостиг од стручни лица во оваа област Поддршката мора да биде реална, достапна и континуирана. Ние сме единствена општина што самостојно, од сопствениот буџет, го спроведува проектот „Образование за сите“. Не чекаме проблемите да се решат сами, туку преземаме конкретни чекори за учениците да ја добијат потребната поддршка. Годинава го зголемуваме и надоместокот за личните асистенти затоа што го цениме нивниот ангажман и значењето што го имаат за децата, родителите и наставниците“, порача Герасимовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРуските бродови пристигнаа: Велика Британија во шок Руски рибарски бродови поминале повеќе од 500 пати преку или долж трасите на подводните комуникациски кабли што ја поврзуваат Велика Британија со Европа и САД, што би можело да укажува на обиди за мапирање на нивната точна локација, пишува „Телеграф.Британскиот весник наведе дека, врз основа на анализа на податоци собрани во текот на четири и пол години, биле идентификувани 17 бродови кои подолго време пловеле со мала брзина во близина на планираните траси за поставување кабли. Според весникот, некои од бродовите повторувале маневри над важни телекомуникациски врски во Северниот Атлантик. Извор од НАТО за „Телеграф“ потврди дека Алијансата е свесна за движењата на руските цивилни рибарски бродови, додека поморски експерти истакнаа дека пловилата што се движат со мала брзина можат да користат сонар за мапирање на морското дно, како и подводни возила за испитување на инфраструктурата. Британските власти предупредуваат на ризикот од напади врз подводните кабли, од кои зависат комуникациите и значителен дел од економската активност на земјата. Командантот на Кралската морнарица, Гвин Џенкинс, предупреди дека Русија би можела да ги нападне британските подводни комуникациски кабли уште првиот ден од евентуален судир со НАТО. Британската влада најави предлози за заострување на законот што се однесува на намерно оштетување на подводната инфраструктура, вклучително и зголемување на максималната затворска казна од пет на 14 години, при што се разгледува и можноста за воведување доживотен затвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook