ЖивотНа денешен ден10 август1526.- Турската војска под команда на султанот Сулејман Први по победата над Унгарците во Мохачката битка, успеала да го заземе Будим, кој станал седиште на Будимскиот пашалак, провинција на Османлиското царство во наредните 150 години. 1721.- Шведска и Русија со мирот во Нистад, Финска, ја завршиле Големата северна војна, започната во 1700 година, во која рускиот цар Петар Велики ги победил Швеѓаните со што добил излез на Балтичкото Море. 1839.- Роден е американскиот филозоф и логичар Чарлс Сандерс Пирс, основач на прагматизмот. Верувал дека идеите најмногу можат да се испитаат со истражување на последиците кои ги предизвикуваат. Немал универзитетска кариера, главно работел во владини служби, а неговите влијателни собрани дела се објавени постхумно. 1855.- Роден е германскиот археолог Роберт Колдевеј, кој од 1889 до 1917 година го истражувал Вавилон и докажал дека библиската метропола на реката Еуфрат, јужно од Багдат, навистина постоела. 1917.- Во Скопје е роден Драган Ташковски, истакнат македонски историчар, публицист и општествено-политички работник. Умрел на Хвар, на 16 септември 1980 година. 1919.- Во Сен Жермен, кај Париз, склучен бил мировен договор меѓу Австрија и победничките сили во Првата светска војна. Мировниот договор формално ја потврдил пропаста на австроунгарската монархија и на Австрија и било забрането да се здружи со исто така поразената Германија. Со договорот било признаено Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. 1925.- Во Париз излегол првиот број на весникот „Македонско дело“, орган на ВМРО (Обединета). Излегувал и во Берлин и Виена. Главен уредник бил Владимир Поп Томов, а во редакцијата биле Димитар Влахов, Јордан Атанасов, Дино Косев, Т. Рилски и други. Ги спроведувал идеите што биле во основата на Мајскиот манифест - борба против режимите на Бугарија, Југославија и Грција, а за независна Македонија во федерација на слободните балкански народи. 1942.- Британското воено воздухопловство во Втората светска војна со 476 авиони го нападнало Диселдорф при што исфрлило околу 100.000 бомби. 1943.- По капитулацијата на Италија во Втората светска војна, германската армија го окупирала Рим. 1944.- Во Софија, на заседанието на Организациониот комитет на Светскиот рударски конгрес, Националниот организационен комитет на Република Македонија бил примен за полноправен член. 1945.- Во Норвешка, под обвинение за предавство, осуден на смрт бил водачот на норвешките фашисти Видкун Квислинг. Во Втората светска војна бил премиер на марионетската влада од 1942 до 1945 година. Со негова помош во 1940 година Германија ја окупирала Норвешка. 1967.- Граѓаните на Гибралтар на референдум ја отфрлиле можноста за припојување кон Шпанија, определувајќи се да останат под управа на Велика Британија. 1976.- Во судирот на патничките авиони „Трајдент“ на британската компанија „Бритиш ервејз“ и „ДЦ-9“ на југословенската компанија ЈАТ, северно од Загреб, загинале сите 176 лица во двата авиона. 1981.- Сликата „Герника на шпанскиот сликар Пабло Пикасо била вратена во Шпанија. Насликана била во 1937 година, по нацистичкото бомбардирање на гратчето Греника во Шпанската граѓанска војна и од 1939 година била во Њујорк. Пикасо оставил аманет „Герника“ да не биде вратена се додека неговата земја не стане демократска држава. 1989.- Унгарија ги отворила границите кон Запад и дозволила заминување на илјадници граѓани на Источна Германија. Масовниот егзодус го предизвикал падот на Берлинскиот ѕид, а подоцна и обединувањето на Германија. 1993.- Израелскиот премиер Јицак Рабин во Ерусалим го потпишал официјалното израелско признавање на Палестинската ослободителна организација (ПЛО). Церемонијата била извршена откако премиерот Рабин го добил писмото од лидерот на ПЛО Јасер Арафат со кое се признава Израел, како и копијата од другото писмо на Арафат во кое тој повикува на крај на Интифадата. 1994.- Во селото Арачиново, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата црква „Св. Маченик Талалеј“. 2000.- Во Република Македонија се одржале вторите локални избори (по осамостојувањето) за градоначалник и за членови на општинските совети на 123 општини, односно 124 со градоначалникот и Советот на град Скопје. 2001.- Воено товарно возило на АРМ на патот кај месноста Љуботенски бачила нагазило на две противтенковски мини. Животот го загубиле Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје. 2002.- Швајцарија станала 190 членка на Обединетите нации. 2003.- Шефот на шведската дипломатија Ана Линд, со нож била прободена во стоковна куќа во Стокхолм од страна на Швеѓанин од српско потекло. Следниот ден починала. 2007.- Во својот дом во Палм Спрингс, Калифорнија, во САД, умрел Џејн Вајман, „последната ветеранка на Холивуд“, една од најекспонираните и најкомерцијални актерки во четириесеттите и педесеттите години на 20. век, добитник на „Оскар“. Родена била во 1914 година. 2022.- На 78-годишна возраст почина Кирил Дојчиновски, еден од најголемите фудбалери во историјата на македонскиот фудбал. Македонскиот, но и светскиот фудбал останаа без легендарното име кој во својата играчка и тренерска кариера ќе остане запаметен како еден од најдобрите на овие простори. Дојчиновски засекогаш ќе остане запаметен во историјата на македонскиот спорт како првиот Македонец кој бил дел од светските фудбалски првенства. Тој беше дел од Мундијалот во 1974 година во Западна Германија, тогаш како фудбалер на белградска Црвена ѕвезда. Своите фудбалски почетоци ги бележи во Вардар, каде како тренер и ја заврши својата кариера. Играше за Црвена ѕвезда и француските Троја и Париз. Како тренер работеше во Ел Салвадор, каде што беше и селектор, а ги предводеше и Вардар, Пелистер, Македонија ЃП, Брегалница (Ш), Брегалница (Д) и неколку тима од Ел Салвадор. 2022.- Почина Љубиша Никодиновски – Биш, театарски актер и продуцент и еден од основачите и долгогодишен селектор на фестивалот Млад отворен театар (МОТ). Никодиновски – Биш како тетарски актер работел во театарот “Кај Свети Никита Голтарот” и во „Тетарската работилница ФФ (Зелена гуска)” како еден од нејзините основачи и како продуцент. Се занимавал и со театарска критика и есеистика. Автор е на голем број статии и студии од областа на театарот, а во 2009 година, во издание на „Магор“ излезе од печат и неговата книга „Алтернативниот театар во Македонија“. Љубиша Никодиновски – Биш извршувал и повеќе раководни функции во областа на театарот. Работел во „Македонскиот народен театар” како продуцент и раководител на театарот „Центар”; во МКЦ бил помошник на директорот за драмската програма. Во 1976 година бил еден од основачите на фестивалот „Млад отворен театар”, а во 2010 година бил прогласен за негов почесен претседател. Тој бил еден од основачите и генерален секретар и на Македонскиот центар на ИТИ-Унеско итн. 2023. – Почина акерката Катина Иванова (1951 – 2023), која повеќе од четири децении беше дел од Македонскиот народен театар. Беше мајстор на сценска интерпретација, со истакнат сценски говор, и посебно специфичен и топол сензибилитет. Катина Иванова беше насмеана и префинета личност, постојан следач на претставите, поддржувач на актерите. На сцената на МНТ дебитира уште како студентка во претставите „Соблазна во Шентфлоријанската долина“ и „Славата и смртта на Хоакин Муриета“ (двете во 1976). По дипломирањето, односно од 1979 г., член е на ансамблот на МНТ, каде остварува бројни доминантни улоги во над 45 претстави. Со подеднаква професионална љубопитност и страст настапува и на сцената на други театри низ Македонија, како и во проекти на независни театарски трупи. Снимила десетина филмови и ТВ серии докажувајќи се како актерка со исклучителен креативен потенцијал. За своите актерски остварувања, добитник е на Награда за најдобро театарско остварување на Фестивалот „Tеатарски празници“ (Благоевград, Бугарија) за улогата на Мег во претставата „Роденден“ и Наградата на ревијата „Екран“ за улогата на Ревзија во филмот „Џипси меџик“ (1997). /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСмртоносна амеба е откриена во шест езера- маж почина, властите со итно предупредување Здравствените власти во мексиканската држава Јукатан објавија дека амебата Naegleria е пронајдена во шест од деветте вештачки езера во градот Мерида, поради што е забранет секој контакт со водата на тие локации.Резултатите од тестот беа објавени по проширената контрола на квалитетот на водата, започната по смртта на 34-годишен маж, за кого беше потврдено дека е заразен со амебата Naegleria fowleri. Заштитни бариери и предупредувачки знаци Амебата е пронајдена во езерото во близина на трговскиот центар Плаза Ла Исла, во источните и главните езера на комплексот Кабо Норте, како и во езерата Сентенарио, езерото Гран Парке Ла Планча и еколошкиот парк Пониенте, објавува списанието Јукатан. Здравствените власти наредија поставување заштитни бариери и предупредувачки знаци, додека контактот со водата ќе биде забранет сè додека езерата не ги исполнат пропишаните санитарни услови и лабораториските анализи не потврдат дека се безбедни. Парковите и зоолошките градини остануваат отворени за посетители, но пристапот до водата е забранет на шест локации каде што е откриена амебата. Според здравствените власти, инфекцијата на човекот кој почина во септември е потврдена од националната референтна лабораторија InDRE. Според извештаите на локалните медиуми, човекот работел како инструктор за вејкбординг на езерото во близина на трговскиот центар Плаза Ла Исла. Голтањето вода не предизвикува инфекција Поради случајот, здравствениот надзор вклучувал 361 лице кои престојувале на локацијата. Амебите од родот Naegleria главно живеат во топла слатка вода. Видот Naegleria fowleri може да предизвика ретка, но исклучително опасна инфекција на мозокот, позната како примарен амебен менингоенцефалитис. Инфекцијата се јавува кога контаминираната вода ќе стигне до мозокот преку носот. Голтањето на водата не предизвикува инфекција, а болеста не се пренесува од човек на човек. Според американските Центри за контрола и превенција на болести (CDC), повеќе од 97 проценти од луѓето заразени со Naegleria fowleri не преживуваат, иако болеста е исклучително ретка. Помалку од десет случаи се пријавуваат годишно во Соединетите Американски Држави.Тагови: амеба езерата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаМаск: На секое дете во САД ќе му подарам по една акција во Спејс ИксЅpaceX на Илон Маск и технолошката компанија за вештачка интелигенција Anthropic најавија големи донации во форма на нивните акции.ЅpaceX на Илон Маск и технолошката компанија за вештачка интелигенција Anthropic најавија големи донации во форма на нивните акции бидејќи технолошките гиганти се соочуваат со зголемен притисок за можните последици од вештачката интелигенција за човештвото. Маск најави дека следната година ќе подари по еден од своите акции во вселенската компанија Спејс Икс, која е сопственик на компанијата за вештачка интелигенција xAI, на секое дете во САД. Најавата на милијардерот дојде откако Антропик објави дека ќе издвои пет отсто од своите акции за фонд кој ќе финансира донации за „општото добро“. Антропик се подготвува за потенцијално ИПО соборување на рекорди, што би можело да ја вреднува компанијата на повеќе од 1 трилион долари. Во јуни SpaceX постави рекорд за најголема иницијална јавна понуда (IPO) во историјата, собирајќи 85,7 милијарди долари. Маск сака акциите директно да им бидат распределени на граѓаните Овие најави доаѓаат во време кога индустријата за вештачка интелигенција е под зголемена контрола поради безбедносни грижи и стравувања од последиците што нејзиниот развој може да ги има врз општеството и работните места. Деталите за тоа како секое дете во САД би добило дел од SpaceX сè уште не се објавени. Маск на социјалните мрежи напиша: „Следната година ќе му дадам една од моите акции на SpaceX на секое дете во Америка. Тоа ќе биде првото од многуте“. Next year, I will give one of my SpaceX shares to every kid in America. This will be the first of many. — Elon Musk (@elonmusk) October 19, 2026 Тој го објави ова откако одговори на најавата на Антропик за основање на фондот со порака: „Препорачувам акциите да се поделат директно на граѓаните. Јас сам ќе го направам тоа“. Приходите на Антропик рапидно растат Антропик објави дека акциите во својот Фонд за општото добро нема да се користат за лобирање или за политички донации во САД или во странство. Компанијата која стои зад вештачката интелигенција Клод најави и дека одборот на директори, според сопствената проценка, би можел да додели дополнителни два отсто од акциите на фондот, пишува Би-Би-Си. Антропик им кажа на потенцијалните инвеститори минатата недела дека нејзиниот приход се зголемил за 45 отсто на 16,8 милијарди долари во трите месеци до крајот на септември. Како и другите компании во секторот за вештачка интелигенција, Anthropic се обидува да се претстави како компанија која може да оствари огромни профити, и покрај тоа што инвестира милијарди долари во развојот на технологијата и изградбата на инфраструктурата потребна за водење на нејзините модели. Компаниите ширум светот, пред се во технолошкиот сектор, укинаа илјадници работни места откако инвестираа во вештачка интелигенција. Многумина од нив како причина ја наведуваат поголемата ефикасност што ја носи примената на таа технологија. Истражувањето на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од 2024 година покажа дека вештачката интелигенција ќе влијае на речиси 40 отсто од работните места во светот, а во развиените економии овој удел би можел да достигне и до 60 отсто. Драматично предупредување од истражувач кој го напуштил Антропик Во септември, истражувач кој го напушти Антропик рече дека луѓето кои работат на развојот на вештачката интелигенција се „искрено исплашени“ од брзината на нејзиниот напредок и можните последици за човештвото. „Ако не го забавиме сегашното темпо на напредок, верувам дека постои голема веројатност сите да умреме во блиска иднина“, изјави тој. Џејкоб Коксон зборуваше за Би-Би-Си откако неговото писмо за оставка за опасностите од вештачката интелигенција стана вирално. Ова се случи во време на зголемена загриженост за безбедноста на индустријата. Неговиот поранешен шеф, шефот на Антропик, Дарио Амодеи, претходно повика на забавување на развојот на вештачката интелигенција, иако некои ги доведуваат во прашање мотивите зад таквите повици. Шефовите на две конкурентски компании за вештачка интелигенција, Сем Алтман и Маск од OpenAI, исто така рекоа дека се согласуваат со предлогот на Амодеи да го забави развојот на технолошката индустрија ширум, да го регулира и независно да го надгледува развојот на моделите за вештачка интелигенција. Трамп формираше работна група за вештачка интелигенција Претходно овој месец, американскиот претседател Доналд Трамп и шефовите на големите компании за вештачка интелигенција потпишаа документ опишан како „морално обврзувачки“. Со него тие презедоа обврска да бидат одговорни за безбедноста на сопствените технологии. Трамп постојано ја отфрла идејата за донесување закони за регулирање на развојот на оваа технологија, и покрај дискусиите за можните ризици од вештачката интелигенција и нејзините последици за човештвото. Претседателот потоа го назначи директорот на националното разузнавање Џеј Клејтон да раководи со новата работна група за вештачка интелигенција. Како што рече, таа ќе ја координира соработката на Владата со потрошувачите, компаниите и „верските организации“.Тагови: Илон Маск Спејс Икс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
СветДесетици загинати во жестоките напади на Хутите во ЈеменДесетици војници на страната на меѓународно признатата јеменска влада беа убиени или повредени во ракетен напад од страна на милитантите Хути, изјавија воени извори за новинската агенција ДПА.Повеќе од 30 војници беа убиени или ранети во нападот, соопштија изворите, но точниот број на жртви не беше познат. Локалните власти објавија дека 53 лица се убиени, но тој број не можеше независно да се потврди. Хутите наводно испалиле три ракети врз камп за обука на полицијата и безбедносните сили во јужната, богата со енергија покраина Шабва. Саудиските сили беа цел Бунтовниците поддржани од Иран ја презедоа одговорноста за нападот, велејќи дека целта им биле саудиските сили во областа. „Овие напади нема да ја спречат државата да ги заштити своите граѓани и да ги обнови државните институции“, рече Рашад ал-Алими, шефот на претседателскиот совет на Јемен, според новинската агенција Саба. На социјалните мрежи се појавија снимки кои наводно ги покажуваат последиците од нападот, во кои има и бројни тела. Граѓанската војна во Јемен повторно се разгоре поради зголемените тензии меѓу САД и Иран. Во нова офанзива, Хутите зазедоа големи делови од западниот брег на Црвеното Море на Јемен и навлегоа во други провинции. Меѓународно признатата влада, поддржана од сојузничките милиции и Саудиска Арабија, се обидува да ги потисне бунтовниците. Хутите, исто така, го нападнаа клучниот јужен пристанишен град Аден и цели во Саудиска Арабија, вклучувајќи го и аеродромот во Ријад, убивајќи и ранувајќи десетици.Тагови: Јемен Хутите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook