Пристигнува новата Серија 3! „BMW“ го објавува датумот на премиерата - Канал 5

Пристигнува новата Серија 3! „BMW“ го објавува датумот на премиерата

Новата „BMW“ Серија 3 пристигнува на 30 септември. Откриени се првите детали.

Пристигнува новата Серија 3! „BMW“ го објавува датумот на премиерата

На 30 септември во Европа (или вечерта на 29 септември по американско време), „BMW“ ќе ја претстави сосема новата Серија 3, опремена со традиционални мотори со внатрешно согорување.

По електричниот модел „i3“, ова ќе биде вториот модел што ќе го прифати новиот дизајнерски правец „Neue Klasse“.

Новата Серија 3 ќе изгледа значително поинаку од актуелната генерација.

„BMW“ се откажува од преголемите предни решетки во форма на бубрези во корист на потенки и пошироки отвори кои визуелно се прелеваат во предните светла.

Предните светла ќе имаат по две дијагонални ленти за дневно осветлување, слично како кај новиот „i3“.

Задниот дел исто така ќе црпи инспирација од електричниот модел, со слични „LED“ задни светла, капак на багажникот и дифузер.

Сепак, Серијата 3 со мотор со внатрешно согорување ќе има подолг преден дел од електричната верзија, поголем заден дел и поконвенционално ветробранско стакло.

Сосема нова кабина

Ентериерот претставува голема промена. Новата Серија 3 ќе го вклучува системот „BMW Panoramic iDrive“ и централен дисплеј поставен под агол, следејќи го примерот на моделите „iX3“, „i3“ и новата генерација на „X5“.

За разлика од електричниот „i3“, новата Серија 3 нема да ја користи механичката платформа „Neue Klasse“. Наместо тоа, „BMW“ ќе користи надградена верзија на постоечката архитектура „CLAR“.

„M350 xDrive“ со 443 КС

„BMW“ исто така го најави моделот „M350 xDrive“, кој ќе го замени актуелниот „M340i xDrive“. Тој ќе биде придвижуван од 3,0-литарски турбо-мотор со шест цилиндри во линија, опремен со 48-волтен „благ“ хибриден систем.

Ќе испорачува 443 КС и 580 Nm вртежен момент, во комбинација со осумстепен автоматски менувач и погон на сите тркала. Системот ќе вклучува и режим на погон на задните тркала наречен „Drift Moment“. Планирани се и нови генерации на моделите „M3“ и „M4“, иако нивното пристигнување се очекува дури во 2028, односно 2030 година.

Се очекува испораките на новата „Серија 3“ до купувачите да започнат во 2027 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инвестиција од 46 милиони евра во хидроелектраните на АД ЕСМ

Инвестиција од 46 милиони евра во хидроелектраните на АД ЕСМ: Модернизацијата на опремата ќе донесе зголемено домашно производство и приходи од најмалку пет милион евра годишно

Инвестиција од 46 милиони евра во хидроелектраните на АД ЕСМ

Преку изложба на фотографии, експонати и видео материјали од богатата архива на АД ЕСМ, во Музејот на Град Скопје, во присуство на претседателот на Владата Христијан Мицкоски е отворена уметничката поставка „Моќта на водата ја претвораме во енергија“, со која симболично e означен почетокот на реализацијата на капиталниот проект „Ревитализација на хидроелектраните – трета фаза“. Станува збор за еден од најзначајните инвестициски циклуси во историјата на АД ЕСМ, чија проценета вредност изнесува околу 46 милиони евра. Од средствата, 35 милиони евра се заем од германската развојна КфВ банка, а 10,7 милиони евра се неповратни средства од Европската Унија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

Проектот кој ќе се одвива во наредните неколку години опфаќа модернизација на шест големи хидроелектрани (Вруток, Врбен, Равен, Тиквеш, Шпилје и Глобочица) во рамките на трите системи: ХЕС „Маврово“, ХЕС „Црн Дрим“ и ХЕЦ „Тиквеш“. Со замена на застарената опрема ќе се намалат прекините во работата, ќе се продолжи работниот век на постројките и ќе се зголеми оперативната безбедност, со што се обезбедува сигурно балансирање и испорака на електрична енергија кон електроенергетскиот систем.

„Токму овој крупен зафат е силен предвесник на новата ера на компанијата. Придобивките од модернизацијата се директни и мерливи - го продолжуваме работниот век и го зголемуваме инсталираниот капацитет кај големите хидроелектрани за дополнителни 13,5 мегавати, со што обезбедуваме ново годишно производство од 50 гигават-часови чиста електрична енергија. Зголеменото производство и обем на системски балансни услуги, ќе ни донесат најмалку 5 милиони евра дополнителни годишни приходи“, изјави Лазо Узунчев, претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕСМ.

„Македонија има голем хидропотенцијал, но за негово искористување потребно е модернизирање на постројките. ЕУ придонесе за ревитализација на 6 хидроелектрани со грант во износ од 11,2 милиони евра. Преку Планот за раст, ќе продолжиме со финансиска и советодавна поддршка за енергетскиот сектор во земјата“, изјави Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија во Македонија.

„Заедно со Европската Унија, Германија ја поддржува Македонија во изградбата на одржлив и отпорен енергетски систем. Соработката со KfW е насочена кон модернизација на клучната енергетска инфраструктура, која претставува темел за домашната енергетска безбедност и значителен придонес кон нашите заеднички европски климатски амбиции“, изјави Петра Дрекслер, амбасадорка на Сојузна Република Германија.

Проектот се реализира како дел од Енергетскиот пакет за поддршка на ЕУ за Западен Балкан, кој ја поддржува одржливата енергетска транзиција на регионот преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

За АД ЕСМ

АД ЕСМ е државна компанија за производство на електрична и топлинска енергија која претставува еден од клучните столбови на македонскиот енергетски сектор. Нејзин главен фокус и стратешка цел е интензивирање на инвестициите во обновливи извори на енергија, со што активно придонесува кон одржлив развој. Преку оваа насока, компанијата ги предводи процесите за целосна и успешна енергетска трансформација на земјата.

ЗА ИНВЕСТИЦИСКАТА РАМКА ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН (WBIF)

Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) е заедничка платформа на ЕУ, меѓународните финансиски институции и билатералните донатори, која комбинира бесповратни средства и заеми за развој на стратешка инфраструктура во регионот. Во рамки на Енергетскиот пакет за поддршка на ЕУ за Западен Балкан, вреден една милијарда евра, WBIF издвои 500 милиони евра за модернизација на енергетската инфраструктура и одржлива енергетска транзиција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Естонија: Русија наредила подметнување пожар во воената фабрика

Естонија денес соопшти дека пожарот што избувна во август во воената фабрика „Милрем Роботикс“ бил намерно подметнат по налог на руските безбедносни служби.

Естонија: Русија наредила подметнување пожар во воената фабрика

„Милрем Роботикс“ произведува беспилотни копнени возила и е добавувач за Украина.

Естонскиот премиер Кристен Михал изјави дека овој заклучок се заснова на информации собрани од Естонската служба за внатрешна безбедност (КАПО).

„Денес можеме со целосна сигурност да кажеме дека подметнувањето пожар во компанијата ’Милрем Роботикс‘ во Естонија, во ноќта на 15 август, беше чин на саботажа нарачан од специјална служба на Руската Федерација“, рече Михал.

„Таквите постапки се апсолутно неприфатливи и неодговорни“, рече Михал, додавајќи дека случајот ја покажува сè поочајната ситуација на Москва во врска со војната во Украина.

Кремљ ги отфрла обвинувањата

Кремљ ги отфрли обвинувањата и изјави дека Русија не стои зад нападот. Тие ги отфрлија наводите како неосновани и рекоа дека нема да ги сфатат сериозно. Естонија не објави докази, повикувајќи се на доверливата природа на информациите, но тврди дека инцидентот се вклопува во шемата на други случаи на саботажа извршени во име на Русија низ Европа.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон го опиша случајот како „исклучително сериозен“ и потврди дека Шведска целосно стои зад Естонија. Германскиот политичар Јохан Вадепул исто така изрази поддршка за Естонија. „Непромислените непријателски дејствија на Русија нема да нè разделат. Тие само ја зајакнуваат нашата решеност да ја засилиме одвраќачката моќ на НАТО и да ѝ пружиме поддршка на Украина“, напиша Вадепул на платформата „X“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: 3% не е доволно зголемување - пензионерите немаат за да го преживеат месецот

Зголемувањето на пензиите од околу 3% не е доволно зголемување за пензионерите да го преживеат месецот и да имаат достоинствен живот, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по средбата со пензионери во скопската општина Карпош.

Филипче: 3% не е доволно зголемување - пензионерите немаат за да го преживеат месецот

Филипче посочи дека во услови на огромен раст на цените и сите трошоци за живот, пензионерите се соочуваат со сериозен удар врз нивниот стандард, а власта не носи никакви мерки за да им помогне.

„Пензионерите никако не може да го почувствуваат зголемувањето, имајќи предвид дека зголемување од под 3%, не е доволно да се преживее месецот на толкав голем раст на сите цени, на толкав голем раст на горивата. На ваков удар на стандардот кој што се случува изминатите месеци, на пензионерите навистина има потребна поголема поддршка“, рече Филипче.

Тој посочи дека загриженоста кај пензионерите не се однесува само на пензиите, туку и на севкупните состојби во државата и политиките на власта кои директно влијаат врз животниот стандард.

„Меѓутоа и како наша најстара категорија на граѓани, тие се загрижени и за многу други работи, загрижени се за севкупните случувања во земјата, загрижени се за тоа што е загрозен европски пат, загрижени се за тоа што земјава е презадолжена, загрижени се за сите други лоши политики во однос на стандардот, економијата, финансiите, свесни се дека и нивните деца, навистина, лошо и тешко живеат, загрижени се затоа што огромен број од нив бараат излез и спас надвор од државата“, рече Филипче.

YouTube video

Скопје, 29.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер