МВР работи на расчистување на скандалозниот физички напад од ученици врз професорка - Канал 5

МВР работи на расчистување на скандалозниот физички напад од ученици врз професорка

​Ученик најпрво ја турка наставничка кон таблата, потоа ја фаќа за врат под мишка/пазува и ја стега околу вратот додека друго дете снима, а присутен е и уште еден ученик, па дури има пуштено и музика...

МВР работи на расчистување на скандалозниот физички напад од ученици врз професорка

Оваа снимка која вчера стигна до редакцијата на Канал 5 е од пред три години, а инцидентот се случил во велешкото средно училиште „Јовче Тесличков“. Но, никој, никаде и никогаш не го пријавил, а од МВР велат дека по објавата на видеото, СВР Велес сега работи на расчистување на случајот.

На разговор во полиција денеска повикан бил и актулениот директор на училиштето, но тој за Канал 5 вели дека се иззема од одговорност, бидејќи тогаш бил само настваник... Во велешката станица повикани се и тогашната доректорка, како и малтретираната наставничка и учениците што се гледаат на снимката, а МВР повеќе информации најави по расчистување на случајот..

Зошто инцидентот бил премолчан останува нејасно.. Министерот за образование Јетон Шаќири исто така од Телевизија разбрал за случајот.. Дали и како планира државата да се справуава со ваквото дрско насилство одговор нема, но има апел да се подигне свеста..

Надлежните треба да размислуваат за промени на законските рамки, за да може ваквите случаи да ги пријавува училиштето како институција, бидејќи сега процедурата е наставникот да поднесе приватна тужба, за што ретко се охрабруваат вработените особено во помалите места, вели Гордана Блажевска Спиридонова, психолог во скопската гимназија „Никола Карев“.

Инаку во поголем дел од скопските средни училишта има камери на влезовите, во холовите и ходниците, но поради заштита на лични податоци и приватноста на децата, снимање не е дозволено во училниците.

Сличен случај, на физичко малтретирање на наставник од ученици пред еден месец имаше и во Србија...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски се соочува со сериозна криза,протестите во Киев траат веќе пет дена

Зеленски се соочува со сериозна криза. Притисокот од улицата и од војската расте. .

Зеленски се соочува со сериозна криза,протестите во Киев траат веќе пет дена

Претседателот на Украина Володимир Зеленски се соочува со една од најсериозните политички кризи од почетокот на руската инвазија, поради протестите против разрешувањето на министерот за одбрана Михаило Федоров.

Протестите во Киев траат веќе пет дена, поттикнати од смената на популарниот министер, кој честопати влегуваше во судири со военото раководство околу прашањето за модернизација на армијата.

Според „Киев пост“, ова се најдолгите непрекинати протести директно поврзани со војната. Минатата недела илјадници луѓе се собраа во главниот град, носејќи импровизирани транспаренти и пеејќи ја државната химна. Стотици демонстранти повторно се собраа во понеделникот, иако бројноста беше помала по руските напади за време на викендот.

Зеленски со денови одржува состаноци со клучни советници и воени команданти, обидувајќи се да најде решение што ќе ги задоволи сите страни и ќе спречи продлабочување на поделбите додека војната продолжува.

Според украинските медиуми и аналитичките проценки, во тек се разговори за враќањето на Федоров на функцијата, како и за судбината на врховниот командант Олександр Сирски, чија позиција станува сè понесигурна.

Портпаролот на Зеленски синоќа изјави дека засега не се очекува никаква одлука.

Сè почести се повиците за разрешување на Сирски.

Во четвртокот наутро спонтано започнаа протести за поддршка на Федоров, млад министер кој се залагаше за технолошка модернизација на вооружените сили – потег на кој военото раководство често се спротивставуваше.

„Ситуацијата несомнено е сериозна; гледаме како списокот со барања се зголемува“, изјави Олександр Салиженко, експерт од движењето „Чесно“. На подоцнежната, мошне бурна прес-конференција, Федоров изјави дека Сирски му поставил ултиматум на Зеленски, со што всушност изнудил негово разрешување. Федоров потоа повика на отстранување на Сирски; неговите поддржувачи се организираа на социјалните мрежи и на улиците, гласно извикувајќи: „Сирски, заминувај!“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синоќа невреме го погоди Стар Дојран, паднати дрвја, оштетени игралиша...

поред информациите од Доброволното противпожарно друштво „Дојран”, кои синоќа први излегле на терен да интервенираат, големи дрвја се паднати во градскиот парк, како и на игралиштето со справи за вежбање.

Синоќа невреме го погоди Стар Дојран, паднати дрвја, оштетени игралиша...

Според информациите од Доброволното противпожарно друштво „Дојран”, кои синоќа први излегле на терен да интервенираат, големи дрвја се паднати во градскиот парк, како и на игралиштето со справи за вежбање кое пред неколку години го направи Агенцијата за млади и спорт.

Паднати дрвја имало и кај детскиот рингишпил на шеталиштето, кај хотелот „Романтик”, пицеријата „Вавилон”, на главниот пат поради што извесен период патот бил прооден само во една сообраќајна лента, а неколку часови во прекин била и електричната енергија од безбедносни причини.

Во синоќешното невреме во Стар Дојран според очевидци откорнати се десетици повеќегодишни дрвја на десеттина локации .

Инаку невремето во Стар Дојран покрај со силен ветер било проследено и со поројни дождови,грмежи и град кои го зафатија овој дел од општината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево до 37 степени, попладне можен пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, а максималната температура ќе достигне до 37 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. 

Сончево до 37 степени, попладне можен пороен дожд

Во попладневните и вечерните часови на повеќе места се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, а попладне во делови од котлината се можни краткотрајни врнежи, грмежи и засилен ветер.

До петок времето ќе остане променливо и нестабилно под влијание на влажни воздушни маси. Во петок се очекуваат пообилни врнежи од дожд, а локално и краткотрајно невреме со силен ветер и град. Поради продор на постудена воздушна маса од север, од крајот на неделата се очекува значително опаѓање на дневните температури.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер