3Седум возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие поради управување возило без положен возачки испит
Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
1Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
МакедонијаСиљановска-Давкова ги додели признанијата „Инженерски прстен“ на најуспешните млади инженериПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, денеска им го врачи признанието „Инженерски прстен“ за 2026 година на 14 најдобри дипломирани инженери.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, денеска им го врачи признанието „Инженерски прстен“ за 2026 година на 14 најдобри дипломирани инженери, на церемонија пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, во Охрид. Годинашните добитници на признанието „Инженерски прстен“ се: Марта Митева од Архитектонскиот факултет, УКИМ; Арбана Касами од Факултетот за применети науки (насока архитектура), Универзитет во Тетово; Антонио Томески од Градежниот факултет, УКИМ; Јане Коцески од Машинскиот факултет, УКИМ; Мила Саздова од Технолошко-металуршкиот факултет, УКИМ; Огнен Пендаровски од Факултетот за електротехника и информациски технологии, УКИМ; Марија Симоновска од Факултетот за земјоделски науки и храна, УКИМ; Никола Петровски од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, УКИМ; Михаил Трајков од Природно-математичкиот факултет, УКИМ; Мила Чолакоска од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, УКИМ; Стефана Димитриеска од Техничкиот факултет, УКЛО; Симеон Наловски од Факултетот за информатички и компјутерски технологии, УКЛО; Стефан Спасов од Факултетот за природни и технички науки, УГД; Тамара Атанасова од Факултетот за информатика, УГД. За претседателката, „Инженерскиот прстен“ е потврда дека умот, трудот, стручноста и професионалноста, не само што се препознаваат, гледаат и ценат, туку и се наградуваат и слават. За неа, најдобрите и најуспешните студенти во инженерските науки не персонифицираат само исклучителен индивидуален, академски успех, туку се непроценлив социјален капитал на државата. „Од нашата способност, подготвеност и решеност да ги идентификуваме и навреме и соодветно да ги вреднуваме и да им овозможиме својот професионален потенцијал да го реализираат дома, се детерминирани нашата технолошка конкурентност и компетитивност, како и економскиот капацитет и развој, на државата“, рече Сиљановска-Давкова. Таа укажа дека сме изнедриле и расеале низ светот многу генерации талентирани инженери со докажано знаење, професионален интегритет и дигнитет и со креативен потенцијал за технолошки натпревар. Според неа, од нашата решеност и способност да ги задржиме најдобрите, зависи македонската иднина. „Инженерски прстен“ се доделува по 23. пат, а со ова признание се закитиле вкупно 257 инженери. Покрај претседателката, на настанот се обратија: д-р Андреј Лепавцов, Претседател на Инженерската институција на Македонија, м-р Дејан Метикош, претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија и Стефан Спасов, кој говореше во името на добитниците. Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска- Давкова. Почитуван министер за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, Почитуван д-р Андреј Лепавцов, претседател на Инженерската институција на Македонија, Почитуван Дејан Метикош, претседател на Комората на овластени архитекти и инженери, Почитувани ректори, декани, професори, Најпочитувани лауреати, Млади инженери, Дами и Господа, Во својство на привилегирана покровителка, со особено задоволство и со голема чест ја поддржувам манифестацијата „Инженерски прстен“, којашто веќе две децении ги афирмира знаењето и извонредноста во инженерската професија. Признанието коешто им се доделува на најуспешните дипломирани инженери е скромна потврда дека умот, трудот, стручноста и професионалноста, не само што се препознаваат, гледаат и ценат, туку и се наградуваат и се слават преку доделувањето највисоко општествено признание. Неспорно е дека од генијалните пронајдоци на Леонардо да Винчи, преку сè уште нереализираните изуми на Никола Тесла, до денес, инженерскиот неуморен, немирен, бунтовен и креативен ум е еден од најсилните цивилизациски творци и двигатели. Впрочем, најголемите историски пресврти и општествени скокови не се врзани само за нови научни сознанија, туку и за способноста и подготвеноста за нивно преточување во конкретни решенија со коишто темелно и трајно се менува начинот на живот, производство и комуникација. Значи, преку инженерството, научната мисла добива апликативна општествена верификација и релевантност. Мора да станеме свесни дека во време кога знаењето е најзначаен развоен ресурс, а не профитот, од односот на одговорните и на најповиканите кон нив најучените, најталентираните и најкомпетентните млади луѓе зависи просперитетот на нашата држава. Најдобрите и најуспешните студенти во инженерските науки не персонифицираат само исклучителен индивидуален, личен академски успех, туку се непроценлив социјален капитал на државата. Од нашата способност, подготвеност и решеност да ги препознаеме и да ги идентификуваме, но и навреме да ги вреднуваме, овозможувајќи им, својот професионален потенцијал да го реализираат тука, дома, а не само љубов да им изразуваме, зависат и се детерминирани нашата технолошка конкурентност и компетитивност, но и економскиот капацитет и развој, т.е. економскиот прогрес на државата. Инженерството најдобро вирее, најбрзо се развива и вродува со плод во средини што ем сакаат, ем решиле, ем знаат како да ги почитуваат знаењето и стручноста. Затоа, создавањето услови младите инженери својот ум, талент, желба и креативен потенцијал да ги реализираат во татковината во којашто не случајно се родиле, претставува стратегиска цел и определба, од која се детерминирани нејзиниот развој и нејзиниот опстанок. Во остварувањето на таа цел, македонската инженерска фела и вокација имаат особено важна улога. Со својата посветена долгогодишна работа, со континуираниот ангажман во доделувањето на „Инженерски прстен“ и со издавањето на списанието „Инженерство“, таа придонесува за афирмација на инженерската професија, за поттикнување на научната и стручна мисла и за поврзување на академската заедница со инженерската практика, во функција на технолошкиот развој. Верувам дека сме изнедриле и сме расеале низ светот генерации млади талентирани инженери со исклучително знаење, љубопитност, професионален интегритет, дигнитет и креативен потенцијал за натпревар во националната, регионалната, европската и светската технолошка и научна заедница. Наша обврска е да создаваме и да негуваме пријателски амбиент во којшто тие ќе можат својата стручност и својот потенцијал да ги манифестираат и продуктивно да ги вложат во развојот на државата. Способноста да ги задржиме најдобрите и да им овозможиме својата иднина да ја градат дома е суштинско прашање, од чиј брз и точен одговор ќе зависат економската конкурентност и долгорочниот развој на македонската држава. Запомнете, пред хамлетовска дилема сме: Да нé биде или не?! Со нив ќе нé биде, без нив – прашање е.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
СветШефот на НАТО за европската армија: Додека постигнеме договор, Путин веќе ќе стигне до РотердамРуте предупреди дека формирањето на обединета европска армија би можело да биде штетно во случај на руски напад.Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, предупреди дека формирањето на обединета европска армија би можело да биде штетно во случај на руски напад, бидејќи координирањето на дејствијата меѓу Алијансата, националните војски и европските сили би одземало премногу време. Руте го изјави ова на 72-рата годишна седница на Парламентарното собрание на НАТО во Берлин. Тој појасни дека не се противи на создавањето европска армија, но истакна дека, доколку се реализира таква иницијатива, би имало смисла да се укинат националните војски на земјите-членки на Европската унија, за да се избегне преклопување на надлежностите. „Мојот став отсекогаш бил дека, ако имате европска армија, не можете истовремено да одржувате и национални војски. Соединетите Држави имаат една војска. Не постои посебна армија или морнарица за сојузната држава Њујорк или Калифорнија. Постојат обединети, интегрирани вооружени сили на САД. Ако Европа може да го постигне тоа, тогаш во ред“, рече Руте, изразувајќи притоа скептицизам дека таков развој на настаните би можел да се случи во скоро време. За да ја илустрира својата поента, Руте претстави хипотетичко сценарио што вклучува руски напад врз европските нации – ситуација во која, доколку постои таква структура, би бил потребен одговор од силите на НАТО, националните војски и заедничките воени сили на ЕУ. Тој процени дека постигнувањето договор за воените одлуки би траело со недели, период во кој руските сили би можеле да напредуваат сè до Холандија. „Она што не би го препорачал е секоја земја да има своја војска – соработувајќи во рамките на НАТО – а покрај тоа, да постои и голема европска воена структура. Ако Путин нападне, прво ќе ни требаат две или три недели за да се договориме кој што прави, а тој веројатно ќе стигне до Ротердам уште пред ние да донесеме одлука. Тоа е мојот аргумент“, рече генералниот секретар на НАТО. Руте додаде дека, според него, координацијата и поделбата на одговорностите меѓу НАТО и Европската унија во моментов се на многу добро ниво. NATO's Rutte: What I would counsel against is to have all the nations having their own military working together in NATO, and then on top of that having a big European structure. Because then, if Putin attacks, we will first need two or three weeks to agree who will do what, and then he will probably end up in Rotterdam before we have decided. There is no principal problem against a European military. But again, I don't see it happening soon. I don't think there is a big push for it. — Clash Report (@clashreport) November 23, 2026 Тагови: Марк Руте Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаЃорѓиевски: Целосната реконструкција на паркот „Жена - Борец“ се одвива со силна динамикаГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во работните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена-Борец“.- Целосната реконструкција напредува со силно темпо. Во срцето на градот, меѓу зеленилото и спомен-обележјата, генерации наоѓале свое место за средба, за прошетка и за краток одмор од градската врева. Сакам и следните генерации да го доживуваат овој парк со истата блискост и да го затекнат уреден и негуван. Старите плочки ги заменуваме со нови и ги обновуваме пешачките патеки, за овој простор да добие изглед достоен за неговото место во срцето на Скопје. Ја реставрираме и постојната урбана опрема, а со дополнително хортикултурно уредување го збогатуваме парковското зеленило – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека претходно беше обновено спомен-обележјето на децата бегалци, кое беше вандализирано, а по периодот во кој беше згаснат, кај фонтаната повторно гори Вечниот оган. - Со обновата на овие обележја го чуваме и сеќавањето што му дава посебно значење на овој парк. Моја одговорност е скопските паркови да ја добиваат грижата што ја заслужуваат, и денес, додека ги обновуваме, и секој ден потоа. Затоа продолжуваме со нивно редовно одржување и со подигнување нови зелени површини, за секоја генерација скопјани да има свое место под сенка, своја клупа и спомени во парк. Скопје се сака со дела – рече Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСедум возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие поради управување возило без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишиле од слобода седум лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Сите седум лица управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за А.С.(25) и М.С.(19), двајцата од Скопје, И.Ќ.(36) од село Долно Палчиште, Општина Боговиње, Д.М.(20) од Гостивар, Т.К.(50) од село Близанско, Општина Македонски Брод, Д.С.(40) од Радовиш и С.М.(23) од Прилеп. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол. Само со одговорно однесување на секој учесник можеме заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај и заштита на човечките животи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook