Мразот што се создаваше 2.000 години на Монт Еверест, се стопи за околу дваесет и пет - Канал 5

Мразот што се создаваше 2.000 години на Монт Еверест, се стопи за околу дваесет и пет

Највисокиот глечер на највисоката планина на светот, Монт Еверест, секоја година губи децениски мраз поради климатските промени предизвикани од човекот, покажа нова студија, јави Си-Ен-Ен.

Мразот што се создаваше 2.000 години на Монт Еверест, се стопи за околу дваесет и пет

Откритијата служат како предупредување, дека брзото топење на глечерот на една од највисоките точки на Земјата, може да донесе уште полошо климатско влијание, вклучувајќи и почести лавини и сушење на изворите на вода, на кои, околу 1.6 милијарди луѓе во планинските масиви сметаат на нив за пиење, наводнување и хидроенергија.

Мраз, на кој му требаше околу 2.000 години да се формира, се стопи за околу 25 години. Што значи дека се разредил околу 80 пати побрзо, отколку што се формирал.

Додека топењето на глечери е нашироко проучувано, малку научно внимание се обрнува на глечери на највисоките точки на планетата, наведуваат истражувачи во студијата, објавена во Nature Portfolio Journal Climate и Atmospheric Science.

Тим на научници и планинари, вклучувајќи шестмина од Универзитетот во Мејн, го посетија глечерот во 2019 година и земаа примероци од леденото јадро, долго десет метри. Тие, исто така, ги инсталираа двете највисоки автоматски метеоролошки станици во светот, со цел да соберат податоци и да одговорат на прашањето: Дали се погодени најнедостапните глечери на Земјата, од климатските промени предизвикани од човекот?

– Одговорот е дефинитивно „ да" и многу е значајно, уште од доцните 1990-ти, изјави Пол Мајевски, лидер на експедицијата, како и директор на Институтот за климатски промени на Универзитетот во Мејн.

Според истражувачите, откритијата, не само што потврдуваат дека климатските промени, предизвикани од човекот, ги допреа највисоките точки на Земјата, ами, дека исто така, ја нарушува критичната рамнотежа, што ја обезбедуваат површините покриени со снег.

– Станува збор за целосна промена од тоа што е доживеано во таа област, во текот, на веројатно целиот период, на окупација од страна на луѓето во планините. И се случи многу брзо, Мајевски изјави за Си-Ен-Ен.

Истражувањето покажа дека кога мразот на глечерот бил изложен, изгубил околу 55 метри мраз во четвртина век. Истражувачите забележаа дека глечерот се трансформирал, од снежна обвивка во претежно мраз, а таа промена можела да настане најрано во 1950-тите години. Но, загубата на мраз стана поинтензивна од крајот на 1990-тите.

Оваа трансформација во мраз, укажува дека глечерот не може повеќе да рефлектира зрачење од сонцето, па така, се топи побрзо.

Симулации покажаа дека, поради екстремна изложеност на сончево зрачење, топење или испарување во овој регион, може да се забрза за повеќе од 20, штом снежната покривка се трансформира во мраз. Падот на нивоата на релативна влажност и посилен ветер, исто така се фактори.

Покрај сите влијанија врз тие кои зависат од водата од глечери, моменталната стапка на топење, исто така ќе ги направи експедициите на Монт Еверест многу попредизвикувачки, додека снегот и покривката со мраз ќе се намалуваат во наредните децении, пренесува Си-Ен-Ен.

– Поларните мечки беа иконски симбол за затоплување на Арктикот и губењето на морскиот мраз. Ние се надеваме дека тоа што се случи високо на Еверест, ќе биде уште еден иконски повик и демонстрација, додаде Мајевски.

Експедицијата во 2019 година постави три светски гинисови рекорди: земен примерок од ледено јадро на највисока морска височина на 8.020 метри, микропластика пронајдена на највисока надморска височина на земјата – која најверојатно е од облека или шатори, пронајдена на 8.440 метри, како и метеоролошка станица на земјата на највисоко, инсталирана на „балконот", гребен кој се наоѓа на 8.430 метри надморска височина.

Станицата е првата инсталирана во, како што е позната, „смртната зона", поради опасните услови за планинарење – зона над 8.000 метри, каде нема доволно кислород за да се одржи во живот, надвор од кратки временски периоди. бд/ссм/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Островот на милијардерите“ станува достапен за обичните смртници (ВИДЕО)

На само 2,3 километри од брегот на Корзика се наоѓа мал рај - островот Кавало, опкружен со тиркизно море и прекрасни песочни заливи, украсен со луксузни вили и приватни имоти.

„Островот на милијардерите“ станува достапен за обичните смртници (ВИДЕО)

Се простира на 110 хектари и е добро позната летна дестинација за меѓународни ѕвезди, индустријалци и членови на европски аристократски семејства од крајот на 1960-тите. Затоа е наречен „остров на милијардери“.

Патишта низ приватни имоти

Оние кои го ценат својот статус обично стигнуваат до островот Кавало со сопствена јахта, објавува Билд.

Таму има и луксузен хотел, кој секој може да го резервира. Сепак, пристапот до островот за еднодневни излетници е сè уште ограничен.

Токму ова сака да го промени градоначалникот на Бонифацио на Корзика, Жан-Шарл Орсучи. Прво, целта е прекрасните плажи да бидат подостапни за обичните туристи.

Имено, правната ситуација во Франција е во основа јасна - плажите мора да бидат слободно достапни за пешаците. Проблемот е што многу од патиштата до нив минуваат низ приватен имот, а сопствениците не сакаат другите да минуваат низ нивниот имот.

Спорот заврши на суд

Општинскиот совет во 2023 година одлучи да отвори одредени патишта за јавноста, но овој обид сè уште не вроди со плод.

На крајот на јуни 2026 година, општината го презеде управувањето со пристаништето, кое дотогаш го водеше приватен оператор. Општината верува дека 35-годишната концесија е истечена, но сегашниот оператор го оспорува овој став и тврди дека нејзиниот договор е важечки најмалку до мај 2028 година. Спорот заврши на суд, кој го отфрли барањето на операторот за привремено прекинување на преземањето на пристаништето, но прашањето за времетраењето на концесијата не е конечно решено.

Оние кои се надеваат на евтин еднодневен излет до „островот на милијардерите“ затоа ќе мора да бидат трпеливи. Градоначалникот Орсучи сака да го направи Кавало подостапен, но во исто време има намера да спречи да биде преплавен од туристи. Затоа, во моментов нема планови за воведување на јавна фериботска услуга од копното на Корзика. Приватните имоти, исто така, ќе останат недостапни за јавноста.

Дополнително, пристаништето е затворено за сезоната од 1 октомври. Според сегашната одлука на општинскиот совет, треба повторно да се отвори на 1 мај 2027 година. Дали сите потоа ќе можат да ги посетуваат плажите на овој луксузен остров, сè уште не е правно разјаснето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема јасен победник на изборите во Израел и покрај рекордната излезност

Излезните анкети покажуваат дека нема јасен победник, бидејќи Нетанјаху и неговиот главен ривал не успеаја да обезбедат сигурна победа.

Нема јасен победник на изборите во Израел и покрај рекордната излезност

Излезните анкети укажуваат на тоа дека нема јасен победник на изборите во Израел, при што се чини дека ниту актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху, ниту неговиот главен противкандидат, Гади Ајзенкот, не успеале да обезбедат чиста победа, објави Си-Ен-Ен.

Според излезните анкети, се чини дека премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговиот главен ривал, поранешниот началник на Генералштабот Гади Ајзенкот, не успеале да остварат убедлива победа.

Рекордна излезност

Излезноста на изборите беше највисока барем од 1999 година наваму. Околу три четвртини од 7,3-те милиони гласачи со право на глас излегоа на гласање.

Што следува

Надлежните веднаш ќе започнат со броење на гласовите и обработка на резултатите. Резултатите се очекуваат во текот на следните 48 часа, но формирањето на коалиција може да потрае со денови, па дури и со недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајкрософт подготвува пакети за отпуштање на дури 60.000 вработени

Технолошкиот гигант „Мајкрософт“ понуди доброволно отпуштање на голем број од своите вработени.

Мајкрософт подготвува пакети за отпуштање на дури 60.000 вработени

Технолошкиот гигант „Мајкрософт“ понуди доброволно отпуштање на голем број од своите вработени, во обид да ги избалансира огромните трошоци за градење на својата инфраструктура за вештачка интелигенција со профитабилност и ефикасност на работењето, објави CNBC.

Понудата за доброволно заминување ги опфаќа вработените во Соединетите Американски Држави, Канада, Индија и Обединетото Кралство кои имаат 70-годишно искуство или помалку.

Според извор запознаен со внатрешните работи на компанијата, околу 60.000 луѓе имаат право на опцијата, што претставува околу 27 проценти од глобалната работна сила на „Мајкрософт“ од 223.000 вработени.

Сметката за вештачка интелигенција е во десетици милијарди долари.

Главната причина за овој потег лежи во агресивните инвестиции во центри за податоци и компјутерска моќ потребна за поддршка на моделите на вештачка интелигенција. „Мајкрософт“ обезбедува облачна инфраструктура за клучните играчи на пазарот, вклучувајќи ги „ОпенАИ“ и „Антропик“.

Сепак, трката има висока цена:

• Капиталните расходи за септемврискиот квартал ќе надминат 50 милијарди долари, според јулските проценки на компанијата.

• За споредба, во истиот период минатата година, капиталните инвестиции и финансискиот лизинг изнесуваа 34,9 милијарди долари.

Зголемените трошоци извршија притисок врз финансиите на компанијата. „Мајкрософт“ веќе започна програма за доброволно пензионирање во април, која вклучуваше околу 7 проценти од нејзините вработени во САД, додека во јули објави директни отпуштања на 4.800 вработени, објавува CNBC.

Можно е заминување за директорите и потпретседателите

Во интерно меморандум до вработените, извршната потпретседателка и главен директор за човечки ресурси на „Мајкрософт“, Ејми Колман, изјави дека целта на оваа мерка е поголема флексибилност во бизнисот.

„Понудата за доброволно заминување одразува важен дел од нашиот пристап кон промените: создавање поголема флексибилност и давање на вработените повеќе опции за креирање на сопствено следно деловно поглавје“, нагласи Колман.

За разлика од претходната програма за доброволно пензионирање - која прифаќаше еден од тројца вработени кои ги исполнуваа условите, но беше ограничена на ниво на виш директор (ниво 67) - новата иницијатива оди чекор понатаму и вклучува менаџери до ниво на потпретседател на компанијата.

Промена на бизнис моделот и рок до декември

„Мајкрософт“ е во средината на радикална трансформација на својот бизнис модел: целта е да се премине на систем во кој на клиентите им се наплаќа директно за услугите врз основа на количината на ресурси за вештачка интелигенција што всушност ги користат. Иако компанијата забележа позитивен слободен паричен тек од 19,64 милијарди долари (за разлика од конкурентите Alphabet и Amazon, кои забележаа негативен во вториот квартал), тој прилив се намали за 23% на годишно ниво.

Според извор запознаен со ова прашање, некои тимови во инженерството, маркетингот и продажбата одлучиле да не учествуваат во програмата.

Вработените кои ги исполнуваат условите ќе мора да донесат конечна одлука на почетокот на декември, додека официјалното заминување на оние кои ќе ја прифатат понудата е планирано за 31 декември. Изворот додава дека Microsoft не поставил фиксна цел за тоа колку точно вработени сака да ја напуштат компанијата овој пат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер