Момче е во врска со 37 години постара жена: Таа е совршена (ВИДЕО)

23-годишно момче  ги шокира корисниците на „ТикТок“ кога започна да објавува видеа со својата 37-годишна девојка. Иако неговата свршеница неодамна наполни 60 години, тој тврди дека таа е љубовта на неговиот живот.

"Таа е единствената за мене. Среќни сме и секогаш ќе ја бранам", напишал на едно од видеата.

@ttvleolove_3

One time is enough @oliver6060 #MACscaraface #adultswimchallenge #adultswimbump #gf #fy #4u #fup

♬ VANO 3000 - VANO 3000

Бројни хејтери започнале да ја навредуваат неговата девојка поради возраста и брчките на лицето, но тој веднаш возвратил.

„Нашите семејства ја поддржуваат нашата врска и тоа е она што ни е најважно“, откри тој.

Некои корисници напишале дека тој е во врска со неа само за материјална корист, додека други биле убедени дека станува збор за лажна љубов и дека сето тоа е маркетиншки трик.

@ttvleolove_3

Send this to your crush #PerfectAsWeAre #ColorCustomizer #share #youshawtea #favoritetea

♬ My favorite tea... You.. shawTEA - Mama 🇵🇭👵🏽

Сепак, бројни коментатори застанале во нивна одбрана.

„Не разбирам зошто не можете да прифатите дека се среќни“, напишал еден коментатор.

@ttvleolove_3

Hi how you doing #Vibe #BestSeatInTheHouse #fypツ #couple #lilwayne #😏 #love #foryou #couplegoal #bigpur #lover #goingin #fup #mo #forypup #fy #baby

♬ I'm Goin In - Drake

„Тие се толку симпатични заедно“, додаде друг.

Фото: Нивес повторно провоцира

Хрватската пејачка и манекенка повторно ги остави без здив нејзините фанови.

Таа овој пат е облечена во боите на Хрватска за да им пружи поддршка на фудбалските репрезентативци кои учествуваат во ЕУРО 2020.

- И денес сончање во соодветни бои ... Каде го гледате натпреварот? - напиша Нивес.

„Ма каква Карлеуша, бомба си “, стои во еден од коментарите на фотографијата.

Затворена најголемата онлајн продавница за украдени податоци

„Slilpp“ - најголемата онлајн продавница со украдени податоци, конечно е затворена.

„Slilpp“ постои од 2012 година и се проценува дека сопствениците на оваа страница заработиле милиони долари.

Тие продавале украдени податоци, од обични налози за плаќање преку Интернет до податоци за кредитни картички, тековни сметки во банка и тн.

За девет години се проценува дека е направена штета од 200.000.000 американски долари преку оваа страница.

Продадени се повеќе од 80 милиони податоци за најавување на одреден налог.

Околу 1.500 компании настрадаа од „Slilpp“ .

Интернет експерти предводени од експерти од Соединетите Американски Држави конечно и ставија крај на оваа страница и таа е под контрола на ФБИ.

Фото: Ким Кардашијан има необично Ламборџини

Ким својот автомобил го обложи сто ткаенина која наликува на крзно.

Тешко дека на обожувателите на Ламборџини би им се допаднала оваа идеја, но зад екстравагантниот потег стои добро смислен маркетинг.

Имено, Ким го направи своето Ламборџини Урус во крзно со цел да ја промовира својата продавница „Скимс“.

Ова сигурно не е најчудниот персонализиран автомобил на некои од личностите од светот на шоу-бизнисот што сме го виделе досега, но Ким успеа во тоа што го посакуваше - да го привлече вниманието на обожавателите кон нејзината продавница.

притисни ентер