ВМРО-ДПМНЕ: Демир Капија се менува, во завршна фаза доградбата на кујната во ООУ „Димче Ангелов Габерот“
1ВМРО-ДПМНЕ: Демир Капија се менува, во завршна фаза доградбата на кујната во ООУ „Димче Ангелов Габерот“
Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
АвтомобилизамМоделот S на Тесла доби мотор со 8 цилиндри (ВИДЕО)Еден месец по премиерата на SEMA Show, оваа уникатна Tesla возеше по пат.Електричните автомобили имаат голем број на предности во однос на класичните возила напојувани од фосилни горива, но во еден поглед тие едноставно не можат да се натпреваруваат. И покрај вештачки генерираниот звук, сè досега е понудено далеку од звукот на вистински V8 мотор. Рич Беноа затоа решил да ја поправи работата и да направи нешто сосема неочекувано и лудо. Тој одлучил да го редизајнира моделот S на Tesla и во него да вгради V8 мотор. Се разбира, тој не бил толку луд за да ја транжира точната копија, но на аукција го купи моделот S што бил оштетен во поплава во фабриката. И тогаш започнала подготовката и макотрпниот процес на инсталирање на голем број механички компоненти, вклучувајќи го и моторот V8 од Chevrolet Camaro вметнат во предниот багажникот. Автомобилот имал премиера на саемот SEMA на почетокот на ноември, а сега за прв пат може да се види во сообраќај. Интересно е што внатрешноста останала речиси недопрена. Се вметнува секвенцијален пренос и екран за печатење суштински информации. Остатокот е потпишан од Tesla и е целосно оперативен. Tesla Model S од кој ечи V8 сигурно нема да им се допадне на фановите на Tesla, но секако е интересен проект кој покажува како се` е можно денес, дури и ако една Тесла заврши на бензинска пумпа, но и на сервис на Шевролет. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Демир Капија се менува, во завршна фаза доградбата на кујната во ООУ „Димче Ангелов Габерот“Демир Капија се менува, во завршна фаза доградбата на кујната во ООУ „Димче Ангелов Габерот“, изградена атмосферска канализација на ул. Маршал Тито.Една година по промените во Демир Капија, чекор по чекор општината се менува и развива, се инвестира во подобри услови и конкретни мерки за поддршка на граѓаните, реализирани и започнати се повеќе проекти во областа на инфраструктурата, комуналните услуги, образованието, спортот и социјалната поддршка. Со домаќинско работење дел од проектите општината успеа да ги реализира со сопствени буџетски средства, додека друг дел преку владини програми и преку други институции. Така со помош на Владата се изгради атмосферската канализација на улицата „Маршал Тито“ во Демир Капија во вредност од скоро четири милиони денари, а со заеднички финансирања и од општинскиот Буџет се реконструираше фудбалското игралиште и дел од водоводната мрежа во село Клисура. На повеќе улици се постави улично осветлување, додека во село Дрен се изгради улица бр. 10 финансирана од Министерството за транспорт во вредност од два и пол милиони денари, санирани се улици во повеќе населени места и исчистени се отворените канали за наводнување и одводнување. Покрај инфраструктурните проекти, реализирани се и мерки директно насочени кон граѓаните, меѓу кои поддршка за првачињата преку обезбедување ранци и училиштен прибор, униформи за учениците од прво до деветто одделение, стипендии за средношколци и студенти, еднократна финансиска помош за новороденчиња, финансиска поддршка за прв склучен брак, поддршка за еднородителски семејства и самохрани родители, финансиска поддршка за пензионери. Во тек е реализацијата на дополнителни проекти, меѓу кои доизградбата на кујната и ресторанот за исхрана во ООУ „Димче Ангелов Габерот“ во вредност од над осум милиони денари, уредувањето на отворено тениско игралиште, реконструкцијата на улицата „8 Март“, санацијата на дел од фекалната канализација во село Чифлик, рехабилитацијата на улици и крпењето ударни дупки, како и уредувањето на автобуски постојки во Демир Капија, Корешница и Бистренци. Исто така, во тек се активностите за уредување на детското игралиште на плоштадот во Демир Капија и адаптација на простор за инклузивна соба во основното училиште, наменета за деца со попреченост. Реализацијата на овие проекти е дел од заложбите за подобрување на локалната инфраструктура, создавање подобри услови за децата и младите, како и обезбедување конкретна поддршка за различни категории граѓани. Инвестициите во патната и комуналната инфраструктура, образованието, спортот и јавните услуги продолжуваат, со цел подобрување на условите за живот во Демир Капија и населените места во општината. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Мицкоски да не си игра со иднината на земјата бидејќи ќе му судат следните генерации Утринава пратеникот и претседател на СДСМ од Собранието Венко Филипче предупреди дека ако скршнеме од патот кон европската унија ќе следи период на години на сиромаштија, распродадена земја за туѓи интереси , и иселување. Тој предупреди дека 4 земји меѓу кои Црна Гора и Албанија добија патокази и во план е да влезат во унијата до 2030 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
ФудбалСега е официјално: Кристијано Роналдо објави дека ја напуштил репрезентацијатаНајплатениот светски фудбалер, 41 годишниот Кристијано Роналдо официјално го објави своето заминување од португалската фудбалска репрезентација, откако претходно го напушти тренинг-кампот на тимот. Роналдо ја соопшти одлуката на Инстаграм, наведувајќи дека таа уследила по прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус и разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација. „По прес-конференцијата на селекторот и разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација, одлучив да го напуштам тренинг-кампот на репрезентацијата. Во соодветно време, на португалскиот народ ќе му ја откријам вистината за причините за моето заминување од репрезентацијата, на која отсекогаш сум ѝ бил посветен. Сега е време да им посакам многу среќа на Португалија и на сите мои соиграчи“, напиша 41-годишниот Роналдо. Според извештаите, Роналдо го напуштил кампот само неколку часа откако Жезус зборувал за играчите кои се загреваат, но не добиваат шанса за игра. Во таа прилика, тренерот конкретно го спомнал капитенот на Португалија. „Кога играч се загрева 20 или 30 минути, а не влегува во игра, никој не е среќен. Особено Кристијано. Особено Пеле или Марадона“, рекол Жезус. Роналдо го држи рекордот на сите времиња за Португалија со 234 настапи и 146 постигнати гола. Со националниот тим, тој го освоил Европското првенство во 2016 година, како и Лигата на нации во 2019 и 2025 година.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook