Мистерија: Овци во Кина со денови се движат во круг, никој не знае зошто (ВИДЕО) - Канал 5

Мистерија: Овци во Кина со денови се движат во круг, никој не знае зошто (ВИДЕО)

Неверојатна сцена е снимена во северна Кина.

Мистерија: Овци во Кина со денови се движат во круг, никој не знае зошто (ВИДЕО)

Стотици овци одеднаш и навидум без причина почнале да се движат во круг пред речиси две недели во Внатрешна Монголија, автономен регион во северна Кина.

Ниту сопствениците на стадата, ниту ветеринарите, ниту експертите немаат објаснување за овој необичен случај.

Невообичаеното однесување на животните го снимиле надзорните камери, а на видеото се гледа како големо стадо континуирано маршира во насока на стрелките на часовникот во речиси совршен круг на фармата, пренесува порталот Australian News.

Некои овци го гледаат движењето на стадото надвор од кругот, додека други понекогаш стојат неподвижни во центарот.

Кинескиот медиум People's Daily објави видео од чудната сцена на Твитер, известувајќи дека овците се здрави, но дека причината за нивното однесување останува мистерија.

Сопственичката на овците, идентификувана како г-ѓа Миао, тврди дека сѐ започнало со неколку овци на кои набрзо им се придружил и остатокот од стадото.

Иако фармата има 34 стада поделени во посебни трла, така се однесуваат само овците во едно од трлата, кое е означено со бројот 13.

Овците се во движење од 4 ноември, што довело до нови теории. Кинескиот збор за бројот четири се изговара слично на зборот смрт и не е невообичаено бројот на четвртиот кат или стан, бројот на хотелската соба што го содржи бројот четири да биде означен поинаку или едноставно да се прескокне.

Некои шпекулираат дека однесувањето на овците може да биде предизвикано од бактериска болест наречена листериоза, позната и како „рингворм“.

Меѓутоа, кај овците и козите, смртта обично се случува во рок од 24 до 48 часа по појавата на симптомите, а стадото е во движење многу подолго од тоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник

Откако вчера пациентки останаа без потребната терапијата „Фесго“, од Клиниката за радиотерапија и онкологија велат дека лекот очекуваат да биде обезбеден кон почетокот на следнава недела.

Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник

Терапијата „Фесго“ во петокот беше недостапна поради ненавремена испорака од дистрибутерот, од кого добивме уверување дека испораката ќе биде реализирана во понеделник, велат од Клиниката за онкологија за Канал 5.

Од таму, информираат и дека од иста причина во моментов има застој и во снабдувањето со Госерелин, но дека добиле уверување оддистрибутерот дека ќе биде обезбеден во текот на следната недела. Вчера од Клиниката упатија извинување до сите засегнати пациентки, признавајќи дека ситуацијата предизвикала загриженост, неизвесност и непријатности. Не е познато колку пациентки се погодени од одложувањето на терапијата „Фесго“, која се користи во третманот на одредени форми на карцином на дојка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп го замрзна спроведувањето на новите санкциите кон Русија: Тоа е во национален интерес на САД

Претседателот на САД Трамп со извршна наредба  ги суспендираше  дополнителните царини од 100 насто за најголемите купувачи на руска нафта и гас, како и царините од 500 % за стоки од Русија.

Трамп го замрзна спроведувањето на новите санкциите кон Русија: Тоа е во национален интерес на САД

Важен историски момент -вака беше оценката од официјална Москва откако Трамп на само два дена пред стапувањето на сила ги замрзна санкциите односно го суспендираше спроведувањето на новите санкции против Русија, вклучително и високите царини за земјите што купуваат руска нафта и гас. Одлуката е донесена по договорот кој го имаа Трамп и Путин, стотици илјади руски дизел да биде досатпен на САД и светскиот пазар односно првично во најкус можен рок да има околу 300 илјади тони.

Претседателот на САД Трамп со извршна наредба ги суспендираше дополнителните царини од 100 насто за најголемите купувачи на руска нафта и гас, како и царините од 500 % за стоки од Русија.

„Му доставив на Конгресот потврда дека ваквото изземање во овој момент е во национален интерес на Соединетите Американски Држави“, Трамп

Украинскиот претседател Зеленски изјави дека Русијаа не е заинтересирна за мировни преговори и го критикуваше договорот за извоз на руски дизел со оценка дека ова само ќе ги наполни џебовите на Путин за финансирање на војната проитв Украина. Зеленски запрашан дали американскиот претседател Доналд Трамп, го користи како „жртвено јагне“ за своите проблеми, неговиот одмор ги насмеа присутните новинари.

-Ова е мојот одговор

Францускиот претседател Макрон за постапката на Трамп рече дека само се поткопува довербата и дека Европа нема да ја напушти поддршката кон Украина

-Со ова се ипраќа негативна порака и се предизвикува недоверба. Затоа мислам дека не е корисно што ќе се трудам да го објаснам дека треба да се работи на корисни мерки за да се намалат цените на горивата.- Володимир Зеленски

Европската Унија подготвува пакет санкции против Русија, со порака дека економскиот притисок врз Москва. А дека Путин не ја запир авојната покажува и најновиот напад каде најмалку осум лица загинаа а 60 се повредени во руските напади врз повеќе делови на Украина во петокот. Погодени се и два трговски центри, додека нападите врз енергетската инфраструктура предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија за повеќе од еден милион луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарија потврди дека нема да ја испорача Михаилова во Македонија

Бугарската полиција има сознанија како Ива Михаилова ја напуштила Македонија и влегла во Бугарија, но во моментов не ги открива.

Бугарија потврди дека нема да ја испорача Михаилова во Македонија

Шефот на бугарската гранична полиција Антон Златанов во интервју за бугарските медиуми кажа дека во интерес на истрагата повеќе детали не соопштува околу тоа од кој граничен премин Михаилова поминала, но беше категоричен дека не е извршен никаков прекршок од страна на бугарските гранични власти.

-Јас имам сознанија како за тоа како Ива Михаилова стигнала во Бугарија. Не можам да коментирам моментално. Можам да ве уверам дека нема никаков прекршок кај бугарските гранични премини во врска со тој случај. Ние веќе пративме официјален одговор до македонските власти дека запис во системот за гранична контрола низ бугарско-македонските гранични премини нема, изјави Антон Златанов за Нова.бг.

Неколку дена по соопштението од бугарското министерство за внатрешни работи во кое тие цитирајќи делови од уставот и европските конвенции навестија дека нема да и ја предадат Михаилова на Македонија, директна потврда стигна и од првиот човек на бугарската полиција Иван Демерџеив во поткаст интервју кој со провокативна изјава, случајно или не, македонските власти ги нарече „српски“ и беше дециден дека Бугарија нема да ја екстрадира Михаилова.

-Ива Михаилова не е барана од нас. Нашата дирекција за меѓународно оперативна соработка го доби барањето таа да биде екстрадирана, но одговорот е негативен. Ниту ја бараме, ниту ќе ја предадеме на српските власти. Имаме причина, таа е бугарска државјанка, така што ние ги применивме соодветните процедури и закони и ниту ја баравме, ниту ќе ја предадеме. -Случајно ли кажавте „српските власти“ или беше грешка? Беше грешка, но ќе кажам дека и не е толку голема грешка.- Иван Демерџиев - бугарски министер за внатрешни работи

По изјавата на бугарскиот министер за внатрешни работи, дел од аналитичарите не очекуваат од бугарските власти брза разрешница на овој случај. Според Марко Трошановски јасно е дека Бугарија не планира да ја екстрадира Михаилова, а преземањето на случајот од бугарските институции и нејзиното третирање како невина личност и жртва на политички прогон според него сериозно ја нарушува меѓусебната доверба, иако смета дека Македонија не смее да се откаже од намерата за дијалог.

-Мислам дека беше сериозен удар овој случај врз обидите за возобновување на довербата меѓу двете земји. Свечениот официјален пречек на осомничена личност во Македонија мислам дека сериозно ги подгрева обидите за градење на доверба. Не очекувам дека ќе има разрешница во смисла за екстрадиција. Од страна на Бугарија и особено денешната изјава на министерот за внатрешни работи мислам дека нема намера овој случај да претставува на градење на доверба доколку се случи екстрадиција, изјави Трошановски.

Сепак, македонската Влада нема намера да се откаже од барањето одговорност за случајот со Ива Михаилова. Оттаму изјавија дека дека Македонија располага со механизми преку кои случајот може да биде поставен пред меѓународните партнери, а околностите околу нејзиното заминување, како и случајот со бегството на нејзиниот татко ќе бидат презентирани пред партнерите во НАТО и ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер