Мишелин најави паметни гуми- ќе користат вештачка интелигенција за следење на истрошеноста (ВИДЕО) - Канал 5

Мишелин најави паметни гуми- ќе користат вештачка интелигенција за следење на истрошеноста (ВИДЕО)

Автомобилите не се единствените што стануваат попаметни - така е и со гумите.

Мишелин најави паметни гуми- ќе користат вештачка интелигенција за следење на истрошеноста (ВИДЕО)

На претстојниот Саем за потрошувачка електроника (CES) 2026 следниот месец во Лас Вегас, Мишелин ќе претстави револуционерна линија гуми кои, благодарение на вештачката интелигенција, можат да го следат сопственото абење и да обезбедат повратни информации во реално време за нивната состојба.

Новата технологија, развиена во соработка со компанијата Sonatus, ќе биде премиерно претставена на реставриран Ford Bronco од 1970 година.

Револуција во следењето на гумите

Новиот систем, познат како SmartLoad и SmartWear, ги анализира сигналите на возилото како што се интензитетот на сопирање, оптоварувањето, силите при вртење во кривини и други динамички услови за да обезбеди прецизен увид во состојбата на гумите.

Оваа технологија на крајот би можела целосно да ги замени конвенционалните системи за следење на притисокот во гумите. Michelin проценува дека таквата промена би можела да донесе глобални заштеди од дури 1,68 милијарди долари до 2030 година.

Податоците остануваат во возилото

Системот е дизајниран да работи беспрекорно со вештачката интелигенција Sonatus Collector и може да се прилагоди на различни типови возила со минимален напор. Клучната предност е што сите податоци за гумите се складираат во самото возило, а не се пренесуваат во облакот. Одлуката веројатно ќе им се допадне на производителите на автомобили и возачите кои се загрижени за безбедноста и приватноста на податоците.

„Michelin SmartLoad и SmartWear покажуваат како нашата експертиза во физиката и моделирањето на гумите ги претвора сложените податоци во јасни, предвидливи сознанија“, рече Али Резгуи, потпретседател на Michelin Tire Digital Twin.

„Овие решенија им помагаат на производителите на автомобили и флотите да го продолжат животниот век на гумите, да ја подобрат безбедноста, да ги намалат трошоците и да ја поддржат одржливата мобилност. Michelin SmartWear и SmartLoad се првите градежни блокови на комплетно портфолио кое ќе им овозможи на производителите на оригинална опрема (OEM) да имаат дигитален близнак на гумата во своите возила“, додава Али.

YouTube video

Демонстрација на класичен Bronco

За да ги демонстрираат можностите на системот во пракса, Michelin и Sonatus ќе ја демонстрираат технологијата на Ford Bronco од 1970 година опремен со паметни гуми на CES. Преку апликацијата MyTires на Michelin, посетителите ќе можат да ги следат сите информации за состојбата на гумите во реално време.

Технологијата на Пирели под американскиот микроскоп

Ако мислевте дека Мишелин е првиот, не е. Уште во 2021 година, Пирели ја претстави својата платформа Cyber ​​Tire, која собира значително повеќе податоци од традиционалните системи за следење на притисокот во гумите, вклучително и откривање на условите на патот, како што е силниот дожд.

Сепак, токму оваа технологија го доведе Пирели во проблеми во САД поради загриженост за националната безбедност. Кинеската компанија Sinochem поседува 37 проценти од акциите во Пирели, што ја стави италијанската компанија под зголемен надзор од американските власти кои сакаат да го ограничат кинеското влијание во поврзаните системи за возила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче кон Мицкоски: Избра да лажеш и да контролираш сè, владееш демагошки

„Избра да лажеш и да контролираш сè, владееш демагошки и макијавелистички“ со овие зборови претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче го обвини Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

Филипче кон Мицкоски: Избра да лажеш и да контролираш сè, владееш демагошки

Филипче, во директно обраќање до Мицкоски рече дека ги контролира медиумите и дека со демагошки пораки ја прикрива состојбата во која живеат граѓаните.

Како примери ги посочи изјавите на Мицкоски за нарачување текстови, за трошокот за настапот на Дејвид Гета, за македонскиот идентитет и за економијата.

„Призна дека нарачуваш текстови. Можеш да нарачуваш текст кај сакаш, кога сакаш, во било кој медиум. Но ние го знаеме тоа“, рече Филипче, осврнувајќи се на интервјуто на Мицкоски за Телма. Тој го обвини премиерот дека стои зад медиумски линчови, црни кампањи и лажни вести.

Филипче потсети дека Мицкоски тврдеше оти за настапот на Дејвид Гета нема да се потроши ниту денар народни пари.

„Следниот ден излезе 5 милиони евра народни пари за журка во оваа цела немаштија и криза во која живеат граѓаните. Исто така, една безобзирна и безобразна лага“, рече Филипче.

Тој потсети и на предизборните реклами во кои Мицкоски тврдеше дека македонскиот идентитет е продаден со Преспанскиот договор. Денес, посочи Филипче, самиот Мицкоски признава дека договорот го заштитил идентитетот.

„Трета економија сме биле во Европа. Каква трета економија?“, праша Филипче, посочувајќи на нискиот БДП по жител и на растот на цените на основните производи, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Во декември два закона за полесно домување на младите брачни парови

Веќе во декември до Собранието ќе бидат доставени два специјални закони поврзани со стандардот на младите, односно младите брачни парови, за да може веќе следната година да се имплементираат. 

Мицкоски: Во декември два закона за полесно домување на младите брачни парови

Веќе во декември до Собранието ќе бидат доставени два специјални закони поврзани со стандардот на младите, односно младите брачни парови, за да може веќе следната година да се имплементираат. Двата закони се однесуваат на млади брачни парови, барем еден е до 35 години старост да може да добие станбена површина којашто ќе биде 20% поевтина од пазарната цена минатата година, и вториот закон, со којшто општините нема да наплаќаат комуналии за истата категорија брачни парови.

Првата мерка; Млад брачен пар до 35 години или најмалку еден член во таа брачна заедница да има возраст до 35 години ќе се стекне со право да користи 20% попуст на станбена површина споредено со просекот од претходната година за таа катастарска општина.

Мицкоски побарал анализа од Катастар согласно договорите.

-Анализата согласно податоците од Катастарот за првите три квартали од оваа година, бидејќи годинава ќе биде репер за цените следната година, покажуваат интересни бројки, посочи Мицкоски којшто наведе дел од нив.

-Во првите три квартали во катастарска Општина Центар, просечниот квадрат се продава по 1915 евра, толку Катастарот има заведено. Дали градежните компании продавале по таа цена или не, но толку стојат во договорот и толку платиле данок, за 1915 евра квадрат. Дваесет проценти попуст тоа значи дека следната година отприлика тој којшто ќе сака да добие дозвола за градба на станбена единица мора прво да оддели 10% станбена површина за овие луѓе коишто ги исполнуваат условите согласно законот и тогаш квадратот за нив ќе биде 1530 евра.

-Општина Карпош, просекот којшто го евидентира Катастарот е 1386 евра квадрат. Со попуст, тој би бил 1110 евра за квадрат. Тоа е цената којашто ќе треба да се плати.

-Охрид, просекот е илјада 1138 евра. Со попуст ќе биде 911 евро.

-Струмица, 751 евро, со попуст ќе биде 601 евра квадрат за брачен пар до 35-годишна возраст.

-Битола, просекот овие три квартали од оваа година е 525 евра квадрат. Катастар така го води. Со попуст ќе биде 420 евра.

-Кавадарци, просекот е 795 евра квадрат во првите три квартали од оваа година, такви се договорите пријавени во Катастар. Јас не сум градежник немам градежна компанија, но јас само замолив од директорот да направат анализа и дојдовме до овие бројки. Со попуст тоа е 636 евра.

-Гостивар, просекот е 635 евра што значи дека со попуст ќе биде 508 евра.

-Тетово, просекот е 785 евра во Катастар за овие три квартала, што значи дека со попуст ќе биде 627 евра.

-Штип, 810 евра е просекот. Со попуст ќе биде во Штип 648,5 евра за квадрат.

-Има и многу други, но ова сѐ се новоградби. Зборувам за новоградби. Ова ќе бидат цените со коишто тие коишто ќе ги исполнуваат условите да се стекнат со право да влезат во овој процес. Ќе повторам нема да може градежната компанија да добие дозвола за градба доколку уште во процесот на урбанизација и проектирање не одвои 10% од станбена, минимум 10%. Ова е цениме мерка за младите со којашто цениме дека тие ќе го решат своето најгорливо прашање, а тоа е домувањето, додаде Мицкоски.

Мицкоски ја образложи и втората мерка за млади брачни парови до 35 години, а се однесува за оние коишто ќе посакаат да градат куќа.

-Втората мерка, и еве испраќам порака и до ЗЕЛС и до градоначалниците да парцелизираат и да урбанизираат површина којашто преку јавно надавање, силно ги советувам да бидат со јавно наддавање едно евро квадрат, да дозволат на брачни парови коишто ги исполнуваат овие услови да можат да се стекнат со имот и да ги ослободат потоа ако градат куќа од комуналии. Цениме дека овие две мерки ќе додадат вредност врз квалитетот на живот на младите. И цениме дека на овој начин ќе се отвори еден вид ривалитет од општина во општина коишто практично ќе се обидуваат да привлечат што е можно повеќе брачни парови коишто ги исполнуваат овие услови. Па така ги повикувам и градоначалниците да размислат и овие 10% дополнително да дадат попуст и тука во делот на комуналиите коишто се однесуваат за овие брачни парови коишто ги исполнуваат овие услови, посочи Мицкоски, соопштуваат од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики

Кој се бори за раздор а кој за напредок на државата - лидерот на СДСМ Филипче и премиерот Мицкоски ги вкрстија аргументите на пратенички прашања во Собранието. 

Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики

Алта Банка, евроинтеграциите, капиталните проекти, покачените цени. Кој се бори за раздор а кој за напредок на државата - лидерот на СДСМ Филипче и премиерот Мицкоски ги вкрстија аргументите на пратенички прашања во Собранието.

Филипче го обвини премиерот дека кога бил во опозиција ги критикувал проектите кои сега ги фали, ја задолжувал државата и немал конкретни планови за европскиот пат на Македонија.

Мицкоски му одговори дека неговите ставови се конзистентни и надвор од државата никогаш не го покажувал неединството во земјава.

По вчерашниот самит во Брисел премиерот рече дека се вратил со добри вести за дополнителните средства од Планот за раст, кои ќе се искористат за помош на ликвидноста и локални проекти.

Премиерот доби прашања и за правосудниот испит на албански јазик, брзите кредити, како и за најавените мерки за младите брачни парови.

Кажа дека веќе направиле анализи за цените на становите по општини и дека таа мерка ќе важи за новоградби, додека за изградба на куќа рече дека освен ослободувањето од комуналии, очекува од ЗЕЛС одлука во иднина да се отстапи државно земјиште за младите до 35 години да добијат шанса да купат плац по едно евро за метар квадратен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер