Белгиски адвокат казнет со 25.000 евра за поднесување на приговори генерирани од вештачка интелигенција - Канал 5

Белгиски адвокат казнет со 25.000 евра за поднесување на приговори генерирани од вештачка интелигенција

Апелацискиот суд во белгискиот град Антверпен му изрече парична казна од 25.000 евра на еден адвокат поради „злоупотреба на постапката со неправилна употреба на вештачката интелигенција“.

Белгиски адвокат казнет со 25.000 евра за поднесување на приговори генерирани од вештачка интелигенција

Во образложението на пресудата се наведува дека адвокатот е казнет затоа што до Судот поднесувал приговори генерирани од вештачка интелигенција, кои биле „апсолутно бесмислени“.

- Тие беа некохерентни, целосно ирелевантни и содржеа неважни аргументи, дополнително поткрепени со непостоечка судска пракса и измислени правни извори, се наведуваа во образложението.

Белгиските медиуми посочуваат дека ова не е прв случај на откриено користење на вештачката интелигенција за изработка на службени правосудни документи во Белгија.

Така, пред неколку месеци Апелацискиот суд во Гент открил приговор со „фантастични заклучоци“ генерирани од вештачка интелигенција во случај поврзан со семејното право. Во овој случај, Судот не изрече казна, туку само го отфрли приговорот со образложение дека содржи „грешки и недоследности“.

Претходно овој месец, во Трговскиот суд во Гент адвокат цитирал одлуки на Касацискиот суд и на Уставниот суд на Белгија, кои не постоеле и никогаш не биле донесени, по што е утврдено дека се повикувал на референци измислени од вештачка интелигенција.

Медиумите посочуваат дека праксата на користење на вештачката интелигенција во судовите во Белгија е во почетна фаза, но дека таа е нашироко распространета во САД.

Според белгискиот адвокат специјализиран за дигитално и право поврзано со вештачката интелигенција, Тома Дубисон, многу судии во САД сѐ повеќе се соочуваат со аргументи генерирани од вештачката интелигенција, со што се успоруваат и натрупуваат судски процеси.

- Првично, казните за тоа беа околу сто долари, а сега можат да достигнат и до 25.000 долари, изјави Дубисон за белгискиот радиодифузен сервис РТБФ.

Според него, вештачката интелигенција може да биде корисна алатка за административни обврски или задачи што лесно се автоматизираат, но не треба да го замени правното расудување.

- Вештачката интелигенција има тенденција да халуцинира. Никогаш не треба да се прави „копи-пејст“ на информациите без да се проверат. Треба да се користат традиционални правни бази на податоци што се потпираат на правна доктрина и сигурни извори, додава Дубисон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќуркчиев со демант на наводите на Филипче: Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд

Најостро демантирам дека сум сопственик, содружник или лице со специјални овластувања во компанија која добила државен тендер од било која државна институција, ниту во време на Влада на СДСМ, ниту сега. 

Ќуркчиев со демант на наводите на Филипче: Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд

Јас сум пензионер, кој како машински инжењер има уставно загарантирано право хонорарно да биде ангажиран од приватна компанија. Компанијата која за дневно политички цели ја споменува Венко Филипче е странски инвеститор кој отворил фабрика во Македонија во 2019 година кога Зоран Заев е премиер. За ова мое тврдење го ставам целиот свој личен кредибилитет и одговорност. Недостатокот на демократски капацитет да се слушнат политички критики не се покрива со дрски манипулации. Ако не му кажале на Филипче, јас сум основач на СДСМ и носител на партиската книшка број 17.

Погрешно се пресметал дека може мене да ме претстави како нов вмроовец. Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд, се наведува во демантот на Никола Ќуркчиев, поранешен генерален секретар на СДСМ.

Ќуркчиев реагира на наводите на Филипче во емисијата „Само интервју“ , во кое наведе дека тој годинава добил тендер од 1,6 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Под пустината во Кина се пронајдени големи извори на вода

Геолозите открија два големи извори на вода под кинеската пустина Синџијанг. 

Под пустината во Кина се пронајдени големи извори на вода

Откритието би можело да му обезбеди на северозападниот регион вреден нов ресурс за проекти за контрола на песок и земјоделство, објавија кинеските медиуми.

Пустинскиот регион привлече внимание поради обемните напори за пошумување и опустинување на неговите периферии како дел од иницијативата „Голем зелен ѕид“, како и промените во врнежите што го трансформираат сушниот западен дел од Кина, објави SCMP.

Откритието на подземните води е направено за време на проект за пребарување вода во пустината Такламакан, спроведен од локалното геолошко истражување во автономниот регион Синџијанг Ујгур.

Наодите го оспоруваат општоприфатеното мислење дека под површината на пустината лежи само застоена и солена вода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Соединетите Американски Држави наскоро ќе отворат воена база во Полска, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена база во Полска“, напиша тој.

Недолго потоа, неговата објава беше споделена од Белата куќа на официјалниот профил на мрежата X.

Оваа објава следи по претходните информации дека САД ќе го намалат бројот на своите војници стационирани во Германија. Дел од тие сили треба да го зајакнат источното крило на НАТО во соседна Полска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер