АвтомобилизамЗошто новите гуми имаат обоени ленти и што тие всушност значат?Може да има една или повеќе од нив на гумата. Тие се достапни во различни бои, жолта, црвена, сина, розова…Една од карактеристиките на новите гуми за возила се обоените ленти на газната површина. Дали тие имаат некакво значење за купувачите? Освен фактот дека лентите на гумите значат дека се нови и не се користени, нема друго подлабоко значење за возачите. Откако ќе почнете да возите, лентите брзо ќе исчезнат од гумата додека возите. Сепак, обоените ленти им помагаат на производителите на гуми подобро да ги организираат своите логистички процеси и можат да се користат за да се утврди за кој пазар или клиент се произведува одреден тип гума, пишува Ревијахак. Затоа се користат ленти во различни бои, а може да има една или повеќе од нив на гумата. Тие се достапни во различни бои, жолта, црвена, сина, розова… Извор: Б92Тагови: автомобилски гуми Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
МакедонијаФилипче кон Мицкоски: Избра да лажеш и да контролираш сè, владееш демагошки„Избра да лажеш и да контролираш сè, владееш демагошки и макијавелистички“ со овие зборови претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче го обвини Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања.Филипче, во директно обраќање до Мицкоски рече дека ги контролира медиумите и дека со демагошки пораки ја прикрива состојбата во која живеат граѓаните. Како примери ги посочи изјавите на Мицкоски за нарачување текстови, за трошокот за настапот на Дејвид Гета, за македонскиот идентитет и за економијата. „Призна дека нарачуваш текстови. Можеш да нарачуваш текст кај сакаш, кога сакаш, во било кој медиум. Но ние го знаеме тоа“, рече Филипче, осврнувајќи се на интервјуто на Мицкоски за Телма. Тој го обвини премиерот дека стои зад медиумски линчови, црни кампањи и лажни вести. Филипче потсети дека Мицкоски тврдеше оти за настапот на Дејвид Гета нема да се потроши ниту денар народни пари. „Следниот ден излезе 5 милиони евра народни пари за журка во оваа цела немаштија и криза во која живеат граѓаните. Исто така, една безобзирна и безобразна лага“, рече Филипче. Тој потсети и на предизборните реклами во кои Мицкоски тврдеше дека македонскиот идентитет е продаден со Преспанскиот договор. Денес, посочи Филипче, самиот Мицкоски признава дека договорот го заштитил идентитетот. „Трета економија сме биле во Европа. Каква трета економија?“, праша Филипче, посочувајќи на нискиот БДП по жител и на растот на цените на основните производи, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Во декември два закона за полесно домување на младите брачни паровиВеќе во декември до Собранието ќе бидат доставени два специјални закони поврзани со стандардот на младите, односно младите брачни парови, за да може веќе следната година да се имплементираат. Веќе во декември до Собранието ќе бидат доставени два специјални закони поврзани со стандардот на младите, односно младите брачни парови, за да може веќе следната година да се имплементираат. Двата закони се однесуваат на млади брачни парови, барем еден е до 35 години старост да може да добие станбена површина којашто ќе биде 20% поевтина од пазарната цена минатата година, и вториот закон, со којшто општините нема да наплаќаат комуналии за истата категорија брачни парови. Првата мерка; Млад брачен пар до 35 години или најмалку еден член во таа брачна заедница да има возраст до 35 години ќе се стекне со право да користи 20% попуст на станбена површина споредено со просекот од претходната година за таа катастарска општина. Мицкоски побарал анализа од Катастар согласно договорите. -Анализата согласно податоците од Катастарот за првите три квартали од оваа година, бидејќи годинава ќе биде репер за цените следната година, покажуваат интересни бројки, посочи Мицкоски којшто наведе дел од нив. -Во првите три квартали во катастарска Општина Центар, просечниот квадрат се продава по 1915 евра, толку Катастарот има заведено. Дали градежните компании продавале по таа цена или не, но толку стојат во договорот и толку платиле данок, за 1915 евра квадрат. Дваесет проценти попуст тоа значи дека следната година отприлика тој којшто ќе сака да добие дозвола за градба на станбена единица мора прво да оддели 10% станбена површина за овие луѓе коишто ги исполнуваат условите согласно законот и тогаш квадратот за нив ќе биде 1530 евра. -Општина Карпош, просекот којшто го евидентира Катастарот е 1386 евра квадрат. Со попуст, тој би бил 1110 евра за квадрат. Тоа е цената којашто ќе треба да се плати. -Охрид, просекот е илјада 1138 евра. Со попуст ќе биде 911 евро. -Струмица, 751 евро, со попуст ќе биде 601 евра квадрат за брачен пар до 35-годишна возраст. -Битола, просекот овие три квартали од оваа година е 525 евра квадрат. Катастар така го води. Со попуст ќе биде 420 евра. -Кавадарци, просекот е 795 евра квадрат во првите три квартали од оваа година, такви се договорите пријавени во Катастар. Јас не сум градежник немам градежна компанија, но јас само замолив од директорот да направат анализа и дојдовме до овие бројки. Со попуст тоа е 636 евра. -Гостивар, просекот е 635 евра што значи дека со попуст ќе биде 508 евра. -Тетово, просекот е 785 евра во Катастар за овие три квартала, што значи дека со попуст ќе биде 627 евра. -Штип, 810 евра е просекот. Со попуст ќе биде во Штип 648,5 евра за квадрат. -Има и многу други, но ова сѐ се новоградби. Зборувам за новоградби. Ова ќе бидат цените со коишто тие коишто ќе ги исполнуваат условите да се стекнат со право да влезат во овој процес. Ќе повторам нема да може градежната компанија да добие дозвола за градба доколку уште во процесот на урбанизација и проектирање не одвои 10% од станбена, минимум 10%. Ова е цениме мерка за младите со којашто цениме дека тие ќе го решат своето најгорливо прашање, а тоа е домувањето, додаде Мицкоски. Мицкоски ја образложи и втората мерка за млади брачни парови до 35 години, а се однесува за оние коишто ќе посакаат да градат куќа. -Втората мерка, и еве испраќам порака и до ЗЕЛС и до градоначалниците да парцелизираат и да урбанизираат површина којашто преку јавно надавање, силно ги советувам да бидат со јавно наддавање едно евро квадрат, да дозволат на брачни парови коишто ги исполнуваат овие услови да можат да се стекнат со имот и да ги ослободат потоа ако градат куќа од комуналии. Цениме дека овие две мерки ќе додадат вредност врз квалитетот на живот на младите. И цениме дека на овој начин ќе се отвори еден вид ривалитет од општина во општина коишто практично ќе се обидуваат да привлечат што е можно повеќе брачни парови коишто ги исполнуваат овие услови. Па така ги повикувам и градоначалниците да размислат и овие 10% дополнително да дадат попуст и тука во делот на комуналиите коишто се однесуваат за овие брачни парови коишто ги исполнуваат овие услови, посочи Мицкоски, соопштуваат од Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критикиКој се бори за раздор а кој за напредок на државата - лидерот на СДСМ Филипче и премиерот Мицкоски ги вкрстија аргументите на пратенички прашања во Собранието. Алта Банка, евроинтеграциите, капиталните проекти, покачените цени. Кој се бори за раздор а кој за напредок на државата - лидерот на СДСМ Филипче и премиерот Мицкоски ги вкрстија аргументите на пратенички прашања во Собранието. Филипче го обвини премиерот дека кога бил во опозиција ги критикувал проектите кои сега ги фали, ја задолжувал државата и немал конкретни планови за европскиот пат на Македонија. Мицкоски му одговори дека неговите ставови се конзистентни и надвор од државата никогаш не го покажувал неединството во земјава. По вчерашниот самит во Брисел премиерот рече дека се вратил со добри вести за дополнителните средства од Планот за раст, кои ќе се искористат за помош на ликвидноста и локални проекти. Премиерот доби прашања и за правосудниот испит на албански јазик, брзите кредити, како и за најавените мерки за младите брачни парови. Кажа дека веќе направиле анализи за цените на становите по општини и дека таа мерка ќе важи за новоградби, додека за изградба на куќа рече дека освен ослободувањето од комуналии, очекува од ЗЕЛС одлука во иднина да се отстапи државно земјиште за младите до 35 години да добијат шанса да купат плац по едно евро за метар квадратен. Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39