Миовски: Овие натпревари со вакви противници се одлични за да се воиграме за она кое ни следи - Канал 5

Миовски: Овие натпревари со вакви противници се одлични за да се воиграме за она кое ни следи

Миовски: Овие натпревари со вакви противници се одлични за да се воиграме за она кое ни следи
По мечот против Босна и Херцеговина кој заврши без голови 0-0, Бојан Миовски кажа дека силните пријателски мечеви се добри за нашата фудбалска репрезентација. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Случај запалени возилa - поведена истрага за загрозување лица под меѓународна заштита

Наместо за предизвикување општа опасност, осомничениот сега се гони за загрозување на лица под меѓународна заштита.

Случај запалени возилa - поведена истрага за загрозување лица под меѓународна заштита

Повод за повикувањето на блокади беше палењето на автомобилите пред бугарската амбасада во Скопје, која во меѓувреме доби сериозен правен пресврт откако Основното јавно обвинителство скопје откри елементи на тешко кривично дело и го предаде предметот во рацете на обвинителството за организиран криминал и корупција.

Наместо за предизвикување општа опасност, осомничениот сега се гони за загрозување на лица под меѓународна заштита, бидејќи со пожарот на 15 јуни директно ги загрозил животите на военото аташе и вработените во дипломатското претставништво.

Имајќи предвид дека станува збор за кривично дело што спаѓа во групата на кривични дела против човечноста и меѓународното право и кое својата основа ја наоѓа во конвенцијата на обединетите нации за превенција и казнување на кривични дела насочени против меѓународно заштитени лица, вклучително и дипломатски претставници, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор во траење од 30 дена за лицето на кое до сега му беше определена притворска мерка од 8 дена во скратена постапка, информираат од обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влада: Процесот на реконструкција се одвива преку разговори со коалициските партнери

Во однос на најавената реконструкција на Владата, процесот се одвива преку разговори со коалициските партнери. Денес и утре се предвидени средби со политичките партии ЗНАМ и ВРЕДИ.

Влада: Процесот на реконструкција се одвива преку разговори со коалициските партнери

Со оглед на тоа што разговорите се во рана фаза и станува збор за чувствителен процес кој бара сериозен и одговорен пристап, во овој момент не би навлегувале во дополнителни детали. Штом бидат постигнати конкретни договори и дефинирани решенија, јавноста ќе биде навремено и целосно информирана.

Она што во моментов останува непроменета позиција и јасен принцип на претседателот на Владата, проф др Христијан Мицкоски, беа пораките кои тој јавно ги упати на одбележувањето на 36-годишнината од ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.

Премиерот тогаш нагласи дека внимателно ги следи состојбите во институциите и дека не е задоволен од појавите кај дел од функционерите кои се оддалечуваат од принципите врз кои е формирана Владата.

Тој посочи дека до него пристигнуваат забелешки за недоволна достапност на дел од министрите и директорите, како и за оддалечување од секојдневните проблеми и потреби на граѓаните.

Мицкоски јасно порача дека Владата е избрана да му служи на народот, а не да ужива во привилегиите на власта, додавајќи дека секој функционер мора да биде достапен, посветен и постојано присутен меѓу граѓаните.

Во своето обраќање тој нагласи дека нема да толерира несовесност, неодговорност и отстапување од принципите врз кои се темели работата на Владата, без разлика на функцијата што некој ја извршува.

Премиерот исто така порача дека не прифаќа оправдувања за неисполнување на обврските и дека секој што не може да одговори на предизвиците треба чесно да го преиспита своето место во тимот.

„Сите отстапувања прецизно ги нотирам и ќе има промени. Тие промени треба да ги подобрат капацитетите и да го дадат максимумот од секој поединец. Сакам секој од вас да остане посветен на народот, достапен и чесен“, беше пораката на Мицкоски.

Основниот критериум во процесот на реконструкција останува ефикасноста, достапноста кон граѓаните, исполнувањето на програмските цели и целосната посветеност на работата во интерес на народот, брифираат од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трговскиот центар во Лисиче добива целосно нов изглед

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности за реконструкција на Трговскиот центар во населба Лисиче, проект со кој овој простор добива целосно нов и современ изглед.

Трговскиот центар во Лисиче добива целосно нов изглед

Реконструкцијата се одвива според предвидената динамика, а по нејзиното завршување трговскиот центар ќе прерасне во функционален, безбеден и уреден простор за секојдневен престој на граѓаните.

Во рамки на проектот се врши комплетно поплочување на околу 6.000 квадратни метри, се поставува нова урбана опрема, шах-маси и детско игралиште, а посебен акцент е ставен на целосно хортикултурно уредување и ново осветлување на целиот трговски центар.

„Трговскиот центар во Лисиче не добива само нови плочки. Го уредуваме целокупниот простор – со ново зеленило, современо осветлување, урбана опрема и содржини што ќе го направат ова вистинско место за собирање и дружење на граѓаните. Лисиче заслужува современ и уреден центар и токму тоа го реализираме“, рече градоначалникот Митески.

Со новото зеленило, современото осветлување и обновените пешачки површини, просторот ќе добие сосема нова димензија и ќе стане пријатно место за дружење, рекреација и секојдневни активности на жителите од Лисиче и околните населби.

Станува збор за капитален проект вреден 22,2 милиони денари, кој се реализира со поддршка од Владата.

Општина Аеродром продолжува со реализација на капитални проекти што создаваат современи, функционални и квалитетно уредени јавни простори, во интерес на сите граѓани.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер