Спортист од светска категорија – Ристовски го пречека Ален Рустемовски по историскиот успех на ЕП во Бугарија
Голем штрајк во Загреб – од утрово нема трамвај и автобуси, на протест се и работниците од комунална хигиена
1Спортист од светска категорија – Ристовски го пречека Ален Рустемовски по историскиот успех на ЕП во Бугарија
2Голем штрајк во Загреб – од утрово нема трамвај и автобуси, на протест се и работниците од комунална хигиена
Мојсов одржа предавање на МАНУ на тема „GLP-1: од потенцијален пептид до ефикасни лекови за дијабетес и дебелина
2Мојсов одржа предавање на МАНУ на тема „GLP-1: од потенцијален пептид до ефикасни лекови за дијабетес и дебелина
АвтомобилизамХоландски производител на луксузни автомобили за два дена ги распродал сите модели од 1,5 милиони евра (ВИДЕО) Холандскиот производител на луксузни автомобили Spyker се врати на пазарот пет години откако банкротираше благодарение на финансиска инјекција од украински крипто милијардер.Компанијата претстави нов модел вреден еден и пол милион евра во Соединетите Американски Држави, а богатите колекционери веќе го зграпчија речиси целиот производствен тираж. Сопственикот на компанијата, Виктор Милер, го претстави моделот C8 Preliator XXV на јавноста. Од 25-те планирани примероци, клиентите веќе резервирале 19 автомобили. Милер очекува целото ограничено издание да биде продадено до крајот на оваа недела. View this post on Instagram A post shared by Shamin Abas Associates (@shaminabas) Менаџментот намерно избегна дигитална премиера и се одлучи за ексклузивна демонстрација во живо на возилото. Милер нагласува дека потенцијалните купувачи мора физички да ја почувствуваат премиум кожата и да го видат секој детал од рачно изработениот производ пред да издвојат толку пари. Екранот едноставно не може да го пренесе вистинскиот квалитет на луксузните материјали. Крипто капиталот ги започна застојаните патеки Зад ова нереално враќање стои Володимир Носов, украински инвеститор и страствен колекционер. Неговиот капитал му овозможи на брендот да надмине тешки правни и финансиски проблеми. Компанијата претходно доживеа целосен колапс во 2021 година, а потоа се чинеше дека приказната за холандските супер автомобили е засекогаш завршена. Пазарот претходно покажа глад за овие ексклузивни возила, но производството не можеше да преживее без стабилно финансирање. Носов ја препозна вредноста на уникатниот дизајн и инвестираше пари потребни за рестартирање на фабриката. Историја долга еден и пол век полна со подеми и падови Корените на овој бренд датираат од пред 146 години, кога браќата Спајкер граделе луксузни вагони. Производството подоцна успешно се проширило на тркачки автомобили и авиони, но оригиналната компанија била затворена во 1926 година. Модерниот Спајкер се појавил дури кон крајот на 1990-тите. Иако немаат правен континуитет со оригиналната фабрика, новите сопственици го презедоа познатото име и препознатливиот дизајнерски знак инспириран од авијацијата. Сега тие имаат нова можност да докажат дека овој историски бренд припаѓа на самиот врв на автомобилската индустрија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСпортист од светска категорија – Ристовски го пречека Ален Рустемовски по историскиот успех на ЕП во БугаријаМинистерот за спорт Борко Ристовски, денеска го пречека македонскиот боксер Ален Рустемовски и му честиташе за историскиот успех и освоениот бронзен медал на Европското сениорско првенство во Софија, Бугарија.Рустемовски со три последователни победи стигна до полуфиналето во категоријата до 60 килограми и го обезбеди бронзениот медал за Македонија. Со овој резултат Македонија повторно има европски медал во сениорски бокс, прв пат по 2008 година кога Вели Мумин освои бронза на Европското првенство во Ливерпул. Согласно Правилникот за категоризација на спортистите од Република Македонија, со освоениот бронзен медал на Европското првенство Рустемовски влегува во категоријата „Спортист од светска категорија“, со што се стекнува со право на паричен надомест од државата во висина од две просечни плати во период од четири години. Со трите победи и бронзениот медал на ЕП, Рустемовски се стекнува и со право на највисокото Национално спортско признание што се доделува на македонските спортисти за врвни спортски остварувања по навршување на 40-годишна возраст. „Ален покажа дека Македонија има боксер за големата европска и светска сцена. Овој медал е резултат на огромна работа, дисциплина и карактер и претставува потврда дека младите македонски спортисти имаат квалитет за најголеми натпреварувања. Како Министерство за спорт, наша обврска е да стоиме зад нив, да ги препознаеме нивните резултати и да создадеме услови тие да продолжат да напредуваат. Ален заслужено добива нов статус како Спортист од светска категорија, а со него и конкретна државна поддршка. Му честитам за историскиот резултат и му посакувам уште поголеми успеси“ - истакна министерот Ристовски. Минатата година Министерството за спорт го прогласи Ален Рустемовски за најдобар млад спортист, признание кое тој го оправда со новиот голем успех на европската сцена. Бронзата од Софија е второ големо одличје за Рустемовски во период од неполн месец. Претходно тој освои бронзен медал и на Медитеранските игри во Таранто, Италија. Ова е историски успех за македонскиот бокс бидејќи Ворлд бокс е органзација преку која се обезбедува учество на Олимписките игри. Со овој резултат кој му носи 300 рејтинг поени, Рустемовски се наметнува и како кандидат за учество на Олимпијадата 2028 година во Лос Анеџелес. Министерството за спорт останува посветено на поддршката на македонските спортисти кои со своите резултати го афирмираат македонскиот спорт на најголемите меѓународни натпревари. Министерство за спортТагови: Ален Рустемовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, уапсени се неколу лица, пронајдено оружје и знаме на ИСИС15:00Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59
Полицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, уапсени се неколу лица, пронајдено оружје и знаме на ИСИС15:00
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
ЖивотСАД и Кина објавија намалени царини за производи во вредност од 30 милијарди долариПо минатонеделната средба на Трамп и Џинпинг, САД и Кина објавија листи на производи, за кои ќе бидат намалени царините во рамките на договорот со кој се поттикнува билатералната трговија.Намалени се царините за производи во вредност од 30 милијарди долари. На списоците се наоѓаат 1.619 американски артикли што се извезуваат во Кина, меѓу кои се земјоделски производи, јаглен, производи за лична нега до медицинска опрема. Како и 77 кинески производи што ги увезуваат меѓу кои пиротехнички средства, прибор за јадење, стаклени и дрвени лампиони и фудбалски топки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, уапсени се неколу лица, пронајдено оружје и знаме на ИСИС15:00Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59
Полицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, уапсени се неколу лица, пронајдено оружје и знаме на ИСИС15:00
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
МакедонијаГолем штрајк во Загреб – од утрово нема трамвај и автобуси, на протест се и работниците од комунална хигиена Сообраќајот во Загреб во колапс.. Утрово започна голем штрајк на вработените од Загрепскиот електричен трамвај откако синдикатот и менаџментот не постигнаа договор за платите и нов колективен договор.Главниот град на Хрватска се соочува и со друг голем проблем- штрајкуваат и вработените од комуналното претпријатие задолжено за хигиената на Загреб, па во следниот период се очекуваат потешкотии во справување со отпадот и со одржувањето на зелените површини и патиштата. Според првичните информации не сообраќаат ниту трамваите ниту автобусите, па бројни граѓани бараат алтернативен превоз за да стигнат до работа, факултет или училиште. Хрватските медиуми информираат дека за да има минимален проток за оние кои немаат друга можност за патување, подоцна биле пуштени во сообраќај само два трамваи и еден автобус, а на располагање зе и градската и приградската железница кои работат според редовниот возен ред. Синдикатите уште утре ќе се соочат со тужби од фирмите за покренувањето на овој штрајк, за чија законитост ќе одлучува загрепскиот жупаниски суд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, уапсени се неколу лица, пронајдено оружје и знаме на ИСИС15:00Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59
Полицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, уапсени се неколу лица, пронајдено оружје и знаме на ИСИС15:00
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07