3Македонските млади информатичари ја заокружија успешната година за Македонија со бронзен медал и олимписка пофалба на олимпијадата во Сараево
„Гугл“ го лансира првиот сателит со вештачка интелигенција, Маск предвидува селење на центрите за податоци во вселената
2„Гугл“ го лансира првиот сателит со вештачка интелигенција, Маск предвидува селење на центрите за податоци во вселената
ФудбалГазда на албански клуб влезе во соблекувалната со торба пари, настана хаос (ВИДЕО)Фудбалскиот клуб Динамо од Тирана се квалификуваше во плејофот на Конференциската лига откако ја елиминираше латвиската Ауда со вкупен резултат од 4:1.За влез во групната фаза од натпреварувањето, албанскиот тим сега го чека кипарскиот Пафос, клуб кој претходно го елиминираше Хајдук од Сплит. Наградата за пласманот и бонус од половина милион евра Еуфоријата во клубот дополнително ја поттикна претседателот Ардијан Барди. По победата против Ауда, тој влезе во соблекувалната со торба полна со пари за да ги награди играчите за пласманот во плејофот, а веднаш објави и нов, уште поголем бонус. Доколку тимот успее да го елиминира Пафос, играчите ќе ја поделат сумата од 500.000 евра. Снимките од соблекувалната покажуваат огромна прослава додека низ собата летаа банкноти. Top Channel has released exclusive footage from Dinamo’s dressing room moments after their crucial qualification against Auda where President Ardian Bardhi arrives and rewards the team with money. 😂💰 The bonus if they eliminate Pafos, €500.000 ! pic.twitter.com/fwyKfsYhjT — Kuq e Zi 🇦🇱⚽️ (@KuqeZiFootball) August 18, 2026 Голем предизвик во плејофот И покрај славеничката атмосфера и финансиската мотивација, Динамо влегува во дуелот со Пафос како аутсајдер. Кипарскиот клуб претставува најтешкиот тест за тимот од Тирана во овие квалификации, а натпреварите ќе го покажат вистинскиот потенцијал на тимот на европската сцена. Првиот натпревар од плејофот помеѓу Динамо и Пафос се игра овој четврток, а домаќин ќе биде албанскиот клуб. Навивачите со нетрпение го очекуваат настапот на својот тим во еден од клучните натпревари во сезоната.Тагови: соблекувалната Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВучиќ ѝ ги предаде должностите на Ана БрнабиќПретседателот на Србија Александар Вучиќ ги предаде своите должности на претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ,.Претседателот на Србија Александар Вучиќ ги предаде своите должности на претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, во српското претставништво, која ќе биде вршител на должноста претседател на парламентот до изборите на крајот на декември. Ќе ја задржам оваа позиција до изборот на новиот претседател на Србија, изјави Ана Брнабиќ. За време на примопредавањето на должноста, Ана Брнабиќ изјави дека е почестена што ја прифатила оваа позиција.„Чест ми е што ја примам оваа должност од таков човек и што можам да ја држам оваа позиција до изборот на нов претседател. Знам дека Александар Вучиќ се впушта во нова борба и му посакувам среќа. Ќе ја држам оваа позиција до изборот на претседател на република србија“, нагласи Брнабиќ. Вучиќ претходно поднесе оставка за да учествува на парламентарните избори, како што рече, како обичен граѓанин, наведувајќи дека ја извршил својата должност верно, чесно и праведно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСаудиска Арабија повеќе од двојно го зголеми својот извоз на нафта за само еден месецИзвозот на сурова нафта од Блискиот Исток се зголеми на 12,8 милиони барели дневно во септември – што претставува највисоко ниво од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Иран во февруари – според податоците објавени денес од компанијата „Kpler“.&nbsОва закрепнување е поттикнато од зголемениот извоз преку Ормутскиот теснец, за кој се очекува овој месец да достигне приближно 7,4 милиони барели дневно. Прелиминарните податоци укажуваат на тоа дека Саудиска Арабија пренасочила дел од извозот подалеку од пристаништето Јанбу на Црвеното Море, откако еден клучен нафтовод бил оштетен во напади. И покрај закрепнувањето, извозот од регионот останува за околу шест милиони барели дневно помал во споредба со февруари, кога изнесувал 18,8 милиони барели дневно, известува „Kpler“. Се очекува Саудиска Арабија, најголемиот извозник во регионот, овој месец да испорача околу 5,4 милиони барели дневно. Во август, нејзиниот извоз изнесуваше само 2,446 милиони барели дневно. Испораките од пристаништето Рас Танура во Заливот се зголемија на приближно 3,6 милиони барели дневно во септември, што претставува пораст во однос на 929.000 барели дневно во август. Сепак, тие остануваат на пониско ниво отколку во февруари, кога од ова пристаниште се испорачуваа 6,411 милиони барели дневно. Податоците од компанијата „Kpler“ покажуваат дека минатата недела низ Ормускиот теснец поминале вкупно 19 големи танкери за сурова нафта. Секој од нив превезува околу два милиони барели саудиска нафта. Овие бројки не ги вклучуваат пловилата што можеби поминале низ теснецот со исклучени транспондери за да избегнат откривање, пренесува Ројтерс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
МакедонијаМакедонските млади информатичари ја заокружија успешната година за Македонија со бронзен медал и олимписка пофалба на олимпијадата во СараевоНово одлично претставување на Здружението на информатичарите на Македонија, како заокружување на уште една, исклучително успешна година за Македонија на олимпијадите по информатика.Ново одлично претставување на Здружението на информатичарите на Македонија, како заокружување на уште една, исклучително успешна година за Македонија на олимпијадите по информатика, преку резултатот на 19-тата Јуниорска балканска олимпијада по информатика, која од 22-ри до 28-ми септември се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина. Македонскиот тим на овој престижен меѓународен натпревар во програмирање за ученици на возраст до 15,5 години, беше составен од натпреварувачите Зоран Илијоски од Кичево, Јаков Грујовски од Скопје, Панче Бансколиев од Струмица и Иан Стевков од Скопје. Тие беа предводени од лидерите Благојче Павлески и Петар Ковачовски, студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Во улога на претседател на БОИ иницијативата, дел од тимот беше и проф. д-р Миле Јованов од ФИНКИ. Овој тим освои еден бронзен медал и една олимписка пофалба. Заедно со овој резултат, вкупниот биланс на македонските ученици на меѓународните олимпијади на кои учествуваше Здружението во текот на оваа година изнесува два сребрени, десет бронзени медали и четири олимписки пофалби – остварување со кое би биле задоволни и многу поголеми држави. Членовите на македонскиот олимписки тим беа избрани преку целогодишен циклус на натпревари кој редовно го организира Здружението на информатичарите на Македонија, годинава по 37-ми пат, а со поддршка на ФИНКИ, како и неколку општествено одговорни компании: Сорсикс, Нетцетера и Семос Едукација. Официјален домаќин на олимпијадата е Босна и Херцеговина, во организација на асоцијацијата „Информатички олимпијади во Босна и Херцеговина“, а под генерално финансиско покровителство на државата. На олимпијадата учествуваат вкупно 55 натпреварувачи од следниве 10 земји членки: Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Македонија, Молдавија, Романија, Србија, Словенија и Турција, како и од земјите гости: Саудиска Арабија, Украина и Велика Британија. Во ваква силна конкуренција, бронзениот медал за Македонија го освои Зоран Илијоски, додека олимписката пофалница ја освои Панче Бансколиев. Следната, 20-та по ред, Јуниорска балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ 2027) ќе се одржи идната година во Грција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05