Мицотакис му честитал на Каселакис и го поканил на средба - Канал 5

Мицотакис му честитал на Каселакис и го поканил на средба

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис имал телефонски разговор со новиот лидер на СИРИЗА Стефанос Каселакис, му честитал за победата и го поканил да се сретнат во следните денови.

Мицотакис му честитал на Каселакис и го поканил на средба

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис имал телефонски разговор со новиот лидер на СИРИЗА Стефанос Каселакис, му честитал за победата и го поканил да се сретнат во следните денови, соопштија од кабинетот на Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, коментирајќи ја победата на Каселакис на партиските избори, изрази надеж и желба дека земјата „конечно ќе добие сериозна и веродостојна опозиција“, а СИРИЗА ќе се врати „на патот на вистината и реализмот“.

-Нашата конфронтација со господинот Каселакис ќе биде политичка и затоа ги очекуваме неговите позиции и предлози за сите големи прашања и целокупно за прашањата што се однесуваат на граѓаните. Исто така се надеваме дека ќе ја напушти логиката на токсичност и на говорот на поделба, што за жал многу години ѝ служи на партијата на која е избран за претседател, рече Маринакис, објаснувајќи дека со оглед на минатото на оние кои јавно го поддржаа Каселакис, Владата се сомнева дека ќе се напушти токсичниот говор.

Паралелно, владиниот портпарол се осврна и на фактот што Каселакис не е пратеник и нема да може да присуствува на парламентарните процедури.

-Во Парламентот се предлагаат и се гласаат сите големи реформи и сите големи промени, кои им се потребни на народот, а отсуството на опозициски лидер од овие процедури, во еден голем временски период, речиси четири години, сигурно претставува еден сериозен институционален недостаток. Затоа ние во Нова демократија, на Конгресот во 2016 година изгласавме предуслов дека за некој да биде кандидат за претседател на партијата, да биде член на пратеничката група, посочи Маринакис.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тероростички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)

Најмалку пет лица се убиени, а десет се ранети во пукотница во близина на главниот плоштад во полскиот град Краков, јавува ТВН 24, а пренесува Ројтерс.

Тероростички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)

Полскиот премиер Доналд Туск напиша на X дека полицијата го истражува инцидентот и дека добива информации од Министерството за внатрешни работи.

Според Би-Би-Си, меѓу ранетите има и полицајци.

Според полицијата, луѓето биле застрелани на случаен избор од маж кој отворил оган со автоматско оружје од автомобил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)

Поддржувачите на Албанската демократска партија денес започнаа марш од седиштето на партијата до кабинетот на премиерот, како дел од протестот против владата, објави албанскиот „Евроњуз“.

Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)

Демонстрантите, предводени од пратениците Фламир Нок, Агрон Џекмарк и други, се придружија на студентските протести составени од млади луѓе од различни градови во земјата.

Тие ги повикаа граѓаните, професорите и другите да им се придружат, нагласувајќи дека продолжуваат да ги отфрлаат повеќекратните понуди за дијалог од албанскиот премиер Еди Рама.

YouTube video

Рама, исто така, создаде онлајн платформа чија цел, како што изјави, е да служи како простор за комуникација првенствено со студентите, но и со другите граѓани.

Според него, платформата е „функционален мост“ отворен 24 часа на ден, преку кој можат да се испраќаат прашања, критики и предлози.

Тој рече дека нема забранети прашања и дека сака да разговара со студентите.

Академиците постојано го отфрлаат повикот на Рама за дијалог, кој беше придружен со предлог за одржување состаноци пред зградата на владата.

Платформата предвидува одржување на доверливоста на корисниците, додека пристапот се остварува преку идентификација на порталот е-Албанија.

„Се очекува пораките од пошироко значење да добијат јавни одговори, додека индивидуалните проблеми ќе бидат проследени до надлежните институции“, пишува „ Albanian post “.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција размислува за создавање стратешки резерви на жито

Француската влада разгледува можност за формирање стратешки резерви на жито поради растечката меѓународна нестабилност и потребата од поголема сигурност во снабдувањето со храна. 

Франција размислува за создавање стратешки резерви на жито

Министерката за земјоделство Ани Женвард побарала до крајот на месецот да ѝ бидат доставени конкретни предлози.

Франција имала стратешки резерви на храна по Втората светска војна, но системот бил укинат во 1950-тите години. Сега властите повторно ја разгледуваат оваа можност.

Според РТЛ, во земјата има околу 4.500 силоси за жито, чии капацитети би биле доволни за покривање на основната потрошувачка во период од еден месец во случај на воен судир. Сепак, нивните сопственици немаат ограничувања за извоз на житото, објектите не се оградени ниту обезбедени, а нивните адреси се јавно достапни.

„Денес стратешки резерви се создаваат низ цела Европа, во секоја европска држава освен Франција. Тоа е чисто лудило“, изјави за РТЛ Ерик Тироен, претседател на Здружението на производители на жито АГПБ. Тој оцени дека безбедноста на снабдувањето со храна е исклучително важна и дека резервите се неопходни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер