Мицкоски: СДСМ и Левица да ги остават политичките мотиви и да се вратат во собрание, има време да ја испорачаме реформата - Канал 5

Мицкоски: СДСМ и Левица да ги остават политичките мотиви и да се вратат во собрание, има време да ја испорачаме реформата

Работата на собраниската комисија за политички систем останува закончена откако опозицијата со филибастeринг ги блокираше измените на Изборниот законик.

Мицкоски: СДСМ и Левица да ги остават политичките мотиви и да се вратат во собрание, има време да ја испорачаме реформата

СДСМ и Левица поднеоа над 13 илјади амандамни за законското решние, кои во моментот се архивираат и преведуваат од собраниските служби поради што неизвесно е кога Комисијата ќе ја продолжи започанатата седница. Премеирот Мицкоски смета дека се уште има време да се донесе ваквиот реформски закон и ја повика опозицијата заеднички да го сторат тоа.

„Нашата порака беше јасна кажете се ќе пррифатиме не ви одговара гласањето да биде со заокружување на број и име во ред дајте амандман ќе го прифатиме. Не ви одговара начинот на поднесување жалби – кажете како се ќе прифатиме. Но наша црвена линија е гласањето на дијспората. Јас се надевам дека конечно од СДСМ и од Левица ќе се осмелат ќе ги остават своите политички мотиви во свеото политичко мочуриште ќе се вратат во Парламенот, се уште има време и оваа реформа да ја испорачаме. јас сум убеден дека политичките интереси ќе ги остават на страна и како приоритет ќе ги стават националните интереси“– Христијан Мицкоски, претседател на влада.

Изборниот законик заглави кај електронското гласање на дијаспората. Власта смета дека СДСМ сака да им го ускрати легитимното правото на нашинците во странство да учествуваат во изборниот процес, опозицијата обвинува дека власта шверцески сака да воведе електронско гласање во дијаспората без соодветни механизми на контрола, што според нив отвора сомнеж за изборни злоупоотреби. Не планираат повлекување на 10 илјади амандмани.

„Додека секој граѓанин кој гласа во татковината минува низ строга процедура – проверка на личен документ, потпис во избирачкиот список и идентификација со отпечаток од прст, Мицкоски сака за околу 200.000 потенцијални гласачи во дијаспората да нема исти правила и да нема никаква контрола. Без да се гарантира дека гласот е даден лично, со можности за злоупотреби од ВМРО, со притисок, со присуство на други лица и злоупотреба на идентитетот на гласачот“-Јована Тренчевска – потпретседателка на СДСМ .

„СДСМ во коалција со Левица поднесоа 13 илјади амандмани со цел да го спречат гласањето на нашинците во дијапората, плашејќи се дека ја немаат довербата на нашинците од дијапората. И ова е силна порака кон нив, најпвин СДСМ кога беше влада со својата катастрофа и катаклизма која ја донесоа мотивраше и избрка голем дел од граѓаните да си ја бараат среќата надвор од татковината, а сега по втор пат ги казнува не им дозволува да учествуваат на легитимни претседателски избори. еве ако е плашат за парламентарните, велиме за следните претседателски избори па натаму“– Христијан Мицкоски, претседател на влада.

Од блокадата на Изборниот законик не планира да отстапи ниту опозициската Левица. Од таму тврдат дека за електронско галасање на дијапората никогаш не бил постигнат консензус во работната група и сметаат дека поголемите партии сакаат измените во Изборниот законик да пропаднат, за да остане да важи постојниот, кој според нив не нуди рамноправн изборен натревар.

Мицкоски пак посочи дека сите барања на Левица биле прифатени и вметнати во законското решение, но дека Левица во последен момент одбила да го потпише Изборниот зконик и ги обвини дека едно зборуваат, а друго прават...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер