Мицкоски: Протоколите со Софија не се дел од преговарачката рамка - Канал 5

Мицкоски: Протоколите со Софија не се дел од преговарачката рамка

По шефот на дипломатијата Муцунски, и премиерот Мицкоски го повтори владиниот став дека протоколите потпишани меѓу Скопје и Софија не се дел од преговарачката рамка на Македонија.

Мицкоски: Протоколите со Софија не се дел од преговарачката рамка

Тој изјави дека и покрај тоа, соседна Бугарија има целосно спротивно толкување со кое тврдат дека и првиот и вториот протокол се дел од рамката, преку која имаат можност за блокада на македонските евроинтеграции.

„ Апсолутно ние го делиме ставот дека протоколите не се дел од преговарачката рамка, но за жал другата страна, бугарската страна тврди дека се тие дел и дека тие потпишале таков договор со претходната влада во којшто од претходната влада им било ветувано се и сешто. Но ние како влада не цениме дека протоколите се дел и не треба да бидат дел од преговарачката рамка. Така што, тој став ние го имаме од првиот момент, до денеска, но за жал ставот којшто го има другата страна е сосема поинаков, а тој став е таков поради егзибициите и капитулациите на претходната влада на СДСМ и ДУИ и преговарачкиот тим воден од губитникот од Чаир. “– Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Првиот и вториот протокол се документите кои ги потпишаа поранешните министри Димитров и Османи во 2019 и 2022 година. Вториот според Владата се смета за попроблематичен поради преземените обврски со него- да се спроведат уставните измени за да се отвори патот за пристапни преговори со ЕУ, да се охрабри мешовитата историската комисија да забрза и да постигне јасни резултати, а вклучени се и образовни прашања и спречување на говор на омраза меѓу двата народа. Неодамна во Само интервју актуелниот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски изјави дека според него овој протокол е обичен записник од средба и не создава никакви правни обврски за Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Народен правобранител: Утре од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во Тетово

Покрај лично во канцеларија, граѓаните  ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и на телефонскиот број 044 344-082

Народен правобранител: Утре од 7:00 до 19:00 часот  ќе  биде отворена подрачната канцеларија во Тетово

Во недела ( 18 октомври ) на денот на одржувањето на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во Тетово, со цел граѓаните да можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Покрај лично во канцеларија, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и на телефонскиот број 044 344-082,

Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

И во оваа пригода, народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела.

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 23 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен.

До средината на следната седмица времето ќе биде сончево со мала локална облачност во текот на денот. Во среда облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време, со краткотрајни сончеви периоди. Во четврток и петок ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Можна е средба со Русите во Мајами

Официјални лица од Украина, САД и Русија би можеле да се сретнат за време на самитот на Г20 во Мајами во декември.

Зеленски: Можна е средба со Русите во Мајами

Сепак, Вашингтон и Москва не ја потврдија средбата, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека се можни и други места.

„Средбата би можела да се одржи во САД за време на самитот на Г20. Сепак, засега нема потврда ниту од Русија ниту од САД. Може да се одржи и во некоја европска земја“, рече Зеленски во разговор со новинарите преку апликацијата „WhatsApp“.

Тој додаде дека средбата би можела да се одржи и во една од земјите од Блискиот Исток, објави Ројтерс.

„САД постојано ги споменуваат Обединетите Арапски Емирати или Саудиска Арабија“, рече Зеленски, додавајќи дека украинските преговарачи разговарале со американски претставници во петокот, но не даде детали.

Тој рече дека на Европа ѝ е потребен свој колосек за разговори со Русија, со која односите се затегнати поради војната во Украина. Групата од 20 водечки економии, во која се вклучени САД и Русија, но не и Украина, треба да одржи самит во Мајами во декември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер