СДСМ поднесе иницијатива за итна собраниска седница за заштита на жените и одговорност од институциите
1СДСМ поднесе иницијатива за итна собраниска седница за заштита на жените и одговорност од институциите
3ЛДП: Владата да гарантира дека нема да има поскапување на струјата и греењето – народот е многу осиромашен!
МакедонијаМицкоски преку фејсбук најави протест во вторник „за ЕУ, за Македонија, за Делчев"Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево на својот фејсбук профил најави нов протест за вторник, во 18:30 часот.Протестот ќе почне од Министерството за правда, ќе продолжи преку мостот „Гоце Делчев” и ќе заврши пред МНР. -Ова е протест на народот, целта е ЗА ЕУ, ЗА Македонија, за Делчев. Гоце е црвената линија за нашето достоинство. Делчев го разбираше светот како поле за културен натпревар помеѓу народите. Европската Унија, од која секој ден сме се подалеку со мафијата на власт, почива врз идеите на солидарност, заедништво и градење на мостови. Владата преговара за Делчев, а очите на јавноста се далеку од тоа што за нашата земја е суштински важно. Нашите историчари заслужуваат поддршка, затоа што Гоце е столбот на македонизмот. Власта да има во предвид колку е важен супстратот за кој разговараат, напиша Мицкоски на својот фејсфуб профил. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ поднесе иницијатива за итна собраниска седница за заштита на жените и одговорност од институциитеВо Македонија жените повеќе не страдаат само од раката на насилниците – страдаат и од институционалниот молк и неказнивост. Сведоци сме на бројни насилства врз жени и убиства, зад кои стојат претходни пријави, барања за помош и институционални пропусти. 17-годишнта девојка Билјана од Богданци - убиена и покрај активната забрана за приближување. Росица од Велес, Рамајана од Шуто Оризари, Ивана и нејзината ќерка од Скопје - не ја дочекаа помошта, не добија заштита и покрај бројните пријави. Насилникот кој ја претепа до бессознание Сара во Охрид првично беше пуштен да се брани од слобода. Ова не се изолирани инциденти - ова е доказ дека системот не ги штити жртвите. И случаите за кои наводно МВР постапува, не водат до одговорност на високите раководни позиции. Вината е префрлена само врз обичните полициски службеници. Во последните две години се регистрирани 13 фемициди – 6 во 2025 и 7 во 2026 година. Во 2025 година во МВР биле евидентирани рекордни 4.745 пријави од жени и поднесени над 1.000 кривични пријави, додека центрите за социјална работа регистрирале 1.754 нови жртви на семејно насилство. Во првите десет месеци од 2026 година, бројот на пријави е зголемен за над 70%, а поднесени се 1.450 кривични пријави – зголемување од 50% во однос на истиот период минатата година, додека Министерството за социјална политика сè уште до денес ги нема јавно објавено полугодишните податоци за 2026 година. До надлежното јавно обвинителство се поднесени речиси 2.500 кривични пријави за овие две години. Но, клучното прашање на кое јавноста сè уште нема одговор, е за колку од нив е поднесен обвинителен акт и има судска завршница. Огромната бројка на пријави не значи ништо ако правдата заглави во фиоките, а насилниците останат неказнети. Наша должност како пратеници, и морална обврска е да застанеме во одбрана на жртвите на насилство, нивните семејства и безбедноста на секој поединец во државата. Затоа, како пратеничка група на СДСМ и коалицијата согласно одредбите од Деловникот, денес поднесуваме Иницијатива за одржување на итна седница на Собранието со присуство на министрите за внатрешни работи, социјална политика и правда и државниот јавен обвинител. Бараме итна седница на Собранието, на која без одложување и без политички калкулации ќе расправаме за насилството врз жените и семејното насилство, ќе бараме одговорност од секој кој направил пропуст во постапувањето и да испорачаме конкретни мерки за превенција и заштита. На граѓаните им е потребен функционален систем што штити животи, систем кој ќе им понуди безбедност, и тоа како пратеници мора да им го овозможиме. Затоа ги повикуваме сите пратеници во Собранието, да застанат зад оваа наша иницијатива, да ја потпишат и да се свика итна седница. Има неколку работи кои како Собрание можеме да ги направиме. Прво е да во најможен краток рок да се донесат заклучоците од Надзорната расправа, Надзорна расправа која се одржа во јуни-јули и до денес немаме заклучоци од истата. Да ги разгледаме барањата на граѓанските организации кои што работат на оваа проблематика за измена на осумте закони, да се стават на седница измените на Законот за заштита и спречување од насилство, кој што од август месец е во Собранието, и секако преку дискусиите на самата седница да утврдиме одговорност, односно пропусти во постапувањето на институциите, да бараме одговорност и да донесеме одредени конкретни мерки за превенција на граѓаните и секако заштита на жртвите од насилство и семејно насилство. Прес - конференција на СДСМ - Јована Тренчевска,пратеничка Скопје, 24.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМосква го „дигна на нозе“ НАТО, авион AWACS пристигнува во Полска НАТО ќе испрати авион AWACS во Полска како одговор на падот на три ракети на територијата на Алијансата, потврди полскиот заменик-министер за одбрана, Павел Залевски.Минатиот петок, како што потврди обвинителството, три руски ракети „Х-101“ паднаа на територијата на Полска. Инцидентот предизвика загриженост дека војната во Украина би можела да се прошири на територијата на НАТО, пишува Ројтерс. По состанокот на НАТО во Брисел, Залевски им изјави на новинарите дека Полска ќе добие авион од типот AWACS. „Станува збор за врвен систем кој ни овозможува многу подобар оперативен увид во ситуацијата. На тој начин, можеме поефективно да одговориме на ваквите закани“, рече тој. Флотата на НАТО располага со 14 авиони за рано предупредување и контрола, кои се препознатливи по радарските куполи со дијаметар од девет метри. Овие летала се во служба на Алијансата за воздушен надзор и контрола уште од 1982 година. Тие се стационирани во воздухопловната база Гајленкирхен во Германија, а од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година, интензивно се користат за надгледување на источното крило на НАТО. Во случај на конфликт, системите AWACS можат да обезбедат единствена радарска слика за сите сојузнички борбени авиони, бродови и командни центри, истовремено насочувајќи ги борбените авиони на НАТО кон целите.Тагови: НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОдбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00
Шоу бизСкандалозна судска одлука по разводот на Џесика АлбаРазводот на Џесика Алба добива нов епилог, поранешниот сопруг ќе добие над половина милион долари.Американската актерка Џесика Алба мора да му исплати на својот поранешен сопруг, Кеш Ворен, 577.481 долар – или околу 500.000 евра – од својата пензиска заштеда. Оваа исплата е дел од договорот за развод меѓу поранешните сопружници, пренесува TMZ. Распределба на пензиската заштеда Според судските документи, Ворен го добил наведениот износ од сметката за пензиска заштеда на Алба, која е дел од програмата за распределба на добивката во компанијата „HonorBar Inc.“. Преостанатите средства на сметката ѝ припаѓаат на актерката. Ворен има можност да ги подигне парите во целост или да ги префрли на друга пензиска сметка. Доколку се одлучи за втората опција, тој може да избегне автоматско одбивање на 20 отсто од износот за даночни цели, постапка што вообичаено се применува при вакви исплати. Алба, исто така, е должна да му достави на својот поранешен сопруг изводи од сметките во рок од десет дена по добивањето писмено барање, доколку тој поднесе такво барање во текот на следната година. Поранешните сопружници, кои имаат три деца, официјално се разведоа во февруари 2026 година. Според претходен договор, Алба требаше да му исплати на Ворен три милиони долари, со цел да се изедначи вредноста на имотот што секој од нив го добил по разводот. Поранешните партнери, исто така, подеднакво ги поделија своите удели во разни компании, акциите во „The Honest Company“, како и заработката од проектите на кои работеле за време на нивниот брак.Тагови: Џесика Алба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОдбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00