Мицкоски: На првата владина седница повисоки пензии за пензионерите

На првата седница повисоки пензии за пензионерите. Со гордост ја споделувам веста дека ветувањето пред повеќе од 1 година станува реалност.

Ден 5: повисоки пензии

На првата седница повисоки пензии за пензионерите. Со гордост ја споделувам веста дека ветувањето пред повеќе од 1 година станува реалност.

После победата на изборите, новата Влада веднаш пристапи кон исполнување на своите ветувања. На првата владина седница која се одржа на 28 јуни 2024 година, најавувам линеарно зголемување на пензиите за 5000 денари. Првата исплата од 2500 денари ќе биде во септември, а втората од 2500 денари ќе следува во март.

Ова ветување го дадов и на мојата последна средба со пензионерите во Велес. Тоа беше време кога тие протестираа по улиците барајќи достоинствен третман од власта. Попладнево со задоволство ќе ги посетам.

Ги исполнуваме ветувањата дадени пред граѓаните и заедно градиме подобра иднина!

За тебе!

Исполнуваме!

Се грижиме!

#МакедонијаЗаТебе, објави на својот профил на фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.

Два хеликоптера на МВР го гаснат пожарот кај село Сушево, опасноста по селото отстранета

Хеликоптер Ми-171 од Одделот за  воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од ЦУК, дејствуваше на пожарот кој го загрозуваше с. Сушево,  атар на Општина Василево.

Како што соопшти МВР, хеликоптерот исфрлил над 55 тона вода, а поради опасноста по селото, во гасењето на пожарот бил вклучен и хеликоптерот Бел 412 кој исфрлил 30 тони вода, по што опасноста по селото е отстранета.

-Пожарот уште е активен и се преземаат мерки за негово гасење, наведуваат од МВР.

Русија и Белорусија се договорија за продолжување на блиската соработка

Министрите за надворешни работи на Русија и Белорусија се договорија за продолжување на блиската соработка

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неодамна назначениот шеф на дипломатијата на Белорусија Максим Риженков во денешниот телефонски разговор се договориле за продолжување на блиската соработка на мултилатерални платформи и размениле мислења за актуелни меѓународни прашања, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Се разговараше за актуелните прашања од руско-белоруските односи, беа разменети мислења за актуелни меѓународни и регионални прашања, се договоривме да ја продолжиме блиската соработка на мултилатерални платформи“, се вели во соопштението.

Лавров, се додава во соопштението, ја искористил приликата и „му честитал на својот белоруски колега за неговото именување на функцијата министер за надворешни работи на братска земја“. /МИА

Холандскиот премиер Руте во својот проштален говор повика на поддршка за Украина, ЕУ и НАТО

Холандскиот премиер во заминување Марк Руте денеска, во своето последно јавно обраќање на таа позиција пред да стане генерален секретар на НАТО, ја повика својата земја да продолжи да дава поддршка за Украина и меѓународната соработка.

„Од клучно значење е нашата земја да биде интегрирана во Европската унија и НАТО. Заедно сме посилни отколку сами. Особено сега, рече Руте.

Новата влада, која се очекува да стапи на должност во вторник, вети дека ќе продолжи да ја поддржува Украина.

Руте е на функцијата премиер на Холандија од 2010 година, што го прави премиер со најдолг стаж во историјата на таа земја, а во октомври треба и официјално да стапи на функцијата генерален секретар на НАТО алијансата, наследувајќи го Јенс Столтенберг. /МИА

притисни ентер