Венко Филипче е нов лидер на СДСМ

Како што на официјална прес- конференција беше потврдено, Венко Филипче со голема предност пред другите противкандидати е победник на внатрепартиските избори за лидер на СДСМ.

Според 95% од обработените гласови Венко Филипче освоил 9052 гласови. Следен по бројот на гласови е Јован Деспотовски со 2705 освоен глас. Александар Бајдевски со 905 и Славјанка Перовска со 190 гласа.

Од партијата изборите ги оценија како фер и демократски, но и Деспотовски и Бајдевски имаа забелешки за процесот, а Славјанка Петровска претходно се откажа од трката поради сомнежи за нерегуларности. Филипче во првата изјава најави обединување и реформи во партијата, со цел таа повторно да се врати како победничка сила во земјата.

Богато украсени пиштоли на Наполеон ќе се продаваат на аукција

Два богато украсени пиштоли кои му припаѓале на Наполеон I до неговата прва абдикација во април 1814 година, а со кои сакал да се убие, ќе бидат понудени на аукција во недела во близина на Париз, објави аукциската куќа Осенат.

Пиштолите се продаваат во дрвени кутии и со додатоци. Тие се украсени со злато и сребро и го носат ликот на императорот, а нивната вредност се проценува на 1,2 до 1,5 милиони евра, изјави експертот на Осенат, Жан-Пјер Осенат.

„Наполеон специјално ги нарачал од занаетчиот Луис Марин Госет, кој работел во фабриката во Версај“, рече тој. Пиштолите се поврзани со неговиот обид за самоубиство во Фонтенбло, во близина на Париз, ноќта меѓу 12 и 13 април, бидејќи бил разочаран од воениот пораз.

Но, тој беше спречен во тоа од неговиот главен коњушар Коленкур (Armand Augustin Louis, Marquis of Caulaincourt, војводата од Виченца, 1773-1827), кој го извадил барутот од пиштолот. Наполеон потоа зел отров, но го фрлил и не умрел, рекол Осенат. „Тогаш императорот му подари два пиштоли на Коленкур за неговата лојалност во тие црни денови. Оттогаш тие се во сопственост на неговото семејство кое реши да ги продаде“, рече тој.

Осенат истакна дека пиштолите имаат голема уметничка и историска вредност и се барани во целиот свет. Тој потсети дека во ноември познатата капа на Наполеон беше продадена за 1,93 милиони евра.

Наполеон абдицирал за прв пат на 6 април 1814 година, по влегувањето на пруските и руските трупи во Париз, и отишол во егзил на островот Елба.

Дефинитивно бил поразен во битката кај Ватерло, по што абдицирал по втор пат во јуни 1815 година и отишол во егзил на островот Света Елена, каде што починал во мај 1821 година.

Трипуновски: Ги потпишав сите заостанати договори и документи во Министерството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска ги потпиша сите заостанати договори и документи што предолго чекаа за потпис.

Ги потпишав сите оние договори и документи кои долго стоеле по фиоките во кабинетите на Министерството за кои претходната гарнитура не нашла време или пак не сакала да ги потпише од причини само за нив јасни. - изјави Трипуновски.

Ова е само најава на тоа што следува и во која насока ќе се движи Министерството во иднина, со зголемен ангажман, побрза реакција и поголема грижа за македонските земјоделци.

Ја намалуваме бирократијата и ги забрзуваме процесите и постапките бидејќи македонските земјоделци треба да се посветат само на производството. - заврши Трипуновски, соопштуваат од МЗШВ.

Остин: Украина ја очекуваат добри вести по самитот на НАТО

Соединетите држави наскоро ќе објават повеќе од 2,3 милијарди долари нова безбедносна помош за Украина, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин за време на средбата со неговиот украински колега во Пентагон.

Остин, исто така, ја даде својата поддршка за аспирациите на Украина на крајот да се приклучи на НАТО. На самитот на НАТО следната недела во Вашингтон, Остин рече: „Ќе преземеме чекори за изградба на мост до членството на Украина во НАТО“. Остин не даде специфики. Украинските власти со месеци ги притискаат своите сојузници да испорачаат повеќе системи за противвоздушна одбрана за одбрана од честите ракетни и беспилотни напади на руските сили по инвазијата од Русија во 2022 година.

Остин рече дека најновиот пакет на оружје за Украина ќе вклучува оружје како што се противтенковски оружја и пресретнувачи за воздушна одбрана и ќе овозможи забрзана набавка на пресретнувачите НАСАМС и Патриот. „Горд сум што САД наскоро ќе објават повеќе од 2,3 милијарди долари нова безбедносна помош за Украина“, рече Остин, говорејќи на маргините на состанокот со украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров.

„Овој пакет, под надлежност на претседателот, ќе обезбеди повеќе пресретнувачи за противвоздушна одбрана, противтенковско оружје и друга критична муниција од американските резерви“, додаде тој.

Се очекува Украина да добие „добри вести“ во својата потрага по повеќе системи за противвоздушна одбрана на самитот на НАТО во Вашингтон следната недела, изјави висок претставник на американскиот Стејт департмент.

Се надеваме дека ќе можеме да дојдеме на самитот и да дадеме некои нови соопштенија за противвоздушната одбрана, рече функционерот кој сакаше да остане анонимен.

„Слушнавте дека Украинците сакаат да обезбедат дополнителни Патриоти или слични системи. И мислам дека ќе имаме дополнителни добри вести за нив на тој фронт“, додаде тој.

Лидерите се собираат на самитот на НАТО во Вашингтон од 9 до 11 јули, делумно за да ја прослават 75-годишнината од воената алијанса, објави тој.

притисни ентер