Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија - Канал 5

Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија

Денес не сме собрани само да одбележиме уште еден празник. Денес сме собрани да го одбележиме споменот за времето кое не се мери со години, туку со идеали, со жртви, со соништа...

Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија

„Почитувани граѓани,

Уважени гости,

Драги пријатели,

Денес не сме собрани само да одбележиме уште еден празник. Денес сме собрани да го одбележиме споменот за времето кое не се мери со години, туку со идеали, со жртви, со соништа и со луѓе кои знаеле дека има мигови во историјата кога човекот повеќе не живее само за себе, туку живее за народот, за својата татковина и за генерациите кои допрва доаѓаат.

Илинден не е само датум, тој е и завет, но и карактер. Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, можат да бидат напаѓани, можат да бидат предавани, потценувани, но никогаш не можат да бидат покорени, затоа што слободата не започнува на границите на една држава, туку во срцето на еден народ. Токму затоа денес ги славиме двата Илиндена како една историска целина, затоа што Крушево и АСНОМ не се две различни приказни, туку една низа, две страници од истата книга, напишана со вера, со храброст и со непоколеблива одлучност земјата да биде своја, достоинствена и слободна.

Во Крушево се роди идејата дека слободата вреди повеќе од животот. На АСНОМ, недалеку од ова место, во манастирот Св. Прохор Пчињски, таа идеја доби своја државотворна форма. Во Крушево се покажа дека народот никогаш не престанува да сонува. На АСНОМ се покажа дека народот кој не престанува да сонува, знае и да создава. Два маркантни лика ги водеа овие два процеси: претседателот на Славната Крушевска Република, Никола Карев, и првиот претседател на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто.

И делегатите на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година го побарале својот темел, основата на која ќе ја градат македонската држава, и таквата цврста подлога ја пронашле 41 година наназад, во македонскиот Илинден 1903 година, на темелите на борбата на комитите и војводите кои четири децении пред нив го развеале знамето на Крушевската Република и се бореле за слободна и автономна Македонија, чиј патрон е организацијата ВМРО. Во моментите кога асномците во манастирот Св. Прохор Пчињски ги изгласувале основачките акти, решенија и одлуки кои ја дефинирале тогашната македонска државност, тие биле целосно свесни дека историскиот континуитет со 2 август 1903 година е од суштинско значење за градењето и зацврстувањето на македонскиот национален идентитет и затоа поврзувањето на двата Илиндена јасно го запишале во документите како еден од најглавните столбови на автономна Македонија.

Декларацијата за основните права на граѓаните во Македонија била изгласана по примерот на Француската револуција од 1789 година и таа ги регулирала слободата на говорот, правото на национална припадност, правото на движење, правото на глас, за првпат и правото на глас на жените, правото на вероисповед и правото на приватна сопственост. Со овој документ, АСНОМ пред македонскиот народ и останатите националности во Македонија ја претставувал новоформираната држава не само како држава со социјалистичко општествено уредување со доминантна комунистичка идеологија, туку и како држава со примеси на граѓанско-политичко уредување. Автор на овој значаен документ бил Владимир Полежиновски, доктор по правни науки и еден од делегатите со највисоко образование, кој бил и еден од авторите на поголемиот дел од документите изгласани и усвоени на Првото заседание на АСНОМ.

Антифашизмот станал трајна македонска определба, а благодарение на политиките на тогашното македонско воено-политичко раководство била избегната идеолошка граѓанска војна со крвави последици — нешто што се случувало на поранешните југословенски простори за време на Втората светска војна. Асномците, македонските борци за слобода во НОБ, со одлуките и решенијата на 2 август 1944 година потврдија и трајно запечатија уште еден историски факт кој не може да го побие или негира ниту еден фактор, држава или историографија: македонското народноослободително движење во текот на Втората светска војна, македонските партизани, македонската војска, сама, со сопствени сили, без ничија помош однадвор, ја ослободи татковината од окупаторите и со тоа го верификуваше автохтониот, самостоен карактер на македонската државност. Слободата не ја донесе никој однадвор, македонскиот народ и сите националности сами се изборија и ја извојуваа македонската државност и ги остварија вековните идеали на ајдутите, комитите, војводите, партизаните и на сите знајни и незнајни борци низ децениите наназад.

Драги пријатели,

И затоа, кога денес ги спомнуваме илинденците, кога се поклонуваме пред делото на државотворците од АСНОМ и кога ги изговараме нивните имиња, не го правиме тоа само од почит кон минатото, туку затоа што сакаме да си поставиме едно исклучително важно прашање: дали сме достојни наследници на нивната жртва и дали доволно храбро ја носиме одговорноста што тие ни ја оставија?

Историјата не бара од нас да ги повторуваме нивните чекори. Историјата бара да ја покажеме истата храброст. Зашто секоја генерација има свој Илинден. Некои генерации се бореле против империи. Некои генерации се бореле за држава. Некои генерации ја бранеле слободата со оружје. А нашата генерација има поинаква, но не помалку тешка задача — да ја зачува државата силна, да ја направи просперитетна, да ја направи праведна и повторно да ја направи земја во која луѓето ќе веруваат дека вреди да се остане, да се работи, да се создава, да се основа семејство и да се гради иднината, тука дома, во својата татковина.

Затоа денес не смееме да зборуваме само за славното минато. Минатото не смее да биде место во кое ќе се засолнуваме. Минатото мора да биде темел од кој ќе црпиме сила за она што допрва треба да го изградиме. Зашто народ што живее само од својата историја полека почнува да ја губи својата иднина. Но народ што ја почитува својата историја, а храбро ја создава својата иднина, никој не може да го запре.

А верувајте, и ова го кажувам со полна вера, оваа битка на оваа генерација е последната надеж за иднината на државата. И не смееме и не можеме да потфрлиме. Битката на оваа генерација е последната линија и сила на отпор против многу неправди, против многу историски одлуки за кои, иако не влијаевме, беа погрешни и влијаеја врз нас.

Денес татковината знам дека не е земјата и државата за која сонуваа илинденците и асномците, но нашата битка е токму да ја вратиме таквата татковина. И морам да ви кажам, можеби за некого не толку доволно, но за многумина секој ден, чекор по чекор, одлучно како и во минатото, правиме чекори со кои ја враќаме вербата и создаваме примери каде Македонија победува. Сетете се само пред неколку години какви беа односите на политичките сили. Колку граѓаните беа мајоризирани пред налетот на разноразни интереси на политичките елити тогаш на власт. Денес тие се длабоко во опозиција, распаднати помеѓу своите лични интереси и далеку од столчињата на власт кои ним им овозможуваа удобен живот.

Тие фотелји на власт тие ги држеа не со поддршката од народот, туку со предавствата и отстапките кои ги правеа. Горчливиот пелин од тие отстапки го чувствуваме и денес, и да бидеме реални, нема Македонец кој со чувство на тегоба не се потсетува на таквите одлуки. И она што ме загрижува е што лидерите на опозицијата, наместо натпревар со идеи, концепти и предлози, создаваат блато составено од многу нихилизам, омраза, ширење епидемија од дефетизам, како супститут на квалитетна понуда. На секој успех се гледа со недоверба, во секоја наша потешкотија или борба се гледа нивната радост и навивање да не успееме. Но сакам да им порачам дека никогаш, никогаш нема да се откажам од борбата да ја направиме Македонија подобро место за живеење — наш дом и наша иднина. Никогаш нема да го прифатам нивното однесување на отстапки кон прашањата кои се блокада на нашиот пат кон ЕУ и никогаш нема да го разочарам народот. Јас предавства на штета на државата и народот, како што се правеше во минатото, по ниту една цена нема да направам.

Не паѓајте во замката на талогот кој тие го создаваат. Ве молам внимавајте и не му верувајте на тој талог од неуспеси, цинизам и мразење на сè што е успешно. Нашата генерација има обврска да се избори за нешто што е подеднакво важно — да ја зачува душата, да ја врати вербата во институциите, да го врати достоинството на чесниот човек и повторно да ја направи надежта најсилна движечка сила на нашето општество.

Затоа што денес не се води само политичка битка. Не се води само економска битка. Не се води само битка за нови инвестиции, повисоки плати, подобри училишта, модерни болници или нови патишта, иако сето тоа е неопходно и ќе продолжиме да го правиме со уште поголема решителност.

Денес се води една многу подлабока битка — битка за човековиот дух. Битка за тоа дали ќе дозволиме стравот да стане посилен од надежта. Дали ќе дозволиме цинизмот да стане погласен од чесноста. Дали ќе дозволиме лагата да стане повлијателна од вистината. Дали ќе дозволиме омразата да стане поголема од љубовта кон татковината. Затоа што има нешто што е поопасно од сиромаштијата. Има нешто што е поопасно и од секоја економска криза — тоа е моментот кога еден народ ќе престане да верува во себе. Кога ќе почне да мисли дека секој обид е однапред осуден на неуспех. Кога ќе се помири со просечноста. Кога ќе се навикне на неправдата. Кога ќе почне да го прифаќа поразот како нормална состојба.

Тоа е најопасниот отров што може да влезе во едно општество. И тој отров го шират една иста група луѓе кои, за разлика од напатениот народ, секој викенд се на јахти и договараат и се нудат за нови отстапки.

Тоа е отров кој не се гледа. Не се мери. Не се анализира во лаборатории. Но тивко ја убива енергијата на народот. Ја убива волјата да се создава, желбата да се остане. Ја убива довербата меѓу луѓето. И на крајот ја убива надежта. А народ без надеж никогаш не може да биде голем.

Токму затоа денес сакам јасно да кажам дека нашата најголема задача не е само да управуваме со институциите. Нашата задача е повторно да изградиме доверба. Да изградиме чувство дека оваа држава повторно му припаѓа на народот. Дека законите важат еднакво за сите. Дека чесниот човек нема да биде последен. Дека трудот ќе биде награден. Дека знаењето ќе биде почитувано. Дека младите нема да бидат принудени да ја бараат својата иднина далеку од домот, туку ќе ја гледаат токму овде, дома. И затоа, кога велиме непокор, не мислиме само на непокорот на револуционерите од 1903 година.

Мислиме и на непокорот против ваквите луѓе — создавачи на тој талог, непокор против криминалот, против неправдата. На непокорот против секој обид да се обесхрабрат чесните луѓе. На непокорот против секој што сака да ја убие вербата. Затоа што вистинскиот непријател на секоја држава не е само оној што ја напаѓа однадвор.

Вистинскиот непријател е секој што одвнатре ја разорува довербата меѓу луѓето, што ја поттикнува омразата, што шири чувство дека ништо нема вредност и дека секој успех однапред треба да биде омаловажен. Но постои огромна разлика меѓу критика која сака да поправи и цинизам кој сака да уништи. Постои огромна разлика меѓу политичка дебата и систематско труење на јавниот простор со песимизам, со омраза и со убедување дека оваа држава нема иднина. Ние нема да прифатиме таква татковина.

Нема да дозволиме нашите деца да растат слушајќи дека единствениот успех е да заминеш. Нема да дозволиме најголемата амбиција на младите да биде билет во еден правец. Нема да дозволиме надежта да биде исмејувана, а разочарувањето да се претставува како мудрост. Затоа што ниту еден народ не изградил силна држава така што секој ден си повторувал дека ништо не вреди.

Големите народи стануваат големи тогаш кога, и во најтешките времиња, одлучуваат да веруваат во себе повеќе отколку што веруваат во своите стравови. Токму тоа е духот на Илинден.

Почитувани,

Затоа денес сакам да кажам нешто што длабоко го чувствувам.

Никогаш не сме победувале кога сме биле поделени, а секогаш сме победувале кога сме се обединувале околу голема цел. Така било во Крушево. Така било на АСНОМ. Така мора да биде и денес. Затоа што има работи што се поголеми од секоја политичка партија. Поголеми од секоја функција. Поголеми од секој мандат, од секој поединец. Тоа е нашата татковина. Тоа е домот што ни го оставиле генерациите пред нас и што ние сме должни да им го предадеме на генерациите по нас уште посилен, уште попросперитетен и уште подостоинствен.

И токму затоа нашата борба денес не е борба против некого. Нашата борба е борба за нешто. За држава во која институциите ќе бидат посилни од поединците. За држава во која законот ќе биде посилен од привилегијата. За држава во која знаењето ќе биде поважно од партиската книшка. За држава во која успехот ќе биде резултат на труд, а не на врски. За држава во која ќе владее правдата, а не стравот. За држава во која секое дете ќе има причина да сонува, а секој родител причина да верува дека неговото дете има иднина токму овде.

Тоа не е лесен пат.

Но ниту еден Илинден не бил лесен.

Ниту една голема победа во историјата не дошла без жртви, без трпение и без истрајност.

Затоа нема да се откажеме. Немаме право да дозволиме омразата да стане поважна од љубовта кон татковината. Немаме право да дозволиме песимизмот да стане национална идеологија. Немаме право да дозволиме цинизмот да ја замени визијата. И најмалку од сè, немаме право да дозволиме некој да ја убие надежта кај народот.

Затоа што надежта не е наивност.

Надежта е одлука.

Одлука да продолжиш и кога е тешко, да веруваш и кога многумина се сомневаат. Одлука да создаваш и кога е полесно да рушиш.

А нашата должност е еден ден и идните генерации со истата почит да зборуваат за времето во кое живееме ние.

Да кажат дека тоа била генерацијата која повторно ја исправила земјата.

Генерацијата која повторно ја вратила довербата, која не се исплашила од предизвиците, која не дозволила лагата да стане вистина, а разочарувањето да стане судбина.

Драги пријатели,

И кога по многу години некој ќе праша што нè водело во овие времиња, сакам одговорот да биде едноставен.

Не нè водеше стравот.

Не нè водеше омразата.

Не нè водеше желбата да бидеме поголеми од другите.

Нè водеше љубовта.

Нè водеше чувството на должност кон оние што ја создадоа.

Нè водеше одговорноста кон оние што ќе ја наследат.

Затоа денес, од местото каде што одекнува гласот на историјата, да испратиме порака што ќе се слушне во секое македонско село, во секој град, во секој дом и во срцето на секој човек: дека ќе останеме исправени кога е најтешко, ќе останеме обединети кога најмногу ќе се обидуваат да нè поделат, ќе останеме достоинствени кога ќе сакаат да нè понижат, ќе останеме непокорни кога ќе сакаат да нè поколебаат.

И дека никогаш, никогаш нема да отстапиме од идеалите на Илинден и АСНОМ, затоа што тие не се само дел од нашето минато, туку се темелот врз кој ја градиме иднината на Македонија.

Затоа денес, со гордост, со вера и со длабоко чувство на одговорност, да си ветиме еден на друг дека ќе ја чуваме оваа држава, дека ќе работиме за неа, дека ќе ја оставиме посилна отколку што сме ја наследиле и дека секогаш ќе бидеме достојни наследници на илинденците.

Нека живее вечниот дух на Илинден!

Нека живее државотворната мисла на АСНОМ!

Нека живее нашата единствена татковина!

Бог да ја благослови Македонија!“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колку точно му е потребно на телото целосно да го исфрли алкохолот

 – Професор открива што се случува во организмот

Колку точно му е потребно на телото целосно да го исфрли алкохолот

Еве што навистина помага.

После бурна ноќ помината со консумирање алкохол, честопати е тешко да се процени кога тој целосно би го напуштил телото. Времето потребно за негова разградба зависи од повеќе фактори – пред сè од испиената количина, брзината на пиење и индивидуалниот метаболизам.

Сепак, лекарите предупредуваат на една сурова вистина: не постои магичен трик за забрзување на метаболизмот на алкохолот. Единствениот сигурен начин е да му дадете на телото доволно време да го преработи, со што истовремено се намалува огромното оптоварување на црниот дроб, пренесува Health.com.

Како телото го преработува алкохолот?

Откако ќе испиете пијалак, алкохолот брзо се апсорбира преку дигестивниот систем и влегува во крвотокот. Тој останува во крвта сè додека црниот дроб, со помош на два клучни ензима, не го разгради и целосно не го елиминира. Овие ензими го претвораат алкохолот најпрво во нуспроизводи, а на крајот во вода и јаглерод диоксид, кои телото потоа ги исфрла.

Колку побрзо пиете, толку повеќе расте концентрацијата на алкохол во крвта, бидејќи црниот дроб едноставно не може да постигне да преработи толку голема количина. Стандардниот тест за алкохол во крвта може да го открие присуството на алкохол и до 12 часа по неговото консумирање.

Четири клучни фактори што влијаат на ситуацијата

Начинот на кој телото реагира на алкохолот е строго индивидуален, но брзината со која се трезниме зависи од следниве фактори:

Вид на пијалак: Жестоките пијалаци се апсорбираат во крвотокот многу побрзо од виното или пивото, предизвикувајќи нагло покачување на нивото на алкохол во крвта.

Храна во желудникот: Јадењето пред и за време на консумирањето алкохол драстично ја забавува апсорпцијата. Оброците богати со јаглехидрати и масти се ваши најдобри сојузници, бидејќи „купуваат време“ и му даваат можност на црниот дроб постепено да го преработи алкохолот.

Лекови: Многу лекови, во комбинација со алкохол, можат опасно да ја зголемат неговата концентрација во крвта или да предизвикаат токсични несакани ефекти.

Лична конституција: Физичката градба, возраста и биолошкиот пол играат голема улога. Генерално, луѓето со поситна градба, помладите лица и жените многу побрзо ги чувствуваат ефектите на алкохолот и побавно го преработуваат.

Совети за одговорно однесување

Ако планирате да излезете, лекарите советуваат да се придржувате до едно златно правило: погрижете се да испиете чаша вода помеѓу секоја чаша со алкохолен пијалак. Ова ќе помогне да се спречи дехидратацијата и да се ублажи мамурлакот следниот ден. Исто така, никогаш не седнувајте зад волан; наместо тоа, однапред договорете си такси или превоз со пријател кој не консумира алкохол.

Извор: una.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Оставиле 84 кучиња во куќата сами да се грижат за себе- полицајците повраќале додека ги пуштале на слобода (ФОТО)

Маж од Донкастер, Велика Британија, е прогласен за виновен за занемарување на 86 животни: 84 кучиња и две мачки кои беа спасени од куќа каде што живееја во ужасно нехигиенски услови. 

Оставиле 84 кучиња во куќата сами да се грижат за себе- полицајците повраќале додека ги пуштале на слобода (ФОТО)

Дури 33 спрингер шпаниели беа пронајдени на скали покриени со фекалии во куќа во Тихил, во близина на Донкастер, а уште околу 25 кучиња беа откриени од RSPCA и полицијата во кујна покриена од подот до таванот со нечистотија.

Девет службеници на RSPCA, во придружба на полицијата и локалните власти, учествуваа во спасувањето на животните - претежно кучиња - од имот во Гали Хил, Тихил, во близина на Донкастер. Многу соби беа покриени со фекалии и нечистотија, дебели неколку сантиметри, од подот до таванот. Фотографија направена од добротворната организација покажува повеќе од 30 шпаниели како седат на скалите и скокаат додека спасувачите влегуваат во куќата.

Паркс се изјасни за виновен

Социјалниот работник Дејвид Паркс (роден на 11 мај 1965 година) негираше дека поседувал или бил одговорен за животните, но беше прогласен за виновен за три прекршоци поврзани со благосостојбата на животните по дводневното судење во Прекршочниот суд во Барнсли минатата година. Неговата сопруга Делфин и синот Сем, кои живееја во истата куќа, се изјаснија за виновни за три прекршоци поврзани со благосостојбата на животните. Тројцата обвинети треба да бидат осудени во Прекршочниот суд во Донкастер на 9 декември.

RSPCA успешно ги прими сите животни освен едно, при што повеќето од нив најдоа нови домови преку мрежа на центри управувани од нејзините филијали низ северна Англија. Организацијата соопшти дека бројот на животни нагло се зголемил бидејќи ниту едно од кучињата во домот не било кастрирано. Семејството неуспешно се обидело да ги даде некои од кучињата и немало докази за размножување во голем обем, но домашните миленици останале нестерилизирани и се размножувале неконтролирано.

Ужас во куќата во Тихил

За време на една од првите посети на имотот каде што биле чувани несреќните кучиња, полицајците на RSPCA биле принудени насилно да влезат низ задната врата. Филип Браун, обвинител, во тоа време рекол дека условите во куќата биле толку лоши што еден полицаец морал да ја напушти куќата за да повраќа поради неподносливата смрдеа. Кога се отворила вратата од кујната, полицајците ги пречекале 20 до 25 спрингер шпаниели; некои се згрчиле во аглите, додека други трчале наоколу.

Кујната била покриена со земја и фекалии од подот до таванот. На подот имало најмалку 20 купови фекалии, кои кучињата ги рашириле низ собата и врз себе. Кучињата се згрчиле заедно во еден агол или скокале по кујнските ормари покрај прозорецот на задниот дел од собата. Тие биле многу валкани, нивното крзно било покриено со фекалии, а многу од нив имале грутки земја залепени на ушите, слично на дредови.

Скалите беа покриени со дебел слој земја, а на секое скалило, од дното до речиси самиот врв, имаше слој земја дебел околу шест до седум инчи. На горното скалило, слојот достигна речиси десет инчи, додека на горното скалило имаше нерамна маса од земја, измет и крзно, што го правеше исклучително тешко и опасно одењето по нив.

Делфин Паркс и нејзиниот син Сем беа пронајдени во нивните спални соби, а потоа, околу дваесет минути подоцна, се појави Паркс и рече дека сака да им помогне на кучињата да се пренесат на безбедно, наведувајќи дека веројатно имало повеќе од 80 кучиња во куќата. Лиз Бредли, работник во спасување животни, рече дека кога влегле во објектот, ги нашле ужасните услови.

„Првата соба беше мала површина зад гаражата, и секоја површина, од подот до ѕидовите, беше кафеава: мирисот на урина и измет беше толку силен што ми ги печеше очите. Потоа поминавме низ вратата од левата страна што водеше кон кујната. Внатре имаше многу кучиња од расата шпаниел, и сите беа валкани, со жолти дамки на крзното. Секој дел од подот, ѕидовите и другите површини беше покриен со слој кафеави наслаги. Сите кучиња истрчаа на другата страна од собата, изгледајќи многу исплашено и плашливо. Мирисот во таа соба беше неподнослив; беше тешко да се зборува или да се дише нормално, па не можев долго да останам таму.“

Две мачки беа пронајдени во собата каде што спиеше синот на двојката, а целата соба беше валкана и неуредна. Г-ѓа Паркс му кажа на инспекторот дека ситуацијата излегла од контрола од почетокот на пандемијата на Ковид и дека е свесна дека имаат премногу кучиња.

Скандалозен извештај од ветеринар

На двојката им било кажано дека ниту тие ниту животните не можат да продолжат да живеат во такви услови, а Паркс се согласил сите животни да бидат земени и да бидат ставени под грижа на RSPCA, иако за време на сослушувањето го оспорил сопствеништвото, тврдејќи дека кучињата им припаѓаат на неговата сопруга и син. Тој исто така рекол дека поради преголемото работно оптоварување, не можел да ја преземе одговорноста за животните.

Сепак, ветеринарните картони покажале дека сите животни се регистрирани на негово име, дека ги знае имињата и возраста на повеќето од нив, како и нивните распореди за хранење, и дека ја купувал храната за кучиња и ги носел милениците кај ветеринарите кога било потребно.

Се чини дека многу од кучињата никогаш не биле шетани на поводник, па затоа морале да бидат пренесени до возилата што чекале. Животните биле прегледани, а оние на кои им бил потребен третман биле однесени во четири ветеринарни ординации пред да бидат префрлени во приватни засолништа за животни. Ветеринар кој прегледал 46 кучиња рекол дека 14 биле сериозно ослабени и страдале најмалку еден месец. Пет кучиња имале заразени посекотини на ушите, за кои се верува дека се предизвикани од обид да се исече заплетканото крзно со ножици. Неколку кучиња имале воспаление на двете уши, а еден шпаниел бил пронајден со скршена предна нога. Сите животни, вклучувајќи ги и мачките по име Џес и Флауер, биле вакцинирани и им биле дадени превентивни средства против болви и црви. На некои кучиња им биле потребни антибиотици. Во својата писмена изјава, една од ветеринарите изјавила дека многу голем број животни биле чувани во несоодветни услови за живеење. Тие живееле во нечистотија и запоставеност, и не им биле обезбедени основни потреби како што се вода, соодветна храна, постелнина или играчки. Многу од кучињата биле со мала тежина, веројатно затоа што не можеле да бараат храна. Многумина имале нелекувани повреди. Секоја разумна и хумана личност би ги препознала овие проблеми и би презела соодветни мерки.

Спасување, третман и посвојување

По спасувањето, повеќето кучиња биле сместени во приватни засолништа за животни во име на RSPCA, а потоа поминале низ процес на рехабилитација и им биле дадени нови домови.

Шпаниелот со скршена нога бил успешно третиран во Ветеринарната болница на RSPCA во Голем Манчестер, каде што му бил пронајден нов дом. Другите кучиња биле префрлени во филијали и центри на RSPCA низ Велика Британија. Мачките исто така биле сместени во нови домови. И покрај грижата и загриженоста, еден шпаниел беше еутаназиран за да му се спречи страдањето поради сериозни здравствени проблеми.

Овој шокантен случај е резултат на тоа што животните не биле стерилизирани, што доведе до тоа нивното размножување да стане целосно надвор од контрола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Група студенти седум часа силувале своја колешка- скандал на елитен универзитет во САД (ФОТО)

Седум студенти на Универзитетот Корнел во државата Њујорк наводно пред две години силувале колешка студентка 7 часа! 

Група студенти седум часа силувале своја колешка- скандал на елитен универзитет во САД (ФОТО)

Како што е сега познато, истрагата потоа била прекината. Сепак, обвинителството сега повторно го отвори случајот.

На 8 ноември 2024 година, тогаш 20-годишната студентка се појавила во полициската станица на универзитетот и пријавила дека била силувана во куќата на студентското братство Чи Фи, откако била пијана и дрогирана.

Надлежните органи имале пристап и до одвратна преписка во групниот разговор на братството, во која жртвата била понудена на други студенти за сексуална злоупотреба. Во групата на Снепчет имало 57 членови, сите мажи. Никој не презел никаква акција.

Окружниот обвинител Метју Ван Хаутен им изјавил на американските медиуми дека разговорот бил „груб и вулгарен“, но дека од него не може да се заклучи дали студентката се согласила со она што се случило.

За време на првото испрашување, жената, позната само под псевдонимот Џејн Доу, изјавила дека учествувала доброволно, но дека била и многу пијана. Истрагата не дала никакви резултати. Сега жената собра храброст да поднесе граѓанска тужба, што беше доволно за обвинителството повторно да го отвори случајот.

Жртвата била во режим на самоодржување

„Штом ќе ги утврдиме соодветните обвиненија, случајот ќе биде обработен на најобјективен и непристрасен начин“, официјално објави обвинителството, објави Билд.

Адвокатот на жртвата ја објасни својата тогашна изјава со исклучителните околности во кои се нашла жената:

„Во деновите по нападот, Џејн Доу беше трауматизирана, како парализирана и неспособна да функционира или да го процесира ужасот од она што се случило. Таа беше во режим на самоодржување.“

Младата жена дури сега најде сила да поднесе тужба. Џејн Доу рече дека сè уште ги чувствува последиците:

„Она што ми се случи беше ужасно и длабоко вознемирувачко. Речиси две години подоцна, сè уште ги чувствувам ефектите дење и ноќе.“

Седумчасовното силување

Наводните сторители наводно продолжиле да ја дрогираат колешката, која веќе била пијана по посетата на бар, со рум и ѝ дале кетамин, многу моќен анестетик и лек против болки.

Потоа двајцата студенти сексуално ја нападнале 20-годишната девојка. Подоцна, обвинетите наводно пишувале за младата жена во групен разговор на братството. На крајот, според тужбата, седум мажи повторно сексуално ја нападнале жената и ја силувале речиси седум часа.

Студентите се суспендирани

Обвинетите ги негираа сите обвиненија во тоа време. Тие тврдеа дека универзитетот само ги замолил да напишат есеј во кој ќе објаснат што кажале. Универзитетот го негира ова, велејќи дека е спроведена темелна истрага.

Некои од обвинетите се привремено суспендирани, а неколку дури се исклучени.

„Ниту еден од обвинетите не бил замолен да пишува есеи само како резултат на нивното учество.“ Братството е исто така распуштено и забрането од кампусот“, рече Кајл Кимбал, портпарол на универзитетот. Прелиминарното рочиште во граѓанскиот случај е закажано за 23 октомври во Менхетен.

притисни ентер