Мерцедес ќе ги укине сите каравани

Во Мерцедес решија да ја скратат понудата.

Откако Volvo објави дека ќе ги задржи лимузините и караваните во понудата, малку полоши вести доаѓаат од Mercedes. Како што дознава Automobilwoche, Mercedes до крајот на деценијата ќе ги повлече сите караван модели од понудата.

Прв на листата за отстрел е CLA Shooting Brake, кој ќе биде повлечен во 2025 година. Моментално C-Class има караван, како и верзија за сите терени, но тоа наскоро ќе се промени. Наводно, E-Class ќе опстои во караванското издание до крајот на животот на сегашната генерација.

Мерцедес моментално троши милијарди за електрификација, но сепак ќе остави нешто за да понуди достојни замени за карваните, особено на германскиот пазар, каде што овој стил на каросерија е многу баран. Не се знае дали ова ќе биде кросовер или нешто друго, но сосема е сигурно дека покрај класичните лимузини ќе биде понудено и нешто повеќе. Во секој случај, барањата на електричен погон, кој вклучува двоен под за сместување на батериите, ќе бидат суштински во дефинирањето на дизајнот на новите модели.

Санела Шкриељ и Марија Кочовска нови пратенички во Собранието

Санела Шкриељ и Марија Кочовска ќе бидат нови пратенички на СДСМ во Собранието. 

Тие доаѓаат на местото на Славјанка Петровска, која сега е министерка за одбрана и на местото на Бисера Костадиновска Стојчевска, која е министерка за култура. Оваа одлука е донесена денеска на 43-та седница на Државната изборна комисија (ДИК).

Членовите на ДИК едногласно го донесоа Предлог-финасискиот план за распределба на средства во Државната изборна комисија за 2022 година. Потпретседателката на ДИК Дитмитре Шеху појасни дека како и секоја година, така и оваа ДИК ќе носи финансиски план врз основа на средствата што се доделени во буџетот на државата. Информира дека во финансискиот план се предвидени тековното работење на ДИК, платите на вработените, плаќање на електрична енергија, греење, комунални такси, поштенски услуги, горива…

На седницата беше разгледана и усвоена Предлог-одлуката за висината на благајничкиот максиум за 2022 година. Членот на ДИК Радица Ристеска образложи дека со оваа одлука се утврдува висината на благајничкиот максиум за 2022 година во износ од 300.000 денари, исто како и минатата година. Оваа одлука ќе се применува од 1 јануари 2022 година.

По кратката пауза од пет минути, на седницата едногласно беше усвоен предлогот на Борис Кондарко, кој предложи да се разгледа одлука која, како што рече, се однесува за примената на Правилникот по кој се исплатени надоместоците за време на изборен процес за вработените во стручната служба на ДИК. Целта на оваа одлука е да се допрецизира содржината, видот и опфатот на веќе исплатените надоместоци по Правилникот за локалните избори, односно појаснување за што се однесуваат надоместоците за стручната служба.

Тој исто така предложи да се донесе заклучок писмено да се побара од раководителите на одделенија и сектори да се достават извештаите за примена на постоечките интерни акти и процедури за работа во ДИК, а рокот да биде пет работни дена.

Кондарко предложи и да се донесе заклучок за да почне соодветна постапка за надградба и усовршување на системот за електронска евиденција за редовност на работа во ДИК, преку воведување на фингер-принт апарат. Членовите на ДИК ги прифатија и овие предлози на Кондарко.

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ очекува поддршка од сите партии за измените на Законот за Влада

„Извесно е дека ќе се случат избори, само прашањето е кога.“

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во Собранието денеска истакна дека очекуваат поддршка од сите политички партии за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Влада, со цел да се избришат одредбите пред избори да се формира преодна, односно т.н. пржинска влада, кој вчера до Собранието го поднесе ВМРО-ДПМНЕ.

– Од она што јавно го слушнав, сите политички партии се согласни со нашиот предлог, односно мислат дека времето на т.н. техничка пржинска влада заврши. Јас очекувам во текот на утрешната седница нашиот предлог да биде ставен на дневен ред на Собранието, да биде разгледан и да биде усвоен. Ова е уште едно подавање рака од наша страна, затоа што ние ова го нудиме од опозиција, а не од власт, што мислам дека доволно кажува, затоа што механизмот на техничка или пржинска влада е во корист на опозицијата. Ние доброволно се откажуваме од овој механизам со цел да го скратиме рокот потребен за организирање на избори од 100 дена колку што се предвидени со оваа техничка влада и да одиме на уставните 45 дена за организација на избори, што ќе скрати многу рокови, рече Николоски.

Според Николоски, ова е уште еден аргумент да се оди на брзи предвремени избори, затоа што, како што рече, земјата „непотребно троши време".

– Од локалните избори до формирање на Влада, Македонија изгуби повеќе од 2,5 месеци. Извесно е дека ќе се случат избори, само прашањето е кога. Да не го губиме времето и да ги направиме веднаш, за да не заостане државата, истакна Николоски.

Град Скопје со поддршка на Пунктот и прифатилиштето за бездомни лица

Градоначалничката Арсовска и Сузана Тунева Пауновска, Секретар на Црвен крст на град Скопје, потпишаа договор за соработка помеѓу Градот Скопје и Црвен крст на град Скопје.

Со овој договор се предвидува поддршка за активностите на Црвениот крст на град Скопје за обезбедување услуги на дневно, односно времено згрижување на бездомни лица на подрачјето на град Скопје во пунктот и прифатилиштето за бездомни лица. Активностите се во рамки на проектот на Црвениот крст на град Скопје „Мислиме на бездомниците“.

Активностите на Пунктот за бездомници на Црвен крст се поддржани од Град Скопје. Прифатилиштето за згрижување и привремено прифаќање на лицата бездомници овозможува засолниште, дневен престој со оброк, здравствена заштита, услови за одржување хигиена и други психосоцијални услуги. Бездомните лица во овој центар добиваат хигиенски услуги, чисти алишта, берберски услуги, лекарски преглед и неопходни лекарства, разговор и совети од психолог и топол оброк.

Бездомните лица може да го повикаат тимот од Пунктот на телефонскиот број 3139 578 во Дирекцијата на Црвениот крст на град Скопје.

Град Скопје

притисни ентер