Мбапе и официјално го напушта ПСЖ - Канал 5

Мбапе и официјално го напушта ПСЖ

Сагата околу престојот на Килијан Мбапе во Париз конечно заврши!

Мбапе и официјално го напушта ПСЖ

Францускиот напаѓач го известил претседателот на ПСЖ, Насер Ал Хелаифи дека ќе си замине како слободен играч на крајот од сезоната.

Информацијата ја пренесоа сите релевантни светски медиуми, вклучувајќи ги и инсајдерите за трансфери како Фабрицио Романо и Дејвид Орнштајн.

Одлуката сега е извесна и нема да биде променета, а клубот ќе остане во контакт со фудбалерот до крајот на соработката за да комуницира за начинот на кој ќе функционира неговиот понатамошен престој во тимот.

Најмногу профитираше Реал Мадрид од целата ситуација, а сега и од пишувањата на светските медиуми кои уште порано тврдеа дека работата е при крај.

Мбапе во редовите на Парижаните дојде во 2018 година во трансфер вреден 180 милиони евра и од тогаш до денес постигна 243 гола на 290 натпревари. Пет пати ја освои Лигата 1, три пати Купот и Суперкупот, како и два Лига Купа и едно финале во Лигата на шампионите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо: „Војната меѓу Русија и Украина не е наша“

 Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека војната меѓу Русија и Украина „не е словачка војна“ и нагласи дека ќе стори сè за да спречи Словачка да биде вовлечена во, како што рече, „неодговорна воена авантура“.

Фицо: „Војната меѓу Русија и Украина не е наша“

Во видео-порака објавена на Фејсбук, Фицо изјави дека не сака конфликт меѓу НАТО и Русија и оцени дека секој што сака да предизвика таков конфликт заради сопствените национални интереси, треба да ја сноси одговорноста за таквата одлука.

„Војната меѓу Русија и Украина не е наша, словачка војна. Ако некој сака да предизвика воен конфликт меѓу НАТО и Русија за да ги задоволи сопствените национални интереси, тогаш мора и да преземе одговорност за таков чекор, а не да ја префрла на другите членки на НАТО“, рече Фицо.

Тој оцени дека е многу лесно да се најде изговор за започнување војна, но дека државите се доволно развиени за да можат да направат разлика меѓу вистински вооружен напад и, како што рече, измислена провокација.

„За време на мојата влада, никој нема да испрати словачки војници надвор од територијата на Словачка за да се борат против Русија или која било друга земја под измислен изговор“, изјави словачкиот премиер.

Зборувајќи за членот 5 од Северноатлантскиот договор, Фицо рече дека оваа одредба, во случај на вистински вооружен напад врз една или повеќе членки на НАТО, остава широки можности за пружање помош на нападнатата држава.

Истовремено, тој повика на крај на, како што рече, „приказната за лажната солидарност“, наведувајќи дека земјите од Европската Унија не се способни да покажат солидарност дури ни кога станува збор за цените на електричната енергија, а камоли кога се работи за смртта на војници.

Фицо изјави дека Словачка ќе продолжи да води „суверена“ политика, притоа почитувајќи го своето членство во Европската Унија и во НАТО. „На тлото на Европската Унија нема да се откажеме од нашите суверени ставови, кои имаме намера да ги продлабочиме во рамките на соработката на Вишеградската група. А во НАТО сакаме да бидеме сигурен партнер, а не играчка во рацете на другите, и наш доминантен збор ќе биде мирот, а не војната“, рече тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Нејмар го изненади Олисе

Францускиот репрезенативец Мајкл Олис блесна во победата на Баерн Минхен над Унион Берлин, а по натпреварот доби подарок што не го очекуваше.

Фото: Нејмар го изненади Олисе

Францускиот напаѓач постигна три гола и запиша една асистенција, потврдувајќи дека е еден од клучните играчи на Баварците оваа сезона. Сепак, она што се случи по натпреварот привлече речиси исто толку внимание колку и неговата игра на теренот.

Олисе доби дрес од Нејмар, а подарокот му го врачи новинарката Изабела Паљари.

Таа веќе еднаш приреди слична сцена, кога му го подари дресот на бразилската ѕвезда на Дезире Дуе. За Олисе, кој важи за многу повлечен фудбалер и човек чии прослави на голови се главно крајно смирени, реакцијата беше необична.

Кога го виде дресот на Сантос, на лицето му се појави широка насмевка. Дресот пристигна како еден вид порака од Нејмар, поранешниот играч на Пари Сен Жермен и Барселона, а Олисе возврати на гестот. Французинот потоа му го испрати својот дрес на Бразилецот, со што продолжи оваа интересна размена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор ден од изборите во Русија-Излезност над 40 проценти

Според податоците на Централната изборна комисија на Русија, излезноста на изборите за пратеници во деветтиот состав на руската Државна дума изнесуваше 44,38 проценти по вториот ден од гласањето.

Втор ден од изборите во Русија-Излезност над 40 проценти

Гласањето започна во петокот, а претседателката на Централната изборна комисија, Ела Памфилова, изјави дека изборите се одвиваат вообичаено, и покрај обидите за провокации, пренесува „РИА Новости“.

На изборите за Државната дума учествуваат 10 политички партии: „Единствена Русија“, ЛДПР, Партија на директна демократија, „Зелените“, „Праведна Русија“, „Родина“, Комунистичка партија на Руската Федерација (КПРФ), Партија на пензионерите, „Комунисти на Русија“ и „Нови луѓе“.

Гласањето ќе трае до вечерва на 20 септември. Повеќето избирачки места се отворени од 8:00 до 20:00 часот, додека на некои избирачки места во пограничните области времето за гласање е скратено.

Електронското гласање од далечина се спроведува во 33 региони, а на изборите учествуваат повеќе од 380.000 набљудувачи, вклучително и повеќе од 1.000 странски набљудувачи од 133 земји и 13 меѓународни организации.

Според „РИА Новости“, жителите на самопрогласените Доњецка и Луганска Народна Република, како и на Запорошката и Херсонската област, за првпат избираат пратеници во Државната дума. За нив, како и за гласачите во одредени погранични региони, достапно е предвремено гласање.

Во странство, во 152 земји, беа отворени 333 избирачки места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер