Маж станал жена за да добие старателство над децата (ВИДЕО) - Канал 5

Маж станал жена за да добие старателство над децата (ВИДЕО)

Цисродов маж (маж кој е роден и се чувствува како маж) од Еквадор дошол на идеја легално да го промени полот и да стане жена, за да стане „мајка“ и полесно да добие старателство над неговите ќерки.

Маж станал жена за да добие старателство над децата (ВИДЕО)

Четириесет и седумгодишниот Рене Салинас Рамос отворено признал за локалните медиуми дека неговата одлука нема никаква врска со неговата сексуалност и идентитет, туку дека станал жена исклучиво затоа што правниот систем на Еквадор ги фаворизира мајките пред татковците кога решаваат прашања за старателството.

„Законите велат дека жената има право на деца. Од овој момент па натаму, јас сум жена. Сега се сметам за нивна мајка“, изјавил Салинас Рамос.

Тој, како што вели, е „многу сигурен во својата сексуалност“, но сакал да биде женско само за да може да обезбеди „мајчинска љубов и заштита“.

„Во оваа земја е казниво да се биде татко. Во Еквадор ме гледаат само како давател на услуги“, рече Салинас Рамос, кој тврди дека неговите деца живеат во насилна средина со нивната биолошка мајка и дека тој не ги видел повеќе од пет месеци.

Сепак, неговата духовитост не им се допаднала на ЛГБТ+ групите кои се загрижени дека тој го искористил „законот дизајниран да ги промовира правата на трансродовите луѓе“ и каков ефект би можеле да имаат неговите постапки во иднина.

„Приватната работа на овој човек, да го добие старателството над неговите ќерки, не е во духот на законот“, изјавила за Дајан Родригез, една од најистакнатите транс активисти во Еквадор и национален директор на Еквадорската федерација на ЛГБТ+ организации.

Родригез, која беше првата транс личност во собранието на Еквадор од 2018 до 2021 година и помогна во лансирање на закон со кој се дозволува промена на полот во 2015 година, рече дека нејзиното разбирање на законот ја прави мала веројатноста судијата да „падне“ на оваа постапка на Салинас Рамос. На крајот, тоа само ќе му донесе публицитет.

Затоа што, како што вели, „нема смисла да си го сменил полот во личниот документ, а не си транс лице, туку само да го користиш тоа како предност за да добиеш старателство“.

„Се плашиме дека работите ќе тргнат наопаку во собранието, дека ќе почнат да носат закони против нас. Настаните околу случајот со Салинас Рамос може да предизвикаат промена на критериумите за промена на полот во личната карта на транс лицата. - изјавила Родригез.

Салинас Рамос, пак, тврди дека оваа одлука не е насочена против никого и дека нема намера да наштети никому, туку дека неговата цел е „да се бори против системот кој го жигосал фактот дека некој е роден како маж“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судијка ја стопираше изградбата на триумфалната капија на Трамп во Вашингтон

Федерален судија привремено – во траење од 14 дена – ја запре изградбата на монументален меморијален парк во Вашингтон, планирана од администрацијата на Доналд Трамп. 

Судијка ја стопираше изградбата на триумфалната капија на Трамп во Вашингтон

Одлуката, донесена доцна во четвртокот, претставува значителен удар за еден од клучните проекти на претседателот Трамп, преку кој тој има за цел да го преобликува изгледот на главниот град на нацијата, пренесува „АП Њуз“ (AP News).

Судијката Тања Чуткан издаде привремена судска забрана за изведување на работите, откако претходно во текот на четвртокот администрацијата доби клучна согласност и најави дека изградбата може веднаш да започне. Комисијата за планирање на главниот град (NCPC) претходно го поддржа проектот со осум гласа „за“ и четири „против“, а Министерството за внатрешни работи ја издаде конечната дозвола.

Во својата одлука, судијката Чуткан наведе дека Комонвелтот Вирџинија и Дистриктот Колумбија – кои ја тужеа администрацијата – докажале оти итното започнување на изградбата би им нанело реална штета. Во тужбата, тие укажаа на очекуваните нарушувања во сообраќајот и компликациите за службите за итни интервенции. „Штетата е неизбежна“, напиша судијката.

„Тужените првично го известија судот дека работите би можеле да започнат уште на 5 ноември 2026 година, под услов NCPC да го одобри проектот.“

Чуткан додаде дека тужителите исто така ќе претрпат значителни финансиски трошоци што не би можеле да се надоместат.

„Штом ќе започне изградбата, градскиот оддел за транспорт ќе мора да ангажира персонал и ресурси за управување со пренасочувањата на сообраќајот, како и за справување со сообраќајни несреќи или дефекти на возилата“, се вели во одлуката.

Одлуката на судот пристигна само еден час по завршувањето на состанокот на NCPC, кој траеше девет и пол часа. Сесијата, што се одржа преку телеконференција, беше проследена со технички проблеми и вклучуваше речиси исклучиво негативни коментари од јавноста, при што десетици сведоци се изјаснија против изградбата.

Гласањето во комисијата откри поделба помеѓу членовите поврзани со федералната администрација и претставниците на локалната власт. Членовите кои работат за администрацијата или се блиски до претседателот Трамп гласаа „за“ проектот, додека претставниците на градот Вашингтон гласаа „против“. Многумина, во своите емотивни сведоштва, изнесоа аргументи дека лакот би го осквернавил блиското Национално гробиште „Арлингтон“, каде што се погребани стотици илјади американски војници и ветерани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Збратимените општини го негуваат зелениот белег во Карпош

По повод одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, делегациите од збратимените општини го посетија зелениот појас на улицата „Бледски договор“.

Збратимените општини го негуваат зелениот белег во Карпош

По повод одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, делегациите од збратимените општини го посетија зелениот појас на улицата „Бледски договор“, каде што пред три години засадија дрвја како симбол на пријателството, партнерството и заедничката грижа за животната средина.

Овојпат, свој белег во зелената приказна на Карпош остави и Општина Живинице од Босна и Херцеговина, која како пријателска општина засади свое прво дрво, приклучувајќи се кон иницијативата за уредување и раззеленување на јавните површини.

Дрворедот го сочинуваат 12 висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја, кои денес претставуваат жив потсетник на воспоставените пријателства и континуираната меѓуопштинска соработка.

Оваа симболична иницијатива уште еднаш потврдува дека соработката меѓу општините не се гради само преку заеднички проекти и активности, туку и преку конкретни дела кои оставаат трајни вредности за идните генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

116 заразени со грип, за 90% се зголемил бројот на болни со грип

За 90 проценти се зголемил бројот на болни од грип во однос на претходната недела. 

116 заразени со грип, за 90% се зголемил бројот на болни со грип

Од 26 октомври до 1 ноември биле регистрирани 116 случаи на грип.

Најмногу пријави има во Тетово, но според ИЈЗ, Македонија сè уште не го достигнала прагот за сезонска активност на грипот.

Според официјалните податоци, во Тетово се регистрирани 48 случаи, во Куманово 26, а во Скопје 13. Следуваат Прилеп и Гостивар со по седум пријавени случаи.

Најмногу заболени, вкупно 84, се на возраст од 15 до 64 години. Кај лицата постари од 65 години се регистрирани 25 случаи, додека седум случаи се пријавени кај деца од пет до 14 години.

Бесплатната вакцинација се спроведува преку центрите за јавно здравје и здравствените домови, а пријавувањето се врши преку електронскиот систем за вакцинација.

Досега се вакцинирани над десет илјади граѓани од наредната недела се очекува нова пратка на вакцина против грип.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер