Матурантите денеска го полагаат вториот екстерен испит

Матурантите го полагаа вториот екстерен испит од државната матура. Откако минатиот викенд  го „скршија“ мразот со мајчиниот јазик, денеска се тестираа по математика, странски јазик, филозофија и естетика.

Странските јазици и годинава најпримамливи за матурантите. Според податоците на Државниот испитен центар, речиси 13.500 ученици одбрале да полагаат англиски јазик, а околу 1.600 математика.

Пријавени матуранти за втор екстерен предмет:

Англиски јазик – 13.425

Математика – 1.529

Германски јазик – 140

Естетика - 66

Француски јазик – 32

Руски јазик – 18

Филозофија - 14

Во средното економско „Васил Антевски Дрен“ денеска дојдоа сите пријавени 398 ученици. Протоколите веќе познати – без маска и измерена температура нема влез во училница.

„Отстапката која што ја направивме во минатата учебна година поради непознаниците од реализација на државната матура придонесе голем дел од матурантите преговараат со министерството, најдоа заеднички јазик, им се намали бројот на екстерните испити. Битно е дека се редуцирани наставните програми и содржини. Имавме подготвителни часови за матура, одговорните наставници работеа според тестовите“, вели Тања Јовановска, директорка на СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“.

До крајот на јуни матурантите ќе полагаат уште два интерни испити. Резултатите ќе бидат објавени најмногу 30 дена од полагањето на вториот екстерен испит. Тие што ќе паднат на државната матура – ќе имаат можност за поправен на 11 и 13 август.

Американската морнарица активираше бомба во океан, експлозијата предизвика земјотрес

Американската морнарица активираше бомба во океан, во рамки на воените вежби влиску крајбрежјето на Флорида.

Тие објавија снимка на која се покажува моментот во кој беше активирана бомбата од 18 илјади килограми.

Експлозијата, според информациите, била толку силна што предизвикала земјотрес. Бродот на американската морнарица се наоѓал блиску до местото на експлозијата, а намерата била да се провери колку се издржливи бродовите, кога би се соочиле со вакви напади.

Комисијата за финансирање и буџет го поддржа Законот за субвенциониран студентски оброк

Амандманот за Член 10, поднесен од самите предлагачи на Законот беше прифатен од претставниците.

На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет беше отворен претрес на амандманите за менување на членовите од Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк, поднесени од пратениците Моника Зајкова и Боби Мојсоски.

Амандманот за Член 10, поднесен од самите предлагачи на Законот беше прифатен од претставниците.

– На Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк предлагам комисиски амандман по Член 10 се додава нов член 10а што гласи: „Одредбите од членовите 7, 8, 9 од овој закон со кој се менуваат членовите 10, 11, и 12 ќе се применува до завршувањето на академската 2021/2022 година. По завршување на академската годината ќе се применуваат одредбите од членовите 10, 11, и 12 на законот за субвенционирање студентски оброк објавен во службен весник. Одредбата од член 10 со која се додава нов член 12а ќе се применува до завршување на 2021/2022 година што значи дека секој редовен студент ќе може да ги искористи средства од околу 2.600 ден за студентски оброк, изјави пратеничката од СДСМ Марија Георгиевска.

Зајкова, пак, потсети дека Законот за субвенциониран студентски оброк во минатиот состав беше едногласно донесен и стапи во сила на 10 февруари 2020 година, што како што вели таа е поразително дека сè уште не е системски имплементирано ова законско решение, а притоа да се подготват сите подзаконски акти на Законот.

– Наместо денеска да зборуваме во колкав процент ќе биде неговата реализација ние денеска зборуваме за негово изменување што во корен ја менува идејата и концепцијата на Законот, додава таа.

Пратеничката Зајкова истакна дека доколку пратениците сакаат да им дадат финансиска помош на студентите може да донесат друг закон, како што е законот за финансиска поддршка.

Комисијата за финансирање и буџет го стави Законот на натамошна постапка во Собранието.

Премиерите Заев и Руте на трибините во Амстердам ќе ги бодрат своите репрезентации

Премиерот  Зоран заев патува за Амстердам на покана на премиерот на Холандија Марк Руте.

Премиерите на Македонија и Холандија , Заев и Руте попладнево ќе бидат на трибините на арената Јохан Кројф во Амстердам и ќе ги бодрат своите фудбалски репрезентации во нивниот дуел на ЕУРО 2020.

притисни ентер