Маските задолжителни – до мај опомени, а потоа казни за неносење

Воведените мерки, како што информираат од Министерството за здравство, се клучни во превенцијата од ширењето на коронавирусот.

Најпрвин опомена, а потоа и казни ќе добијат оние граѓани кои не ја почитуваат мерката за задолжително носење на заштитната опрема за носот и устата, која заедно со мерката за олеснување на ограниченото движење, почна да се применува од вчера.

Граѓаните, како заштитна опрема може да користат респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и слично, кои ќе овозможат прекин на преносот на вирусот.

-Носење на заштитната опрема за покривање на носот и устата е задолжително во сите јавни затворени простори како што се средства за јавен превоз, маркети, банки, пошти, амбуланти, болници, институции, како и на отворени простори каде што нема можноста за одржување на дистанца од два метрa меѓу граѓаните како што се пазари, отворени трговски центри, тесни улици, автобуски постојки и слично, информира Министерството.

Оваа заштитна опрема не е задолжителна при престојот во домот, во сопствен двор или тераса, при спортување, возење велосипед или прошетка на отворен простор со одржување дистанца поголема од два метри.

Што се однесува до мерката за олеснување на забраната за движење, граѓаните не смеат да се движат секој работен ден, од понеделник до петок од 19 часот до 5 часот наутро. Лицата над 67 годишна возраст можат да се движат секој работен ден од 5 до 12 часот. Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13 до 19 часот.

За време на викендите, забраната за движење ќе почнува од 15 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 5 часот наутро. Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 5 до 11 часот наутро, а младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12 до 15 часот.

Со олеснувањето на рестрикциите во движењето, неколку дуќани, бутици, цвеќари во одредени општини веќе почнаа да работат со скратено работно време.

Во Куманово, сопствениците на трговските објекти претпазливо го најавија почетокот на работата на социјалните мрежи. Најголем дел од нив ќе работат со скратено работно време од 11 до 15 часот, додека во сабота ќе работат од 11 до 13 часот, согласно препораките на Владата.

Тие посочуваат дека ќе пуштаат по еден купувач, согласно уредбата на Владата. Граѓаните, како што велат, се должни да носат маска и ракавици при влегување во дуќаните.

-Ние ќе држиме дистанца од два метра. Со нови сили, позитивни мисли од наша и од страна на клиентите, очекуваме да ја пребродиме кризата, затоа што сметаме дека само заеднички може да опстанеме во ова време-невреме. Ќе се потрудиме да бидеме полфексибилни во однос на цените и отворени за секаков вид соработка, со цел да помогнеме да се раздвижи локалната економија, вели сопственичка на цвеќарница од Куманово.

Од денеска стапи на сила и укинувањето на забраната за движење во шума и на шумско земјиште. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, на барање на ЈП „Национални шуми" во текот на вчерашниот ден ја отповика забраната за движење во шума и шумско земјиште со кои стопанисува ЈП „Национални шуми", донесена на 16 април годинава.

-Со промената на временските услови и пролетното развивање на вегетацијата, се намали опасноста од појава на пожари на отворено и поради новосоздадените услови Министерството за земјоделство, на барање на ЈП „Национални шуми", ја укинува забраната за движење во шума и шумско земјиште, истакна Димковски.

Сепак, и по укинувањето на рестриктивните мерки, како што истакна министерот за здравство, Венко Филипче, животот нема да биде каков што бил. Мерките, како што додаде, ќе останат се додека не се пронајде вакцина за коронавирусот.

Тој додаде дека на есен, кога се очекува нов пик, ќе има поинаква организација на многу животни процеси. Ќе остане носењето на маска, дистанца при седење во училиштата, во рестораните, на работните места, во големите производствени сали.

-Животот нема да биде ист како што беше. Не само кај нас, туку и во светот. Секоја држава има своја специфика, но, универзалните мерки остануваат, а тоа се одржувањето на физичка дистанца, носењето маски, да нема групирање. На есен, кога се очекува нов пик, ќе имаме поинакво организација на многу животни процеси. Нема исто да биде организиран и јавниот превоз. Значи, секаде ќе треба да се одржуваа оваа дистанца од метар, метар и половина. Тоа ќе биде така до појавата на вакцината и на таков начин да се стекне имунитет, истакна министерот Филипче.

Човек уживал додека јадел сладолед, кога наеднаш се шокирал- во него имало отсечен човечки прст

Бизарна приказна доаѓа од Мумбаи, каде Орлем Брендон Серао тврди дека пронашол дел од отсечен прст во сладолед.

Неговата сестра нарачала три корнети од позната марка, кои и биле доставени на домашна адреса на 13 јуни, пишува Дејли мејл.

Орлем едвај чекал да се разлади со вкусното уживање.

„Изедов половина од сладоледот и почувствував нешто тврдо во устата. Мислев дека е орев или парче чоколадо, но сепак го исплукав“, рекол тој.

Човекот истакнува дека работи како лекар и знае „како изгледаат делови од човечкото тело“.

„Погледав внимателно за што се работи и јасно ги видов ноктот и отпечатокот на јаболчната коска. Се чини дека е палец“, тврди Орлем.

„Чудната работа“ ја спакувал во најлонска кеса и заедно со пријавата ѝ ја предал на полицијата.

„Примерокот е испратен на вештачење за дефинитивно да се утврди неговото потекло“, соопштија надлежните.

Локалните медиуми јавуваат дека е покрената истрага во компанијата што го произведува ледениот десерт.

Морбидно: Жена украла погребално возило заедно со покојникот, го оставила на необично место

Жена од Тексас е уапсена оваа недела бидејќи наводно украла погребна кола пред болница, во која се наоѓало тело на починатиот.

Валери Треглор-Елис (36) од Ајсл, рурално предградие на Форт Ворт, е обвинета за кражба на автомобил и злоупотреба на труп, според полицискиот оддел во Форт Ворт, пренесува Law&Crime.

Инцидентот се случил во вторникот вечерта околу 19 часот, кога полицијата првпат добила дојава за украдено возило од еден од бројните паркинзи на блиската болница, позната по итните служби и психијатриските служби.

Кога полицајците пристигнале, дознале дека возачот на погребната кола го оставил своето возило - и починатиот - за да извадат друго тело од болницата, се вели во полицискиот извештај. Меѓутоа, кога се вратил, и возилото и починатиот внатре ги немало.

„Додека возачот бил во болница, осомничената, возрасна жена, влегла во возилото без возачка дозвола и побегнала од паркингот“, изјави за Law&Crime портпаролот на полицијата во Форт Ворт.

Возилото било пронајдено набргу потоа на околу две милји западно на долга, стрмна и ридска споредна улица што формира голем дел од источната граница на огромната зоолошка градина Форт Ворт од 64 хектари.

„Украденото возило и телото на починатиот подоцна се пронајдени и вратени недопрени, без оштетувања“, соопшти полицијата.

Наводно, безбедносните камери ја покажале осомничената како излегува од возилото и бега.

„Осомничената набрзо е пронајдена и без инциденти приведена и пренесена во градскиот затвор“, соопштија од полицијата.

„Возилото и починатото лице се вратени на возачот на погребалното.“

Мотивот за инцидентот засега е непознат, а органите на прогонот јавно не шпекулираат за наводната кражба, наведува овој портал.

Чудо во Тајланд: Слоница роди близнаци (ВИДЕО)

Азиски слон во централниот дел на Тајланд роди близнаци, што вработените го опишаа како чудо.

Никој не очекуваше дека мајката, 36-годишната Чамчури, ќе роди близнаци, а кога минатиот петок таа првпат роди машко младенче, вработените во палатата за слонови Ајутаја и фармата за слонови Крал Краал сметаа дека раѓањето завршило, објави Би-Би-Си.

Додека го чистеле првото младенче и му помагале да стане, слушнале силен удар и виделе дека Чамчури родила второ младенче, овој пат женско. По второто раѓање, персоналот морал да ја спречи мајката да не го згази женското младенче, откако ја фатила паника и повредила негувателка.

Близнаците се случуваат само кај еден процент од раѓањата на слонови, а паровите близнаци машко-женски се уште поретки, според истражувачката организација „Спасете ги слоновите“.

„Отсекогаш сакавме да видиме близнаци слонови, но не секој може да го види тоа бидејќи тоа не се случува често“, изјави за Би-Би-Си ветеринарот Лардтонгтар Мипан, која пораснала на оваа фарма за слонови и самата е мајка на близнаци.

Шарин Сомванг, 31-годишна негувачка на слонови, т.н махут, ја скршила ногата додека го задржувала слонот.

„Бев толку среќна што дури и не почувствував никаква болка“, изјави таа за Би-Би-Си, додавајќи дека степенот на повредите го сфатила дури кога била пренесена во болница.

Слоновите се сметаат за свети во Тајланд, каде што мнозинството од населението се будисти. Тие се и национален симбол. На посетителите на паркот, вклучувајќи ги и децата, им е дозволено да ги видат близнаците, но само откако ќе им ги дезинфицираат чевлите и рацете.

Младенчињата ќе бидат именувани седум дена по раѓањето, во согласност со тајландските обичаи. Со тежина од 55 килограми, женското слонче е малку помало од вообичаеното и мора да стои на столче додека се храни од мајка си. Нејзиниот брат со 60 килограми е потежок.

притисни ентер