Канје е снимен на вечера во Фиренца, сопругата облекла целосно проѕирен фустан (ФОТО)

Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Ценсори моментално престојуваат во Фиренца.

Иако минатата година направија скандал во Италија, се чини дека тоа воопшто не му пречи на парот и продолжуваат како и обично. Фотографите ги уловија на вечера во ресторан, каде Бјанка повторно дојде во необична модна комбинација. Таа беше облечена во долг фустан налик на наметка од кој ѕиркаа бели гаќички. Таа не носеше градник. Канје, пак, за вечерата во Фиренца избра лежерно издание.

Потсетуваме дека во август минатата година парот беше на одмор во Италија. Во тоа време тие престојувале во Венеција, а Бјанка се појавила во оскудни модни комбинации, поради што Италијанците на крајот ја пријавиле во полиција.

Според италијанската официјална веб-страница за туризам CIU Travel, локалните жители сметаат дека е навредливо да гледаат посетители како шетаат по улиците во различни состојби со малку облека. Бјанка повеќепати шетала по улиците на Италија со голи гради, кои јасно се гледале под проѕирната мрежеста облека.

Исто така, додека се возеле на брод, Канје се наведнал да го открие својот гол задник, а Бјанка клекнала пред него. На други фотографии можеше да се види и како таа ја спушта главата во неговиот скут, поради што многумина заклучија дека орално го задоволува во јавност.

По споменатиот скандал, Канје и Бјанка добија доживотна забрана за возење на бродови во Венеција.

Сопружници се двајцата загинати кои вчера со возило излетаа во провалија на Галичица

Двајца сопружници на 59 и 56 години од Ресен се лицата кои вчера со возилото излетале во провалија на планината Галичица.

Како што информираат од СВР Охрид, вчера околу 13 часот на патот Охрид – Отешево, полициски службеници со помош на параглајдеристи пронашле автомобил „Фолксваген Голф“ со ресенски регистарски ознаки, а починатите лица биле најдени во близина на возилото. За несреќата вчера информираа од центарот за управување со кризи (ЦУК) од каде рекоа дека возилото паднало во провалија на планината Галичица, кај местото викано „Превој“. Возилото било паднато во провалија на околу 100 до 200 метри длабочина.

Хохштајн ги започна разговорите во Бејрут за деескалација на ситуацијата на југ

Американскиот специјален пратеник Амос Хохштајн денеска започна клучни разговори со либански официјални претставници со цел деескалација на насилството на либанско-израелската граница.

Американскиот функционер ќе ги започне своите разговори во главниот град со претседателот на либанскиот дом Набих Бери, клучен сојузник на проиранското движење Хезболах. Тој потоа ќе разговара со либанскиот премиер Наџиб Микати и министерот за надворешни работи Абдалах Бу Хабиб.

Според извор од либанската влада, Хохштајн, кој го посети Израел вчера, бил испратен во регионот на „итна неочекувана посета“ за да ја спречи влошената ситуација меѓу Израел и Хезболах и да спречи избувнување на сеопфатна војна во областа.

Израелските медиуми денеска објавија дека Бени Ганц, лидер на политичката алијанса Национално единство, вчера му рекол на американскиот претставник дека „истекува времето“ да се постигне секаков вид дипломатски договор за враќање на мирот долж северната граница на Израел со Либан.

Ганц му нагласил на Хохштајн дека е посветен на „отстранување на заканата што Хезболах ја претставува за граѓаните на северен Израел, без оглед на случувањата за војната во Газа“, соопшти неговиот кабинет.

Минатата недела, двајца претставници на Обединетите нации со седиште во Либан изјавија дека се „длабоко загрижени“ поради неодамнешната ескалација на границата меѓу Израел и Либан.

-Опасноста од погрешна пресметка што ќе доведе до ненадеен и поширок конфликт е многу реална, рече специјалниот координатор на ОН за Либан Жанин Хенис-Плашерт и шефот на привремените сили на ОН во Либан (УНИФИЛ), Аролдо Лазаро во заедничката изјава.

Хохштајн со месеци се обидува да најде дипломатско решение меѓу Израел и Хезболах.

Од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, секојдневно има судири меѓу израелската армија, Хезболах и сојузничките групи во пограничната област меѓу Израел и Либан. / МИА

Од четврток Фестивал на инклузија во општина Кисела Вода

Од 20 јуни 2024 година (четврток) од 20:00 часот, во Паркот Македонија, започнува третото издание на Фестивалот на инклузија кој го организираат здруженијата Икуалити и Визија Плус со поддршка од Општина Кисела Вода. 

И оваа година фестивалот ветува богата содржина, интегративни и инклузивни работилници за деца и млади, активности за сите генерации, како и многу забава низ богата музичка програма, филмска вечер, театарска претстава.

Отворањето, на 20 јуни во 20:00 часот, ќе го одбележат дечињата од инклузивниот бенд од школото „Димитар Влахов“ под водство на професор Кристијан Тасевски и пијанистката Ема Ананиевска, како горди претставници на заедницата на лица со попречености.

Музичката програма ќе ја предводат магичните Зарина Првасевда, Дина Јашари, Нина Јанева со бендот, ДЏ Мартин Делимитов, ДЏ Џон Антонио.

Програмата ја збогатуваат и спортските работилници „Испробај се во баскет во колички“ за секој заинтересиран да се проба во најпопуларниот инклузивен спорт – кошарка во инвалидска количка, уметничките работилници за најмладите „Од украс до отпад -правење фигури и украси“ и за изработка на наметки за суперхерои „Ние сме супер-херои“ во соработка со Специјалното училиштето „Св. Наум Охридски“, и работилницата за танци „Танцувај со нас“.

Во четиридневната прорама се предвидени и целовечерни филмски проекции на платно со меѓународно наградени филмови на социјално инспиративни инклузивни теми и танцовата инклузивна претстава „Сеќавања“ во изведба на Танцовото студио – Еурека, како и магионичарско шоу.

Програмата ќе биде заокружена со дебатата „Креираме инклузија и интеграција преку меѓусебна поддршка“ со учество на родители на деца со попречености, која ќе ја модерира претседателот на Здружението Икуалити, Гере Трипков, како и со изложбата на цртежи на деца од општинските школи од Општина Кисела Вода на тема „Заедно можеме“.

За прв пат од оваа година, Здружението Икуалити ќе додели награди „Шампиони на инклузијата“ доделени за придонес и промоција на правата на лицата од социјално ранливите заедници во категориите: лице со попреченост, организација, општествено одговорна компанија, јавна личност, градоначалник и амбасадор.

Фестивалот на инклузија и Општина Кисела Вода ги поканува сите жители на градот Скопје, но и од целата држава, да не посетат, да се забавуваат, инспирираат и поврзуваат и преку сите фестивалски културно-уметничко-забавни настани да се приклучат во креирањето ненадминлива позитивната енергија со цел рушење на бариерите во општеството и создавање простор за поттикнување и промоција на способностите на најранливите и маргинализираните.

Целосната програма можете да ја погледнете на следниот линк: https://equality.agency/3-festival-na-inkluzija/

Општина Кисела Вода

притисни ентер