Маск: Твитер повторно ја пролонгира воведувањето на претплата за сина ознака - Канал 5

Маск: Твитер повторно ја пролонгира воведувањето на претплата за сина ознака

Новиот сопственик на Твитер, Елон Маск синоќа соопшти дека платформата повторно го пролонгира воведувањето на претплата од осум долари за добивање на сина ознака (Blue Verified) за автентичност на профилот.

Маск: Твитер повторно ја пролонгира воведувањето на претплата за сина ознака

– Го одложуваме повторното лансирање на сина ознака додека не бидеме многу уверени дека нема да има лажно претставување. Најверојатно ќе користиме различни бои за организации и за поединци, напиша Маск на Твитер.

Сината ознака претходно беше резервирана за проверените профили на политичари, познати личности, новинари и други јавни личности.

Опцијата за претплата беше воведена во текот на месецот со цел да помогне Твитер да ги зголеми приходите додека Маск се бори да ги задржи огласувачите.

Твитер ја суспендираше својата нова услуга за претплата од осум долари бидејќи се намножија лажни профили, а претплатата ќе биде вратена на 29 ноември.

Маск исто така објави дека минатата недела за 1,6 милиони е зголемена цифрата на Твитер корисници, што е рекордна бројка.

Огласувачите на Твитер, вклучително и големите компании како „Џенерал моторс“, „Монделез интернешнл“, „Волксваген АГ“ привремено го прекинаа рекламирањето на платформата.

Минатата недела стотици вработени во Твитер дале отказ, откако Маск на 17 ноември им даде краен рок на вработените да се пријават за „долги работни часови со висок интензитет“ или да заминат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Запленети и уништени се 1000 килограми пилешки желудник

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа вонредни инспекциски контроли во месарници во Струга и Охрид, при што запленети и уништени се 1000 килограми пилешки желудник кој е забранет за увоз и користење. 

АХВ: Запленети и уништени се 1000 килограми пилешки желудник

Дополнително, запленети и уништени се и 55 килограми подготовки од месо каде бил употребен пилешки желудник. Против две месарници кои не го почитувале донесеното Решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи поднесени се соодветни прекршочни санкции.

Спроведените контроли на Агенцијата во месарниците во Охрид и Струга се дел од засилените контроли кои се спроведуваат во насока на спречување на нелегалните активности во прометот со овој вид храна, сузбивање на овој вид криминал и заштита на здравјето на потрошувачите.

Со цел обезбедување на висок степен на заштита на јавното здравје и интересите на потрошувачите, Агенцијата во јули 2024 година донесе решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи од поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето - можна контаминација со патогени- бактерии и вируси, присуство на токсини и сл. Решението за забрана АХВ ја донесе врз основа на резултатите од спроведената анализа на ризик од можни опасности по здравјето на граѓаните од консумација на овој тип внатрешни органи од живина по здравјето на граѓаните и од резултатите од спроведените инспекциски контроли со кои тогаш беше утврдена злоупотреба и измама на потрошувачите од страна на неколку месни индустрии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации

Како што дознава Канал 5 крим полиција е повторно на терен.

Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации

Неофицијално, дознаваме дека Одделот за криминалистичка полиција при МВР координирано со сите Сектори за внатрешни работи и организациска единица за службени кучиња, продолжуваат со воспоставениот континуитет на работа и вршат претреси на над 40тина локации веќе два дена.

Според информацииите, пронајдени се дрога, оружје, пари, мачети и други предмети кои потекнуваат од кривични дела.

Акцијата е продолжение и резултат на координираното постапување на сите организициски единици на МВР и уште еднаш ја отсликува силната волја и заложба на Министерството за внатрешни работи за бескомпромисна борба во сузбивање на криминалот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со партнерска соработка до побрза енергетска обнова на јавните објекти

Енергетската обнова на јавните објекти е инвестиција во пониски трошоци, помала потрошувачка на енергија и поодржлива јавна инфраструктура. 

Со партнерска соработка до побрза енергетска обнова на јавните објекти

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја унапредува координацијата со меѓународните партнери за забрзување на енергетската обнова на јавните објекти, намалување на потрошувачката на енергија и поефикасно користење на јавните ресурси.

Во рамки на подготовката на проектот PIONEER-MK, со поддршка на програмата PEEB Cool, во Министерството се реализираше мисија на Француската агенција за развој (AFD), во чии рамки се одржа партнерски состанок со претставници на AFD, Светската банка, Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Канцеларијата на Претседателот на Владата.

На состанокот се разгледаа можностите за подобра координација на активностите и унапредување на соработката за спроведување на Планот за реконструкција на зградите што ги користат институциите од јавниот сектор на државно ниво, за периодот од ноември 2025 до ноември 2028 година.

Енергетската обнова на јавните објекти е инвестиција во пониски трошоци, помала потрошувачка на енергија и поодржлива јавна инфраструктура. Преку усогласено дејствување на домашните институции и меѓународните партнери се создаваат услови за поефикасно спроведување на мерките за енергетска ефикасност и намалување на емисиите на стакленички гасови.

Министерството продолжува да ја зајакнува соработката со националните и меѓународните институции, со цел спроведување на реформските приоритети и исполнување на националните и европските цели за енергетска ефикасност и зелена транзиција.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер