Маск на финалето во Катар во друштво со санкционирана руска новинарка (ВИДЕО) - Канал 5

Маск на финалето во Катар во друштво со санкционирана руска новинарка (ВИДЕО)

Илон Маск се фотографираше со санкционираната руска пропагандистка Наилија Аскер Заде на финалето на Светското првенство во Катар, а фотографијата се шири на социјалните мрежи.

Маск на финалето во Катар во друштво со санкционирана руска новинарка (ВИДЕО)

Антикорупциска фондација основана од притворениот руски активист Алексеј Навални објави фотографија од стадионот.

„Илон Маск направи селфи со руската пропагандистка Наила Аскер-Заде (се надеваме) не знаејќи која е таа“, напишаа тие. Маск не ја коментираше фотографијата.

На Твитер е објавено и видео од нивната средба.

Новинарката неодамна доби имот и 60-метарска јахта од својот љубовник, шефот на руската државна банка ВТБ Андреј Костин. Костин е близок со Путин, а санкциите против Русија ги опишува како економска војна.

Наилија е родена во Азербејџан пред 34 години, а водителка е на државната телевизија. Наводно, меѓу недвижниот имот што ѝ го дал Костин има вила во близина на Москва вредна речиси 4 милиони евра, неколку станови на луксузни локации и приватен авион.

Соработниците на Навални тврдеа дека и по 18 години на чело на руската државна банка, Костин не можел да има доволно средства за овие подароци и дека очигледно тоа се пари на даночните обврзници.

Иако фотографите ги снимиле во неколку наврати, сите објави биле блокирани од руската агенција за следење на комуникациите Роскомнадзор, пишува Тајмс. Медиумите објавија и дека парот добил син.

Аскер Заде е добитничка на руската телевизиска награда TEFI-2018 во категоријата „Најдобар интервјуер“. Наилија интервјуирала руски милијардери, министри и шефови на државни корпорации. Таа го интервјуирала и чеченскиот владетел Рамзан Кадиров и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Таа е на списокот на санкционирани Руси поради поврзаноста со ВТБ банка и нејзиниот шеф Андреј Костин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани

Забраната за имигрантски визи за граѓани на 75 земји, меѓу кои и Македонија, воведена од администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, денеска е поништена од федерална судијка како „спротивна на законот“, објави СНН.

Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани

Одлуката ја донесе судијката Џенет Варгас од федералниот окружен суд во Менхетен.

Таа оцени дека државниот секретар Марко Рубио ги надминал своите законски овластувања со забраната, донесена со образложение дека ќе го спречи влезот на луѓе кои би користеле социјална помош и јавни бенефиции. Судијката утврди дека американските службеници во пракса биле упатени да ги одбијат барањата за виза од апликантите, дури и од оние кои можеле да се издржуваат сами, единствено врз основа на нивната земја на потекло.

Во јануари, Стејт департментот го суспендираше издавањето имигрантски визи за земји каде што живее речиси 40% од светското население, а меѓу нив од регионот се најдоа и Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратон

Италијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон.

Италијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратон

Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа.

Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран.

На целта на кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова која е главен покровител на маратонот.

Наградниот фонд на трката изнесува 15 илјади долари, распределни соодветно за првите тројца во двете категории

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР ги остранува хаварисаните и запленити возила кои со години се трупаа во дворовите на полициските станици

Сите овие запленети возила кои ја нарушуваа репрезентативноста на полициските станици и ги затрупуваа нивните дворови, конечно се отстрануваат.

МВР ги остранува хаварисаните и запленити возила кои со години се трупаа во дворовите на полициските станици

Секое од возилата во себе носи приказна, со едно се превезувале мигранти и било дел од филмска брканица, со друго се краделе дрва, некои се и поради безобѕирно возење, а за она што се случувало со дел од нив, најголем сведок и денеска остануваат дупките од куршуми.

Сите овие запленети возила кои ја нарушуваа репрезентативноста на полициските станици и ги затрупуваа нивните дворови, конечно се отстрануваат далеку од очите на службениците и граѓаните на кои им пречеа секојдневно.

-Ова возило кое било дел од огнена пресметка во ПС Арачиново било околу половина година, а во моментов ќе се транспортира во посебно место во Орман, кое што е дел од МВР

Кога екипата на Канал 5 пристигна во полициската станица во Арачиново, акцијата веќе беше во тек. Четири шлеп – возила на МВР ги товареа возилата едно по едно, извлекувајќи ги од обраснатата трева. Поголемиот дел од нив беа полни со оси, отежнувајќи им ја работата на службениците.

Најпоразителен беше изгледот на ПС во Автокоманда, кој со толку возила на поприлично широкиот двор, наликуваше на отпад за автомобили. Дел од нив, немајќи каде, беа паркирани и надвор од оградата – па оваа полициска станица, а граѓаните во околината конечно „продишија“.

-Полициската станица во Автокоманда повторно си го доби назад својот простор, ова место кое беше пренатрупано со автомобили и изгледаше како отпад за автомобили, веќе целото е испразнето, а автомобилите се однесени на друго посебно место..

Полициските станици и граѓаните, наместо ѓубришта, мора да добијат пристоен простор, порача министерот Панче Тошковски, кој најави чистка набргу во секоја станица во земјава.

-Полициските станици беа малтене ѓубришта. Грда слика беше она кое го имавме до вчера, сите станици беа пренатрупани со возила,сега се исчистени и функционални. Сметам дека една ваква акција требаше многу порано да биде направена, но за жал еден децениски проблем кој бил присутен во рамките на сите станици, го расчистивме Скопје првично, продолжуваме понатаму со останатите СВР, ќе бидат расчистени сите полициски станици кои ги имаме во Македонија со цел да имаме еден репрезентативен објект којшто ќе биде и те како пофункционален - Панче Тошковски: Министер за внатрешни работи

Возилата веќе месец и половина и секојдневно се отстрануваат од своите долгогодишни „паркинзи“. Од почетокот на јули, службите на МВР отстраниле 400тини возила и 150 мотоцикли.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер