Маск ги праша корисниците на Твитер дали треба да се повлече од функцијата шеф на компанијата - Канал 5

Маск ги праша корисниците на Твитер дали треба да се повлече од функцијата шеф на компанијата

Милијардерот Илон Маск објави анкета на Твитер во која ги прашува корисниците дали треба да се повлече од функцијата извршен директор на компанијата и побара од луѓето да гласаат.

Маск ги праша корисниците на Твитер дали треба да се повлече од функцијата шеф на компанијата

Тој порача дека ќе се придржува до резултатите од анкетата.

Во неколку објави по анкетата, Маск посочи дека е сериозен околу повлекувањето од функцијата шеф на компанијата, но не е јасно каква ќе биде иднината на Твитер доколку тој се повлече од функцијата извршен директор.

„Како што вели поговорката, внимавајте што посакувате затоа што може да се оствари“, напиша Маск на Твитер.

Тој ја објави анкетата синоќа, а позитивно се изјаснија 58 отсто од анкетираните.

Откако го купи Твитер за 44 милијарди долари и ја презеде функцијата извршен директор на крајот на октомври, Маск отпушти неколку директори и околу половина од вработените. На преостанатите работници им даде ултиматум дека „мора да работат многу напорно или да заминат“. Потоа уште илјада вработени го напуштија Твитер. Исто така, Маск ги отпушти вработените кои отворено не се согласуваа со него.

Маск на Твитер зборуваше за слободата на говорот, поради што дозволи некои луѓе повторно да го имаат нивниот Твитер профил, како што е поранешниот американски претседател Доналд Трамп и „други луѓе кои ширеа лажни вести на социјалните мрежи“.

Во меѓувреме, брендовите почнаа да ги отстрануваат своите реклами од Твитер. Милијардерот и претходно често изјавуваше дека финансиите на Твитер се лоши, а анкетата што ја објави, како што наведуваат агенциите, можеби е показател дека Маск не е целосно задоволен од она што го прави во компанијата како извршен директор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Информација до граѓаните за западнонилска треска

Општина Карпош активно ја следи состојбата со Западнонилската треска и во координација со Град Скопје и надлежните институции, презема превентивни мерки за заштита на граѓаните.

Општина Карпош:  Информација до граѓаните за западнонилска треска

ЗАСИЛЕНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА:

Реализирано е дополнително авионско прскање против ларви на комарци, а во недела вечер ќе се спроведе и теренско прскање против поголеми комарци.

АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ:

Не оставајте застоена вода во дворови, тераси, саксии, садови и резервоари, бидејќи тие се потенцијални места за размножување на комарци.

НЕ ДОПИРАЈТЕ МРТВИ ПТИЦИ СО ГОЛИ РАЦЕ!

Доколку забележите мртва птица, пријавете на единствениот број за итни случаи 112 или 0800 3 22 22 во Агенцијата за храна и ветеринарство. Со заедничко и одговорно дејствување, придонесуваме кон поголема заштита на здравјето на сите граѓани.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

25 години ЕБР – „секогаш и секаде“

ЕБР одбележа 25 години постоење.

25 години ЕБР – „секогаш и секаде“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави продолжување на модернизацијата и поддршката за единицата.

Денеска во Битола Единицата за брзо распоредување (ЕБР) одбележа 25 години од своето формирање, јубилеј посветен на четврт век служба во функција на безбедноста на граѓаните и државата.

На свеченоста пред офицерскиот дом беа истакнати улогата на единицата во безбедносниот систем, нејзиниот развој од формирањето во 2001 година до денес, како и заложбите за натамошна модернизација, опремување и професионално усовршување на припадниците.

На настанот се обратија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и командантот на ЕБР Стојанче Николов, а во рамки на одбележувањето беше изведена и тактичко-показна вежба, како и изложба на опрема која ја користи единицата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. 

Утре сончево и многу топло

Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во текот на новата седмица дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, особено во понеделник ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер