Марина била киднапирана на 4 години и одгледана од мајмуни, а еве како живее денеска - Канал 5

Марина била киднапирана на 4 години и одгледана од мајмуни, а еве како живее денеска

Марина била киднапирана на четири години и оставена во џунгла, тврди дека ја одгледале мајмуни - одела на сите четири нозе и не зборувала.

Марина била киднапирана на 4 години и одгледана од мајмуни, а еве како живее денеска

Имала четири години кога ја киднапирале од дворот и ја оставиле сама во шумата. Капуцините, интелигентните и љубопитни мајмуни, ја прифатија како член на семејството.

Во првите децении на минатиот век, светот беше фасциниран од приказната за момче со аристократско потекло чии родители загинаа во Арфрика. „Диво дете“ било пронајдено во прашумата од група големи мајмуни и одгледано. Книгата на Едгар Рајс Бароуз стана класика, а Тарзан - митска фигура и крал на џунглата. Неколку децении подоцна, една жена доживеала слична судбина во Јужна Америка. За разлика од Тарзан, Марина Чепмен навистина постои.

Имала четири години кога била киднапирана и оставена во шумата, за време на Десетгодишната војна или, како што се нарекува тој период во нејзината татковина Колумбија, „La Violencia“. Марина Чепмен тврди дека еден ден ја киднапирале од селото и дека од непознати причини ја оставиле во шумата, таа не се сеќава на нејзиното родено име, не го знае ни точниот датум на своето раѓање, памети само дека е родена во 1950 година.

Нејзината животна приказна може да биде инспирација за женска верзија на Тарзан и може да ве потсети на авантурите на момчето Могли од „Книгата за џунглата“ на Киплинг. Марина си играла во дворот од својата куќа во Колумбија, во нејзиниот мал свет каде многу сакала да ги поминува деновите. Занесена во играта не ја забележала олпасноста која доаѓа. Сè се случило набрзина - во еден момент таа клечела на земја и си играла со своите играчки, а следниот момент здогледала рака која и го покрила лицето со крпа. Преплашена и ужасната, почувствувала остар мирис на хемикалија. „Мојата последна мисла кога почнав да се онесвестувам беше едноставна: ќе умрам.”- вели Марина.

Вистинската „Книга за џунглата“

„Не знам колку време помина пред да почне да ми се враќа свеста. Слушнав бучава од моторот. Сфатив дека сум во задниот дел од камион. И не бев сам. Слушнав плачење, лелекање, липање. Во камионот имаше и други деца - преплашени, исто како мене. Повторно се онесвестив.“

На следното освестување сфатила дека ја носи некој возрасен маж во рацете. Навлегле длабоко во шумата, а потоа мажот ја фрлил на земја. Зашеметена, таа се обидела да стане и да открие кој е, но се што можела да види се долги нозе кои бегаат и исчезнуваат во темнината. Незнаела каде е, зошто е таму, кога и дали некој ќе ја спаси. Како би можела да преживее, толку мала, беспомошна и сама? Денот се претвориил во ноќ, темината била насекаде околу неа а морничавите ноќни звуци од џунглата биле застрашувачки…

Кога се разбудила, не знаела каде да оди и што да прави. Околу неа имало дрвја, и само - дрвја. Така талкала додека не се изморила, а потоа, гладна и исцрпена, очајно се свиткала на земја и повторно заспа. Кога ги отворила очите, сфатила дека има друштво.

Животот меѓу дрвја

„На оддалеченост од неколку чекори, имаше мајмуни кои зјапаа во мене. По кратко време, еден го напушти кругот и ми пријде. Исплашена, се стуткав, обидувајќи се да бидам што е можно помала. Тој ја испружи својата збрчкана кафена рака, ме преврте на страна и се врати во групата.”

Во одреден момент пред неа се појавиле банани. Гладна, успеала да грабне една и да ја изеде. Во наредните денови живеела со нив. Иако била натрапник, ја прифатиле. Освен што морала да спие на земја, затоа што не можела да се качи на врвот од дрвјата, кадешто живеат мајмуните. Тој прогрес се случувал постепено. Научила како се качува, а во меѓувреме станала физички многу посилна и успеала да стигне до врвот на дрвото.

Станала член на семејството Капучини, љубопитни и интелигентни мајмуни кои живеат во групи од 15 до 20 поединци. Ја прифатилр како една од нив. Таа комуницирала со нив, ги имитирала нивните движења, се хранела као нив..станала дел од нив. Исто како познатиот Тарзан, зарем не?

По неколку години, Марина била спасена од ловци. Во меѓувреме, заборавила да зборува човечки јазик. Подоцна била продадена во бордел во Кукута, но набрзо ја исфрлиле бидејќи била премногу дива. Останала на улица, а потоа станала роб на едно мафијашко семејство. Нејзината сосетка, Маруха ја спасила од неволја.

Дали приказната е автентична?

Маруха ја посвоила Марина кога имала околу 14 години и ја испратила во Богота, да живее со една од нејзините ќерки. Семејството имало врски со Англија преку текстилната индустрија. Тие ги испратиле децата во Бредфорд во 1977 година, а со нив и Марина да им биде дадилка.

Таму го запознала и нејзиниот иден сопруг, научник. Тие сè уште живеат во Бредфорд, имаат две деца, а „National Geographic“ своевремено сними документарен филм за необичната животна приказна на „Жената одгледана од мајмуни“.

Марина Чепмен напиша и автобиографија „Девојката без име“. Отпрвин било тешко да се издаде книгата - неколку издавачи ја отфрлиле нејзината приказната, сметајќи дека не е автентична.

Карлос Конде, професор од Колумбија, ја тестирал Мрина со специјалеб тест и потврдил дека „Жената Тарзан“ ја кажува вистината. Сепак, професорот по психологија од Лондон, Крис Френч, верува дека тоа е синдром на лажна меморија - сеќавање што се чини дека е реално во нашиот ум, но всушност е делумно или целосно измислено.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско.

Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

На 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината.

Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер