Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите - Канал 5

Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите

Во духот на илинденските идеали за истрајност, борба за слобода и патриотски непокор, Македонија денеска одбележува едни од најголемите и најзначајни настани за својата државност.

 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите

Во духот на илинденските идеали за истрајност, борба за слобода и патриотски непокор, Македонија денеска одбележува едни од најголемите и најзначајни настани за својата државност – 123 години од Илинденското востание и Крушевската република и 82 години од првото заседание на АСНОМ

Во меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, со положување на свежо цвеќе од бројни домашни и странски делегации како и музичка изведби на традиционални македонски песни од Националниот џез оркестар, се одбележа Илинден – Денот на Републиката. Пред присутните во Пелинце се обрати премиерот Христијан Мицкоски, кој порача дека битката на оваа генерација е последната надеж за иднината на државата против која, како што рече, се сторени многу неправди и во име на која се донесени погрешни историски одлуки.

-Денес татковината знам дека не е земјата и државата за која сонуваа илинденците и асномците, но нашата битка е токму да ја вратиме таквата татковина. // Не паѓајте во замката на талогот кој тие го создаваат. Ве молам внимавајте и не му верувајте на тој талог од неуспеси, цинизам и мразење на сè што е успешно. Нашата генерација има обврска да се избори за нешто што е подеднакво важно — да ја зачува душата, да ја врати вербата во институциите, да го врати достоинството на чесниот човек и повторно да ја направи надежта најсилна движечка сила на нашето општество. Затоа што денес не се води само политичка битка. Не се води само економска битка. Не се води само битка за нови инвестиции, повисоки плати, подобри училишта, модерни болници или нови патишта, иако сето тоа е неопходно и ќе продолжиме да го правиме со уште поголема решителност,- - Христијан Мицкоски, претседател на влада.

Илинден во Пелинце го одбележаа и голем број на граѓани, за кои, како што рекоа пред камерата на Канал 5 - празнувањето на овој голем македонски празник е дел од семејната традиција.

Инаку, меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце иако симбол на независноста и борбата на македонскиот народ за самоопределување, е изграден на 8 километри од местото каде што всушност е одржано првото заседание на АСНОМ – Манастирот Прохор Пчински на територијата на денешна Србија, поради тогашниот отпор да се дозволи чествувањето на Илинден во манастирот на македонските делегации. Откогаш, Македонија овој значен празник го одбележува тука, на Пелинце.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани

Забраната за имигрантски визи за граѓани на 75 земји, меѓу кои и Македонија, воведена од администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, денеска е поништена од федерална судијка како „спротивна на законот“, објави СНН.

Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани

Одлуката ја донесе судијката Џенет Варгас од федералниот окружен суд во Менхетен.

Таа оцени дека државниот секретар Марко Рубио ги надминал своите законски овластувања со забраната, донесена со образложение дека ќе го спречи влезот на луѓе кои би користеле социјална помош и јавни бенефиции. Судијката утврди дека американските службеници во пракса биле упатени да ги одбијат барањата за виза од апликантите, дури и од оние кои можеле да се издржуваат сами, единствено врз основа на нивната земја на потекло.

Во јануари, Стејт департментот го суспендираше издавањето имигрантски визи за земји каде што живее речиси 40% од светското население, а меѓу нив од регионот се најдоа и Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратон

Италијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон.

Италијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратон

Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа.

Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран.

На целта на кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова која е главен покровител на маратонот.

Наградниот фонд на трката изнесува 15 илјади долари, распределни соодветно за првите тројца во двете категории

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР ги остранува хаварисаните и запленити возила кои со години се трупаа во дворовите на полициските станици

Сите овие запленети возила кои ја нарушуваа репрезентативноста на полициските станици и ги затрупуваа нивните дворови, конечно се отстрануваат.

МВР ги остранува хаварисаните и запленити возила кои со години се трупаа во дворовите на полициските станици

Секое од возилата во себе носи приказна, со едно се превезувале мигранти и било дел од филмска брканица, со друго се краделе дрва, некои се и поради безобѕирно возење, а за она што се случувало со дел од нив, најголем сведок и денеска остануваат дупките од куршуми.

Сите овие запленети возила кои ја нарушуваа репрезентативноста на полициските станици и ги затрупуваа нивните дворови, конечно се отстрануваат далеку од очите на службениците и граѓаните на кои им пречеа секојдневно.

-Ова возило кое било дел од огнена пресметка во ПС Арачиново било околу половина година, а во моментов ќе се транспортира во посебно место во Орман, кое што е дел од МВР

Кога екипата на Канал 5 пристигна во полициската станица во Арачиново, акцијата веќе беше во тек. Четири шлеп – возила на МВР ги товареа возилата едно по едно, извлекувајќи ги од обраснатата трева. Поголемиот дел од нив беа полни со оси, отежнувајќи им ја работата на службениците.

Најпоразителен беше изгледот на ПС во Автокоманда, кој со толку возила на поприлично широкиот двор, наликуваше на отпад за автомобили. Дел од нив, немајќи каде, беа паркирани и надвор од оградата – па оваа полициска станица, а граѓаните во околината конечно „продишија“.

-Полициската станица во Автокоманда повторно си го доби назад својот простор, ова место кое беше пренатрупано со автомобили и изгледаше како отпад за автомобили, веќе целото е испразнето, а автомобилите се однесени на друго посебно место..

Полициските станици и граѓаните, наместо ѓубришта, мора да добијат пристоен простор, порача министерот Панче Тошковски, кој најави чистка набргу во секоја станица во земјава.

-Полициските станици беа малтене ѓубришта. Грда слика беше она кое го имавме до вчера, сите станици беа пренатрупани со возила,сега се исчистени и функционални. Сметам дека една ваква акција требаше многу порано да биде направена, но за жал еден децениски проблем кој бил присутен во рамките на сите станици, го расчистивме Скопје првично, продолжуваме понатаму со останатите СВР, ќе бидат расчистени сите полициски станици кои ги имаме во Македонија со цел да имаме еден репрезентативен објект којшто ќе биде и те како пофункционален - Панче Тошковски: Министер за внатрешни работи

Возилата веќе месец и половина и секојдневно се отстрануваат од своите долгогодишни „паркинзи“. Од почетокот на јули, службите на МВР отстраниле 400тини возила и 150 мотоцикли.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер