3Најмалку шестмина загинати и 28 повредени во напад на православна црква во Јордан, пукале за време на погреб
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
ФудбалВеќе 21 фудбалер се платени повеќе од 100 милиони евра за трансферДали фудбалерите навистина вредат толку многу? Веќе 21 фудбалер се платени повеќе од 100 милиони евра за трансфер, а Јан Диоманде би можел да биде следниот. Најголемиот трансфер што моментално се подготвува на пазарот е доаѓањето на Јан Диоманде од РБ Лајпциг во Реал Мадрид. Доколку трансферот се реализира, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе се приклучи кон ексклузивната група играчи за кои се платени повеќе од 100 милиони евра. Досега, 21 фудбалер ја достигнале таа вредност, почнувајќи од летото 2013 година, кога Реал Мадрид му плати на Тотенхем 101 милион евра за Герет Бејл. Оттогаш, трансферите со обештетувања од деветцифрени износи станаа многу почести и веќе не предизвикуваат толку многу полемики како порано. Доаѓањето на клубови во сопственост на држави и милијардери дополнително го зголеми бројот на вакви трансфери. Меѓу нив, се издвојува Пари Сен Жермен, кој во 2017 година ги сруши сите рекорди со плаќање 222 милиони евра за Нејмар, активирајќи ја неговата откупна клаузула од договорот со Барселона. Само неколку недели подоцна, ПСЖ го доведе и Килијан Мбапе од Монако за 180 милиони евра. Ако има еден клуб што доминира на оваа листа, тоа е Челзи. Во ерата на Роман Абрамович, а потоа под сопственост на Тод Боели, лондонскиот клуб донесе дури пет играчи за повеќе од 100 милиони евра: Морган Роџерс, Енцо Фернандез, Мојсес Кајсед, Ромелу Лукаку и Каи Хаверц. Клубови од Премиер лигата учествуваа во дури 11 од вкупно 22 трансфери вредни над 100 милиони евра. Шпанската Ла Лига, вклучувајќи го и евентуалното доаѓање на Диоманде, учествув во осум такви трансфери. Четири би му припаднале на Реал Мадрид, три на Барселона и еден на Атлетико Мадрид. Франција е претставена од ПСЖ, додека единствениот претставник на Серија А е Јувентус, поради Кристијано Роналдо. Покрај тоа што сè уште е најскапиот трансфер во историјата на фудбалот, Нејмар е и играчот за кого се издвоени најмногу пари во текот на неговата кариера. Барселона и ПСЖ заедно платија речиси 400 милиони евра за неговите трансфери. На второто место е Ромелу Лукаку, за кого клубовите издвоија вкупно околу 370 милиони евра, додека Кристијано Роналдо е трет со 247 милиони. Трансфери над 100 милиони евра: 1.Нејмар – 222 милиони евра (Барселона → ПСЖ) 2.Килијан Мбапе – 180 милиони евра (Монако → ПСЖ) 3.Александар Исак – 145 милиони евра (Њукасл → Ливерпул) 4.Морган Роџерс – 138 милиони евра (Астон Вила → Челзи) 5.Елиот Андерсон – 135 милиони евра (Нотингем Форест → Манчестер Сити) 6.Жоао Феликс – 127,2 милиони евра (Бенфика → Атлетико Мадрид) 7.Флоријан Вирц – 125 милиони евра (Баер Леверкузен → Ливерпул) 8.Енцо Фернандес – 121 милиони евра (Бенфика → Челзи) 9.Филипе Кутињо – 120 милиони евра (Ливерпул → Барселона) 10.Антоан Гризман – 120 милиони евра (Атлетико Мадрид → Барселона) 11.Џек Грилиш – 117,5 милиони евра (Астон Вила → Манчестер Сити) 12.Мојсес Каиседо – 116 милиони евра (Брајтон → Челзи) 13.Еден Азар – 115 милиони евра (Челзи → Реал Мадрид) 14.Ромелу Лукаку – 113 милиони евра (Интер → Челзи) 15.Кристијано Роналдо – 112 милиони евра (Реал Мадрид → Јувентус) 16.Сандро Тонали – 108 милиони евра (Њукасл → Тотенхем) 17.Пол Погба – 105 милиони евра (Јувентус → Манчестер Јунајтед) 18.Усман Дембеле – 105 милиони евра (Борусија Дортмунд → Барселона) 19.Џуд Белингем – 103 милиони евра (Борусија Дортмунд → Реал Мадрид) 20.Герет Бејл – 101 милион евра (Тотенхем → Реал Мадрид) 21.Каи Хаверц – 100 милиони евра (Баер Леверкузен → Челзи)Тагови: милиони Фудбал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
ЕвропаСилна бура ги погоди Франција и Британија, ѝ се заканува и на Германија (ВИДЕО)Првата моќна есенска бура, наречена Остен од британските метеоролози, го погоди северозападниот дел на Франција. Поради бурните ветрови, 23 департмани прогласија портокалово ниво на готовност, а бурата предизвикува прекини во сообраќајот и широко распространети прекини во снабдувањето со електрична енергија, објавува Euronews. Бурата брзо се засили над Атлантикот пред да се упати кон Британските острови и францускиот брег. Прво ја погоди Бретања во ноќта од четврток кон петок, а силниот ветер потоа се прошири во Нормандија и регионот Горна Франција. Налетите на ветер беа исклучително силни по должината на брегот. Во Поант ди Раз во департманот Финистер беше измерена брзина од 161 км/ч, а неколку метеоролошки станици исто така регистрираа рекордни брзини на ветерот за октомври. 🌀⛈️: The strongest winds of #Storm #Austen are now hitting Seine-Maritime with gusts up to 148 km/h in Fécamp! They are moving toward Hauts-de-France. 💨 ( https://t.co/McL4v7SWLN — World_Breaking_News03 (@Breaking2003) October 23, 2026 До денес наутро, околу 161.000 домаќинства останаа без електрична енергија, главно во Бретања, регионот Пеи де ла Лоара и Нормандија. Паднатите дрвја и лошите временски услови го нарушуваат и железничкиот сообраќај, предизвикувајќи неколку линии да бидат суспендирани како мерка на претпазливост. Мостовите се затворени во департманот Сена-Морит. Се шири во Велика Британија и Германија Мет-службата издаде портокалово предупредување, второ највисоко ниво, за Корнвол и Девон, каде што се очекуваат налети на ветер до 130 км/ч. Бурата го погоди подрачјето рано наутро. Според National Grid, операторот на електричната мрежа во Велика Британија, повеќе од 16.000 домови во југозападна Англија останаа без струја до доцна наутро. BREAKING: Thousands of homes have lost power due to Storm Austen. https://t.co/8rCnssEmTS — Rabindra. 🚩 (@rabindraX238) October 23, 2026 Ветрови до 100 км/ч се прогнозираат за јужна и централна Англија во текот на целиот ден, додека бурата се движи кон исток по должината на брегот на Ламанш. Во Германија, каде што националната метеоролошка служба ја нарече бурата Луиз, налети на ветер до 100 км/ч се очекуваат на запад и северозапад од земјата. Серија бури и ново предупредување за викендот Само неколку дена претходно, бурата Адам ги погоди јужна Франција и Шпанија, носејќи силни грмотевици и обилни дождови. Поплавите најмногу ги погодија француските департмани Гард, Буш-ду-Рон и Вар. Најмалку шест лица загинаа во Шпанија и јужна Франција, од кои две во Франција, а илјадници домаќинства останаа без електрична енергија. На крајот од викендот се очекува доаѓањето на уште една силна бура, Боело, која ќе донесе нови налети на ветер и обилни дождови. Британската метеоролошка служба веќе го зголеми нивото на предупредување за бурата Боело од жолто на портокалово за Северна Ирска, Шкотска и делови од северна Англија. Предупредувањето важи за сабота навечер и цела недела.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова во Будимпешта се сретна со претставници на македонската дијаспораПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во Будимпешта по повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956, утрово се сретна со претставници на македонската дијаспора.На средбата присуствуваа истакнати лица од областа на бизнисот, науката, образованието, информатичките технологии, како и студенти. Тие ја запознаа претседателката со нивната улога и ангажман во општествениот живот на Унгарија, како и со актуелната состојба во земјата. Соговорниците изразија желба за јакнење на македонско-унгарските односи. Дадоа предлози за промоција на државата пред унгарската јавност и подобро меѓусебно културно запознавање, посебно акцентирајќи ги можностите за развој на туризмот. Тие укажаа на потребата од отворање на културни центри во обете држави. За Сиљановска-Давкова, континуираната комуникација со дијаспората, преку македонските дипломатски претставништва е особено важна за соработката и афирмацијата на татковината. Претседателката изрази задоволство од етаблираноста и препознатливоста на малубројната македонска дијаспора во унгарското општество. Таа укажа на важноста на културната дипломатија и ја поздрави нивната посветеност и активност врзана за негувањето на македонскиот јазик, култура и традиција, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајмалку шестмина загинати и 28 повредени во напад на православна црква во Јордан, пукале за време на погреб Најмалку шест лица беа убиени, а 28 ранети во денешниот напад врз грчка православна црква во Јордан, изјави портпарол на јорданската влада.Нападот се случил во Карак, на околу 180 километри од јорданската престолнина Аман, објави Ројтерс. Порано во текот на денот, арапските медиуми објавија дека седум лица се убиени, а 10 се ранети, од кои некои се во критична состојба. Некои сведоци рекоа дека возило пристигнало на местото на настанот и напаѓачите излегле, пукале континуирано пет минути, а потоа избегале. Калид Буркан, кој присуствувал на погребот, изјави за Ројтерс дека на погребот се собрале неколку десетици луѓе и дека двајца мажи, едниот вооружен со пушка, а другиот со пиштол, отвориле оган врз нив и пукале неколку минути. Никој сè уште не ја презел одговорноста за нападот, а јорданските власти не кажале кој стои зад него. Ваквите напади се исклучително ретки во Јордан, кој е релативно стабилна земја, но се соочува со зголемени ирански напади оваа година откако САД и Израел започнаа напади врз Иран во февруари. Христијаните сочинуваат малцинство од населението на Јордан, иако земјата е дом на неколку библиски места кои привлекуваат христијански аџии од целиот свет. Во времето на нападот, во и околу црквата имало помеѓу 150 и 200 луѓе, рече Буркан, додавајќи дека повеќето од жртвите биле на возраст помеѓу 50 и 70 години.Тагови: Јордан Црква Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05