Земјата каде што не се остава бакшиш, келнерите трчаат по гостите за да ги вратат парите - Канал 5

Земјата каде што не се остава бакшиш, келнерите трчаат по гостите за да ги вратат парите

Иако оставањето бакшиш во ресторани и кафулиња е вообичаен начин за изразување благодарност за добрата услуга во многу земји, во Јапонија таков потег може да има сосема спротивен ефект. 

Земјата каде што не се остава бакшиш, келнерите трчаат по гостите за да ги вратат парите

Во оваа азиска земја, оставањето пари по оброкот се смета за некултурно, па дури и навредливо.

Обичаите поврзани со бакшишот се разликуваат низ светот. Во Обединетото Кралство, Германија, Данска и Шведска, вообичаено е да се остават околу десет проценти од сметката, додека во Франција, Италија и Шпанија луѓето обично оставаат околу пет проценти.

Во САД, оставањето бакшиш е практично задолжително и често се движи меѓу 15 и 20 проценти, без оглед на квалитетот на услугата.

Сепак, во Јапонија важат сосема различни правила. Според Би-Би-Си, повикувајќи се на туристичката агенција InsideJapan Tours, Јапонците сметаат дека обезбедувањето квалитетна услуга е составен дел од нивната работа; следствено, дополнителните пари не се ниту очекувани ниту посакувани.

„И покрај предупредувањата дека бакшишот не е вообичаен во Јапонија, некои туристи сè уште инсистираат да ја покажат својата благодарност со пари, но тоа едноставно не функционира“, изјави Џејмс Манди од InsideJapan Tours за Би-Би-Си.

Тој забележува дека не е невообичаено да се види келнер како истрчува од ресторанот по муштеријата за да врати пари оставени на масата.

Причината за оваа реакција лежи во јапонската култура, каде што квалитетната услуга се зема здраво за готово како прашање на професионална гордост, а не како средство за заработка на дополнителни пари. Искрената благодарност се цени многу повеќе од бакшишот.

Едноставна „оишиката“ - што значи „беше вкусно“ - или „гочисосама дешита“ - израз на благодарност за оброкот - се сметаат за многу посоодветни начини гостинот да покаже задоволство. Придружени со учтив поклон, ваквите зборови имаат многу поголема вредност од парите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта

За 35 лица е намален бројот на загинати во сообраќајни несреќи во првите осум месеци годинава, споредено со истиот период лани.

По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта

Од 96 жртви во 2025, бројот годинава е намален на 61. Бројките ги сподели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при денешниот старт на „Безбеден град“ во Велес. Тој посочи дека намалувањето на бројот на жртви е резултат на повеќе фактори, меѓу кои и зголемената контрола и санкционирањето на сообраќајните прекршоци.

Со пуштањето во функција во Велес, системот го опфаќа целото подрачје на СВР Велес – Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Само за ден и пол системот во Велес веќе регистрирал 151 сообраќаен прекршок. Од нив, 124 се регистрирани во саботата, а уште 27 денеска до пладне. Најголем дел се за прекумерна брзина, додека три до четири прекршоци се за минување на црвено светло.

-Вчера (сабота) регистрирани се 124 казни, а денес до пладне 27 казни, односно за ден и пол вкупно 151. Ова е многу помалку во споредба со бројките што ги имавме во некои претходни периоди. Велес доби и команден центар за овој систем, сместен во поранешните простории на Министерството за одбрана, кои се целосно реконструирани. Тој го покрива подрачјето на СВР Велес, односно градовите Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Најголем дел од овие 151 казна се за брзо возење, а само три-четири се за минување на црвено светло на семафор. – Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи

Но, црниот биланс на патиштата и натаму е присутен. Само во изминатите два дена во две тешки сообраќајки загинаа три лица – двајца кај Илинден, меѓу кои татко и неговиот 17-годишен син, и 21-годишен млад фудбалер во несреќата на патот Гостивар–Стража. Во двете несреќи има и повеќе повредени. Во сообраќајката кај Илинден повредени беа две лица, едното повредено 17 годишно момче е во кома, а 17 годишната девојка е тргната од респиратор, велат од Ургентен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Ќе се намалува ДДВ-то за дизел горивата

На владина седница денеска ќе се донесе мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти – информира премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Ќе се намалува ДДВ-то за дизел горивата

Во продолжение погледнете ја целосната изјава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со настaпи на Хозе Карерас и Дејвид Гета, над 200 илјади граѓани ја прославија 35-годишнината од независноста

Над 200 илјади граѓани присуствувле на настаните кои во текот на еден месец се одржуваа на повеќе локации по повод 35 години од независноста на Македонија, посочи премиерот Мицкоси. 

Со настaпи на Хозе Карерас и Дејвид Гета, над 200 илјади граѓани ја прославија 35-годишнината од независноста

Тој оцени дека државата достоинствено ја одбележала независноста и дека прославата била од светски калибар. Најави дека вакви настани ќе се организираат секоја година и дека Владата ќе поддржува ваков тип културни и спортски манифестации. На обвинувањата од СДСМ за сумата одвоена за концертот на Дејвид Гета, Мицкоски одговори дека се од општествено одговорни компании и дека резервите на Државната лотарија сега се насочувле назад кон граѓаните, а не во приватни џебови како што тоа било случај во минатото.

„Ја следам оваа естрада што ја прави опозицијата. Мислам дека се единствени коишто во овој период не се задоволни затоа што прославата на 35-годишнината, којашто траеше повеќе од еден месец, помина навистина прекрасно. Имаше мнигу среќни и многу задоволни граѓани. Оние кои очајуваа на времето парите ги трошеа во приватни џебови кај Перпарим и останатите, а ова влада сето она кое што е дел од резервите на Државна котарија го враќа назад кај граѓаните, кај културата и кај уметниците. Има разлика не сме исти, владата на СДСМ и ДУИ добивката од Лотарија најчесто преку сомнителни тендери и јавни набавки ги враќаше во приватни џебови на неколкумина виоски функионери, за кои има судски просеси“– Христијан Мицкоски, претседател на Владата

Од опозиоциската СДСМ пак бараат јавно да се објаваат договорите И исплатите на добавувачите и на секој изведувач поединечно кој настапил за време на одбележувањето на независноста. Во спротивно бараат да се отвори истрага кој ќе утврди каде завршил секој денар.

„Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски. Сомнежите за дилови се оправдани, поради начинот, одлуката, криењето информации и отворањето на јавниот повик, кој траел само пет работни дена и на кој пристигнала само една понуда. Значи условите биле однапред приспособени за конкретен организатор бил договорен. Колку точно чинел настапот на Дејвид Гета – неговиот хонорар, продукцискиот пакет, сцената, техниката, транспортот и меѓународниот тим. И кога бил договорен и исплатен“- Маја Борозан, портпаролка на СДСМ

35 годишнината од незавиноста се одбележуваше повеќе од еден месец ширум земјава. Прославата стартуваше на 9-ти август од стадионот Билјанини извори во Охрид, а карванот насловен „Силно светнал ден“ помина низ 11 градови. На 1-ви септември на градскиот плоштад во Скопје настапи и светската оперска ѕвезда Хозе Карерас.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер