Снимен е моментот на судар на два борбени авиони на војската на Филипини- загинаа сите четворица пилоти (ВИДЕО)
1Снимен е моментот на судар на два борбени авиони на војската на Филипини- загинаа сите четворица пилоти (ВИДЕО)
Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
ЖивотМанастирот Зрзе чувар на приказната за зачетоците на христијанството на овие просториМанастирот „Свето Преображение" Зрзе ги носи сведоштвата за најраните корени на Христијанството на овие простори. Не случајно за Велигден решивме да го посетиме манастирот во Зрзе. Зданието извишено на бигорна карпа, на 1000 метри надморска височина е со вековна историја. Ќе речете: тоа е така со македонските манастири и цркви. Ама манастирот „Свето Преображение" Зрзе ги носи сведоштвата за најраните корени на Христијанството на овие простори. И на мачеништвото. И на монаштвото. Како основа на Христијанството. Лесно се стигнува до Манастирот. Има асфалтен пат. Од портите под манастирот и малку пеш. Потоа,се отвораат вратите на мирот, спокојството, духовноста. На ненадминливата глетка на Пелагонија, љубезно ќе ве пречека еден од 7-те монаси. Кафето и чајот со благослов е од монахот Јов. И, не сака да се фотографира. Зданието со обновените конаци е блаженство за окото. Црквата, пак, за духовното спокојство. Друштво ни прават луѓето од прилепскиот Институт за старословенска култура, кои се најповикани да ни ја објаснат историјата, археологијата, уникатноста. Не само на манастирското здание, на црквата со фрескоживописот и со иконата на Богородица Пелагонитиса која, според легендата, си го сменила местото кај олтарот. И не само за монашките ќелии под манастирот, кои како очи ја допираат вашата душа. Туку, и за артефактите до манастирот со остатоците од гробницата на непознат маченик од 4 и 5 век и ранохристијанска црква. Со поглед на расцветаните магнолии, со прекрасни лилави цветови на 1000 метри височина, историчарот на уметност д-р Александар Василески, научен соработник во Институтот потсетува на уникатноста на манастирската црква. Биле три, денес ги има двете под ист покрив. – Црквата Свето Преображение всушност е три цркви под еден покрив. Сите се од различен временски период. Она што го имаме зачувано како најстаро сликарство, според историските извори, знаеме дека најстарата црква потекнува уште од средината на 14-тиот век. Најстарото фрескосликарство е од 1368-9 година и е најстариот сочуван живопис, генерално, во овие предели, како целина. Денес се сочувани двете. Средната црква е посветена на Светото Преображение, а таа од десната страна е, всушност, посветена на Светите апостоли Петар и Павле. Позната е како „овчарска црква" бидејќи е поврзана со легендата за едно овчарче кое маченички го завршило животот кон крајот на 18-тиот век. Црквата денес ја носи таа посвета, објаснува Василески. Црквата го носи и најстариот живопис на овие простори, а ги има и од неколку века. Осликана е и страсната недела, неделата пред Велигден со последните настани од животот на Исус Христос. Ама тука се најзначајните икони, на Христос спас и животодавец и Богородица Пелагонитиса. Се сместуваат во антологиски дела на византискиот иконопис, воопшто на овие простори. – Во периодот што следува овој е еден од најзначајните центри, и културни, и уметнички. Имаме живопис од 16-тиот, од 17-тиот век. Оттогаш е претставата на Страшниот суд, а имаме икони од 19 век. Најзначајни и највредни се имињата на браќата Јован и Макариј, односно минтрополитот Јован и брат му, јеромонахот Макариј, кои биле и семејно и интимно поврзани со манастирот. Биле и негови ктитори. Биле и сликари. Нивни се иконите Христос Спас и животодавец и Богородица Пелагонитиса кои се сместуваат во антологиските дела на византискиот иконопис. Тоа се копии, оригиналите се во Музејот на Македонија, вели Василески. Манастирот со возвишеност ги носи легендите низ вековоте. До ден-денес зачувани. Луѓето сакаат да веруваат. Особено дека престојот таму е и лек и за плодноста и раѓањето. Но, знаејќи дека под манастирот во бигорната карпа се монашките ќелии од 9 век како основен облик на монашкиот живот на овие простори, а и дека десно од манастирот (ако гледате кон манастирот, во спротивно се од левата страна) се остатоците од надсводена гробница на непознат маченик и ранохристијанска црква од крајот на 4 и почетокот на 5 век, љубопитството е разбудено. Има и втора етапа, крајот на 5 и почетокот на 6 век. Веднаш се упатуваме на тоа свето место од раното христијанство. Би рекле, свето е до денес. Уште поголема е возбудата што археологот и директор на Институтот за старословенска култура Бранислав Ристески недвосмислено укажува – тоа се единствени, уникатни примероци на најраните манифестации на христијанството. Со саможртвата – мачеништвото и со облиците на монаштвбото. За Ристески мистериозна е приказната што се крие зад животот и смртта на непознатиот маченик од крајот на 4 и почетокот на 5 век чија гробница е на тоа свето место. Пронајдениот скелет на археолозите им укажал дека маченикот имал воени рани, но не умрел од тоа. -Антрополошката анализа на скелетот на маченикот укажува на значителни општетувања од копје, од воени орудија на главата, на рацете, на нозете. Тоа упатува на очигледна претпроставка дека станува збор за лице од воената каста. Но, анализата покажува дека овие повреди не биле причина за неговата смрт, бидејќи тој, во поодминатата доба, во 6 деценија од својот живот, се упокоил во овој комплекс на Манастирото во Зрзе, вели Ристески. Возвишено нѝ делува сознанието дека на централно-балканскиот простор, посебно во регионите на Мариово и Пелагонија, ова е еден од трите најсочувани комплекси на најраните пројави и манифестации на христијанството, заедно со Градешница и Градок во селото Манастир, Мариово. Но, овој комплекс е еден од најрепрезентативните. -Не само што е сведоштво за мачеништвото, туку е и индиректен показарел за најраната етапа на христијанството, кога сѐ уште не се воспоставени севкупните богослужбени поставки. Втората димензија која укажува на најраното конституирање на христијанството е тоа што покрај олтарниот простор, како сакрален се наметнува источниот простор од олтарот. Покрај погребувањето на непознатиот маченик, подоцна се погребуваат сите значајни личности. Тоа е издвоено како значен простор во христијанската заедница, констатира археологот Ристески. Фасцинирани сме од сознанијата и доказите дека Манастирот Зрзе ја чува приказната за најраните зачетоци на христијанството на овие простори, за мачеништвото и за монаштвото. Напуштајќи го манастирскиот комплекс во Зрзе низ змиоликиот пат, последниот поглед го опфаќа целото здание. И, пак, како во почетокот, се издвојуваат монашките ќелии под манастирот. Ги има 40-тина. Археологот Ристески дообјаснува. – Првата форма на монашкото живеење се монашките ќелии. Од крајот на 9, па до 15 век. Според содржината, има најголеми сличности со монашкото живеење на Света Гора. Ова е единствен пример на овие простори, а монашкото живеење потоа се финализира со манастирското, заклучува Ристески. Ја завршуваме посетата на манастирот „Свето Преображение" во Зрзе. Неговата посебност е недвосмислена. За уште еден печат за корените на христијанството. За уште една потврда на вечната потрага по спокојството. А и на духовната рамнотежа. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
СудбинаПолицаец од Флорида пронашол мртов човек, па му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа (ВИДЕО)Полицаец од Флорида е обвинет за кражба на идентитет на маж што го пронашол мртов, а потоа се преселил во неговиот дом и го презел неговиот идентитет.Брајан Луис Сгурос, 35, полицаец од Лодерхил, Флорида, беше уапсен претходно оваа недела. Истражителите велат дека Сгурос се претставувал како починатиот Денис Вест, се преселил во двокатната куќа каде што го пронашол неговото тело, а потоа ја реновирал. Според полицијата, тој живеел во куќата на југот на Флорида со години без никој да ја открие измамата. Сгурос сè уште не се изјаснил за обвиненијата. Не е познато дали има адвокат. Полициската управа на Лодерхил го отстранила од должностите и го суспендирала, објавува Би-Би-Си. 🔥🚨DEVELOPING: A Florida man who was found dead in his home during a welfare check in July 2022 and a officer who discovered the body named Brian Louis Sguros with the Lauderhill Police Department moved into the home and spent years impersonating him. https://t.co/k5AO01IkfJ — Dom Lucre | Breaker of Narratives (@dom_lucre) October 22, 2026 Организирал кремација на телото на сопственикот на куќата Во 2022 година, полицијата добила повик да провери за 71-годишниот жител на Лодерхил, Денис Вест. Полицаецот Брајан Луис Сгурос бил испратен да помогне во истрагата. Кога го пронашол Вест, кој починал од природна смрт, наводно „смислил сложена измама за да ја преземе контролата врз домот на лицето“, се вели во соопштението на шерифската канцеларија на округот Бровард. Според соопштението, истражителите тврдат дека Сгурос му кажал на канцеларијата на мртовечникот дека е пријател на Вест, иако властите не пронашле докази дека двајцата се познавале. Судските документи наведуваат дека полицаецот е виден на камерата на телото за време на запирањето и дека нема индикации дека имал претходен контакт со Вест. Сгурос наводно му кажал и на канцеларијата на мртовечникот дека Вест нема живи членови на семејството, што исто така било неточно. Потоа Сгурос организирал кремирање на телото на Вест. Florida officer accused of stealing dead man's identity and moving into his home, police say https://t.co/SoitCwbpYg — BBC News (World) (@BBCWorld) October 22, 2026 Вели дека сакал да спречи други нелегално да се вселат во домот Заедничката истрага на канцеларијата на шерифот и Канцеларијата за проценувачи на недвижности во округот Бровард откри дека Сгурос ја презел куќата и се вселил во неа во август 2022 година. Властите велат дека тој поднел документација до канцеларијата за проценка на имотот во 2025 година во која наведува дека ја презел куќата во август 2022 година. Судските документи наведуваат дека Сгурос тврди дека ја презел куќата бидејќи била опасна и сакал да спречи други нелегално да се вселат. Тој ги плаќал сметките за комунални услуги на име на починатиот. Тој, исто така, аплицирал за дозвола за замена на надворешните врати и прозорци, што би чинело 8.000 долари. Сгурос тврдел дека ја зголемил вредноста на имотот и инвестирал повеќе од 214.000 долари во куќата. Тој плати кауција од 25.000 долари Мажот е обвинет за злоупотреба на службена должност, незаконска употреба на идентитет на починато лице, незаконска употреба на лични идентификациски информации, кривично дело против корисник на компјутер и незаконска употреба на двонасочен комуникациски уред. Тој беше ослободен од притвор со кауција од 25.000 долари. Локалните агенции за спроведување на законот дознаа за случајот кога наследниците на Вест се обидоа да го продадат имотот.Тагови: полицаец флорида Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
СветСнимен е моментот на судар на два борбени авиони на војската на Филипини- загинаа сите четворица пилоти (ВИДЕО)Два авиона на Филипинските воздухопловни сили се судрија за време на тренинг лет и се урнаа во воздухопловна база јужно од Манила. Сите четири пилоти загинаа во несреќата, соопштија филипинските власти. Два авиони SF-260 се судрија вчера попладне за време на лет на ниска надморска височина пред да се срушат во воздухопловната база Фернандо во Липа Сити, во крајбрежната покраина Батангас јужно од главниот град. Нема повредени на земја во несреќата, соопштија официјални лица. Филипинските воздухопловни сили не дадоа детали за несреќата, која ја опишаа како случајна. Двајца филипински службеници запознаени со инцидентот рекоа дека авионите се судриле во воздух. Тие зборуваа под услов на анонимност бидејќи не биле овластени јавно да коментираат за случајот. Еден од двата двоседни авиони се урна во близина на воената касарна во воздухопловната база, изјави сведок за Асошиејтед Прес. Воздухопловните сили објавија дека привремено ги приземјиле сите преостанати авиони SF-260, набавени од Италија, во исчекување на истрага. Не е објавено колку од овие авиони сè уште се во употреба. 🇵🇭 Four Philippine Air Force pilots were killed in a collision of two SF-260 training aircraft The planes collided in mid-air and crashed within the perimeter of Fernando Air Base in Lipa, south of Manila. All four pilots on board both aircraft died. https://t.co/1WX1rNtcY1 — Visegrád 24 (@visegrad24) October 24, 2026 Филипинската војска се соочува со недостаток на средства Во мај, филипински SF-260 се урна и за време на навигациски тренинг лет во планинската покраина Бенгет на север од земјата, додека леташе со неколку други авиони од ист тип. Двајцата пилоти беа убиени. Според податоците на воздухопловните сили, во 2023 година, друг SF-260 се урна за време на тренинг лет во оризово поле во покраината Батаан, северозападно од Манила. Двајцата членови на екипажот беа убиени. Вчерашната несреќа е уште еден удар за филипинската војска, која долго време се соочуваше со недостаток на средства. Поради буџетски ограничувања, Филипините со години се борат да ги модернизираат своите воздухопловни сили, морнарица и армија. Во исто време, земјата се соочува со децениски комунистички и муслимански бунтови и сè понепријателски територијални спорови со Пекинг во Јужното Кинеско Море.Тагови: пилоти Филипините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНајмалку 150 лица се убиени во напад со дрон на пазар во Судан- реагира ОНСоветот за безбедност на Обединетите нации повика на истрага за нападите со беспилотни летала во Абјеи, спорна територија меѓу Судан и Јужен Судан, во кои загинаа десетици луѓе.Советот остро ги осуди нападите во близина на пазар во градот Тодах, соопшти најмоќното тело на ОН. Локалните власти велат дека најмалку 150 лица се убиени Локалните власти соопштија дека најмалку 150 лица се убиени во нападите . Обединетите нации потврдија најмалку 80 смртни случаи, а по други сè уште се трага. Нападите, исто така, предизвикаа големи пожари, од кои повеќето беа изгаснати од мировната мисија на ОН во Абјеи (UNISFA), соопшти ОН. Советот за безбедност нагласи дека Абјеи мора да остане демилитаризиран и предупреди дека намерните напади врз цивили би можеле да претставуваат воени злосторства. 🚨 Death toll from drone attack on market in disputed Abyei region between Sudan and South Sudan rises to 153, official says 📌 South Sudanese official accuses Sudanese army of carrying out attack, while 30 injured remain hospitalized https://t.co/33khVc392z https://t.co/WpKQ6QE6XU — Anadolu English (@anadoluagency) October 21, 2026 Локалните медиуми објавија дека портпаролот на владата во регионот богат со ресурси рекол дека целите биле цистерни во дел од пазарот каде што суданските трговци работеле. Владата на Јужен Судан ја обвини суданската армија за нападите, но армијата негираше одговорност. Во нападите со беспилотни летала загинаа стотици цивили оваа година Јужен Судан доби независност од Судан во 2011 година по една деценија граѓанска војна. Статусот на Абјеи останува нерешен, а мировна мисија на ОН е стационирана таму од 2011 година. Суданската армија и паравоените Сили за брза поддршка (RSF) се борат за контрола врз земјата од април 2023 година. Граѓанската војна дополнително ја дестабилизираше ситуацијата во спорниот граничен регион, според ОН. Инцидентот е дел од серија напади со дронови што драматично го променија текот на војната во Судан оваа година. Според Канцеларијата за човекови права на ОН (OHCHR), најмалку 1.120 цивили беа убиени во напади со беспилотни летала во Судан само во првата половина од годината. Тагови: дрон Судан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook