Манасиевски: СДС и Левица настапуваат синхронизирано, ставовите на Венко Заев денес се утрешни ставови на Апасиев - Канал 5

Манасиевски: СДС и Левица настапуваат синхронизирано, ставовите на Венко Заев денес се утрешни ставови на Апасиев

Ставовите на Венко Заев денес се утрешни ставови на Апасиев, односно она што го вели СДС, утредента го повторува политичката партија Левица.

Манасиевски: СДС и Левица настапуваат синхронизирано, ставовите на Венко Заев денес се утрешни ставови на Апасиев

Веќе се потврдува договорот помеѓу СДС и Левица за координирано дејствување кога станува збор за блокирањето на новиот Изборен законик. Очигледно е дека нивните ставови не се разликуваат, напротив тие се надополнуваат.

Не е случајност што и СДС и Левица се противат на решението македонската дијаспора да добие полесен пристап до гласањето. Заедничката цел на политичката партија Левица и СДС им е да го спречат проширувањето на демократското право на нашите иселеници и да создадат нови пречки во изборниот процес.

Се повеќе им станува јасно на граѓаните дека синхронизацијата на ставовите на Венко Заев и Апасиев, е однапред договорена политичка стратегија.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се залага за донесување на Изборниот законик со широк политички консензус, за спроведување на реформите и за обезбедување можност македонската дијаспора да го оствари своето право на глас на поедноставен начин.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно вклучени алармите: Оваа европска земја „гори“

Француската метеоролошка служба соопшти дека 61 департман во Франција денес се под портокалово ниво на предупредување и дека се очекува топлотниот бран да трае до крајот на оваа недела.

Повторно вклучени алармите: Оваа европска земја „гори“

„Метео Франс“ најави температури меѓу 35 и 38 степени низ целата земја, додека на југозападот на Франција тие би можеле да достигнат 41 степен, пренесува BFMTV.

Пожарот во департманот Источни Пиринеи, кој зафати површина од 4.900 хектари, сè уште не е локализиран, соопшти префектот на департманот, Пјер Рењо де ла Мот.

„Опфатот на пожарот изнесува 40 километри. Пожарникарите ја продолжија жестоката борба со огнот во текот на ноќта“, рече тој. Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез потврди дека пожарот не е локализиран, но додаде дека сепак е „стабилизиран на неколку места“.

Околу 800 пожарникари се сè уште ангажирани во гаснењето на пожарот, а се очекува и дополнителна помош од воздухопловните сили.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петмина повредени на трката со бикови во Памплона

Петмина тркачи беа повредени денес за време на трката со бикови – првата од овогодишниот фестивал „Сан Фермин“ во градот Памплона во северна Шпанија – но никој од нив не се здоби со повреди опасни по живот. 

Петмина повредени на трката со бикови во Памплона

Тие главно се здобија со модрики. Долгите и остри рогови на биковите не предизвикаа сериозни повреди, извести државниот радиодифузер РТВЕ (RTVE) од овој познат, но контроверзен настан. Три лица беа пренесени во болница.

Фестивалот во чест на заштитникот на градот, Свети Фермин, започна во понеделникот и завршува следниот вторник.

Секое утро, шест бикови за борба – од кои некои тежат над 600 килограми – предводени од неколку питоми волови, се насочуваат да трчаат низ тесните улици на стариот град кон арената, каде што во доцните попладневни часови се одржуваат борбите со бикови.

Секоја година, десетици тркачи - претежно млади мажи - се повредуваат додека ја тестираат својата храброст на патека долга приближно 825 метри.

Од 1924 година, регистрирани се 16 смртни случаи, а последниот се случил во 2009 година. Протести и контроверзии Оваа година, како и во претходните години, групите за заштита на животните протестираат против овој традиционален настан - кој се одржува од 1591 година - кој станува сè поконтроверзен во Шпанија.

Активистите за права на животните долго време се спротивставуваа на трчањето со бикови, опишувајќи го како „средновековна тортура“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Нови дигитални услуги за паркирање во Центар , апликации, сензори и помалку чекање на шалтери

Општина Центар воведува нови дигитални решенија со цел побрзо, поефикасно и поедноставно користење на услугите за паркирање, без потреба од чекање на шалтери.

Герасимовски: Нови дигитални услуги за паркирање во Центар , апликации, сензори и помалку чекање на шалтери

Во фокусот на овие реформи е развојот на нови мобилни апликации преку кои граѓаните ќе имаат целосен увид и контрола врз услугите што ги користат.

Апликациите ќе овозможат навремени известувања, поднесување барања, следење на статусот на услугите, како и поедноставена комуникација со ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.

„Дигитализацијата е клучна алатка за подобрување на процесот на паркирање. Работиме на нови мобилни апликации преку кои корисниците ќе бидат целосно информирани и ќе можат брзо и лесно да ги користат услугите“, посочи градоначалникот Горан Герасимовски.

Дополнително, се предвидува воведување на сензорски системи кои во реално време ќе ја покажуваат пополнетоста и расположливоста на паркинг-местата. Овој систем ќе им помогне на возачите побрзо да најдат слободно место и ќе го намали непотребното кружно движење низ општината.

Воведувањето на сензорите ќе се реализира фазно, согласно техничките можности и реалните потреби. Првично, тие ќе бидат поставени во монтажните гаражи, затворените паркиралишта и на најоптоварените локации.

Паралелно со ова, се унапредуваат контакт-центарот и теренската контрола, со цел побрза обработка на пријавите и поефикасна координација на службите, но и поттикнување на корисниците да користат онлајн услуги, вели директорот на ЈП ПОЦ, Душко Коцевски.

Вложуваме во сензорски системи и ќе стимулираме поголемо користење на онлајн аплицирањето. Еднократниот надоместок за склучување договор, кој досега изнесуваше 350 денари, ќе биде бесплатен за сите што ќе аплицираат електронски. Очекуваме значително зголемување на бројот на онлајн корисници и намалување на гужвите на шалтерите“, истакна Коцевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер