3Видео- фото: Шакира ја „запали“ Ацтека: 80.000 луѓе танцуваат на химната на Светското првенство „Даи Даи“
РакометМакедонија попладнево против Бахреин , судиите од ТунисМакедонија од 14:00 часот во салата „Олимпија Хале“ во Минхне го игра мечот од 2. коло од група Б на СП во Германија и Данска против Бахреин.Селекторот Раул Гонзалез нема ништо да менува во составот во однос на оној со кој убедливо ја поразивме Јапонија. Тоа значи дека на трибините и денес ќе останат Златко Даскалоски и Милан Лазаревски. За разлика од нашиот стратег, предводникот на Бахреин, Арон Кристјансон за средбата со Македонија пријави нов ракометар.Исланѓанецот на клупата на Бахреин се реши да го додаде 30-годишниот Хасан Алфардар. Правдата на мечот ќе ја делат судиите Исмаил Буалуха и Рамзи Хениси од Тунис.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода 15:00Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24
МакедонијаЈотова по средбата со Сиљановска Давкова- Македонија презема обврски кои мора да ги исполниМакедонија презема обврски кои мора да ги исполни - порача бугарската претседателка Илијана Јотова во првото јавно обраќање по средбата со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Софија. Според Јотова, преземените обврски не се однесуваат само на внесувањето на Бугарите во Уставот, туку и на целосната примена на Договорот за добрососедство и протоколите што произлегуваат од него. Пред бугарските медиуми Јотова нагласи дека меѓународните договори потпишани од Македонија се обврска, без оглед која влада ги склучила или кој е на власт во моментот. -Македонија преземала обврски и тие треба да ги исполни. Дел од тие обврски се поврзани со признавањето и впишувањето на бугарското малцинство во уставот и сите поврзани текстови, како и преговарачката рамка која го вклучува Договорот за добрососедство и протоколите. / За прв пат во целата моја работа и политичка кариера сретнувам такво тврдење дека тој Договор со Македонија е потпишан од претходна влада и претходни политичари и дека тоа не е од важност за нив. Јас мислам дека секој меѓународен договор се потпишува од државата и тој потпис си има своја тежина,- - Илијана Јотова – Претседателка на Бугарија. Дека покрај уставните измени, Бугарија има и други барања кон земјава поврзани со протоколите и работата на истроиската комисија, по средбата потврди и македонската претседателка Сиљановска Давкова. По ваквите пораки од првата средба на Јотова и Сиљановска-Давкова по формриањето на новата Влада на Радев, дел од политичките аналитичарите во земјава, сметаат дека би било наивно да се верува дека уставните измени се последно барање, но во исто време, сметаат дека нашиот источен сосед не бара ништо повеќе од исполнување на тоа што веќе е прифатено. -За нас ќе беше наивно да претпоставувавме дека уставните измени ќе бидат крајот на патот ан компромиси со Бугарија. Да беше тоа така, вториот протокол немаше да постои. Бугарија не инсистира на нешто повеќе од вториот протокол, но бара тој да примени и да се заврши. / Надежите дека Бугарија ќе замижи под притисок на другите земји –членки на вториот проток се покажаа како нетоќни и со тоа треба реално да се соочиме, но во исто време, не гледам дека Бугарија бара нови услови од тие што се во протоколот каде има заштитни механизми. Така што мислам дека треба да бидеме реални во проценката-- Петар Арсовски – Политички аналитичар . Македонската претседателка во Софија беше придружувана од шефот на дипломатијата Муцунски кој од бугарската престолника повтори дека земјава очекува предвидливост на нејзиниот евроинтегративен пат. Неговата колешка Велислава Петрова Чамова пак, ден потоа за тамошните медиуми го повтори ставот дека уставните измени остануваа клучен услов, и додаде дека барањето на механизми за промена на преговарачката рамка на земјава е непродуктивно. Тагови: Јотова Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода 15:00Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24
МакедонијаПожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода Наместо будилник – ова е звукот кој во шест часот утринава ги разбуди станарите од населбата 11 – Октомври во Скопска Кисела Вода.Силниот рафал кој одекнал откако се запали доводната инсталација за струја предизвика паника и страв во најблиската зграда – повредени за среќа нема. Станарите ги разбудил звук како од рафална пушка, а среќа, во целата несреќа е што пожарот бил рано изутрина, па во тој момент никој не поминал на ова место. Први на местото пристигнале полицајците, кои заедно со оние кои први се разбудиле по детонациите ги буделе и соседите кои поцврсто заспале и се од другата страна на зградата. Евакуацијата, велат станарите била отежната, оти светлата во случај на пожар во објектот не се вклучиле.. Кој во пижами, кој во долна облека, се бегало во темница со децата во раце и со по некое светло од мобилните телефони, додека чадот полека се ширел нагоре низ влезот на зградата. -Со децава во раце, голи и боси, кој како спиел така излезе, беше стравично. Го земав детето, немав телефон, среќа пред мене имаше некои соседи, жена ми и другото дете беа позади, тие светеа позади, јас пред мене немав светлина каде да се движам, сосетка една со поголемо детенце ми светеше за да излезам надвор. Малечко е ми е детето, три години, во ќебенце го зедов за да излезам надоле по скали. Општа паника беше, луѓе тропаа, викаа. Паника, бегање, деца плачат, имаше една комшика и се слоши се онесвести пред гараживе, лоша ситуација се виде. Нас лично, бидејќи сме од другата страна на зградата не разбудија соседите, но имаше и многу соседи кои слушнале како рафал од каблите што пукале. Успеавте ли да се облечете? Јас лично не, како што спиев така излегов. Жителите реагираат и високонапонските кабли во соседното градилиште, но од ЕВН уверуваат дека не биле под напон и дека засега останува непознато како избил пожарот. Велат дека соработуваат со надлежните институции и работат на санација на состојбата. -На терен е констатирано дека од непознати причини е запалена надворешна изолација на кабли кои не биле под напон. Пламенот ги зафатил постоечките ормари што ја напојуваат соседната зграда, по што биле зафатени и нисконапонски кабликои во тој момент биле под напон. Случајот во моментов го испитува МВР, а од Обвинителството велат дека досега немаат добиено исвестување. Тагови: Кисела Вода пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода 15:00Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24
МакедонијаЛашкоска: Го зајакнуваме пристапот на граѓаните до еколошката правда по европски стандардиСо потпишувањето на овој меморандум поставуваме цврста основа за продлабочување на соработката со нашите француски и европски партнери и за понатамошно усогласување со европското законодавство.Во просториите на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, амбасадорот на Република Франција во земјава, Н.Е. Кристоф Ле Риголер, и министерот за правда Игор Филков денеска потпишаа Меморандум за разбирање за спроведување на проектот „Конвергенција на климатската и еколошката правда“ (CEJ Convergence). Меморандумот ја утврдува рамката и модалитетите за соработка меѓу институциите во насока на спроведување на проектот, чија цел е унапредување на пристапот до еколошката правда, зајакнување на учеството на јавноста во процесите на донесување одлуки поврзани со животната средина и поддршка на поефикасна примена на еколошкото законодавство во согласност со европските стандарди. Во своето обраќање, заменик министерката Лашкоска истакна дека заштитата на животната средина и владеењето на правото се меѓусебно поврзани процеси кои бараат силна институционална соработка, меѓународно партнерство и активно учество на граѓаните. „Со потпишувањето на овој меморандум поставуваме цврста основа за продлабочување на соработката со нашите француски и европски партнери и за понатамошно усогласување со европското законодавство и најдобрите практики во областа на животната средина. Оваа иницијатива е важен чекор во исполнувањето на обврските од европската агенда и во зајакнувањето на владеењето на правото како еден од клучните столбови на процесот на пристапување кон Европската Унија“, изјави Лашкоска. Таа додаде дека проектот ќе придонесе кон создавање поотворен, потранспарентен и поефикасен систем во кој граѓаните ќе имаат поцелосен, полесен и подиректен пристап до механизмите за остварување на нивните права во областа на животната средина, како и поголеми можности активно да учествуваат во процесите на донесување одлуки кои влијаат врз квалитетот на животната средина и нивното секојдневие. Проектот „Конвергенција на климатската и еколошката правда“ претставува значаен придонес кон реформите во рамките на Поглавјето 27 – Животна средина и климатски промени, како и кон зајакнувањето на владеењето на правото и демократското учество во креирањето на јавните политики. Преку партнерството со Франција и европските институции, Министерството за животна средина и просторно планирање ќе продолжи да работи на воспоставување современ и ефикасен систем на еколошко управување, во кој заштитата на животната средина, правната сигурност и интересите на граѓаните се неразделен дел од европската иднина на МК. Со реализацијата на овој проект ја потврдуваме заедничката заложба на нашите институции и меѓународните партнери за градење поотпорно, поинклузивно и поправедно општество, во кое еколошките права на граѓаните се препознаени како составен дел од современите европски демократии и одржливиот развој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook