3Итната помош со зголемен број интервенции на терен поради топлотниот бран, здравствените власти алармираат да се почитуваат препораките
МакедонијаФерати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во фокусот на средбатаМинистерот Агон Ферати оствари средба со резидентната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Рита Колумбија.На средбата се разговараше за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата. Во текот на средбата беше истакната важноста на тесната соработка со младите, додека посебно внимание беше посветено на Петгодишната рамка за соработка со Владата. Во рамките на оваа соработка се разговараше и за четирите главни столба, меѓу кои и реформите поврзани со Европската Унија и спроведувањето на приоритетите од владината програма. Значаен дел од разговорот беше посветен на приближувањето и соработката меѓу различните етнички заедници во земјата, со посебен акцент на младите како обединувачка сила. Во таа насока беше оценета важноста на младинските клубови кои функционираат во рамките на општините, како и на студентските унии, како простори каде што младите можат поактивно да се вклучат во општествениот живот и во процесите на донесување одлуки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18
БалканОткажан концерт на Јелена Карлеуша во Водице, ХрватскаКонцертот на српската пејачка Јелена Карлеуша, планиран да се одржи во клубот „Хасиенда“ во Водице, Хрватска на празникот Голема Богородица (15 август), е откажан. Одлуката уследи по неколкудневните негативни реакции во јавноста по повод најавениот настап, а клубот го објави откажувањето на социјалните мрежи. Од клубот соопштија дека одлуката е донесена бидејќи реакциите на најавата за концертот „далеку ги надминале рамките на музички настан во приватен клуб“. Тие особено нагласија дека безбедноста им е врвен приоритет. „Ниту еден изведувач и ниту еден настан не се поважни од безбедноста на нашите гости и вработени“, се наведува во официјалното соопштение. Тие им се заблагодарија на гостите за поддршката и разбирањето, додавајќи дека „Хасиенда“ „останува место за музика, забава и убаво дружење“. На откажувањето му претходеше изјава од градоначалникот на Водице, Анте Цукров, кој изјави дека настапот го смета за несоодветен. Тој истакна дека пејачката не е добредојдена поради нејзините претходни јавни настапи. Дел од граѓаните повикаа на бојкот, а на социјалните мрежи со денови се објавуваа критики и барања за откажување на концертот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВидео: Разорен земјотрес во Колумбија: Најмалку 20 загинати, 20 згради урнати во еден градСилен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Колумбија, а потресите се почувствуваа во градови низ целата земја. Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри. Според првичните информации, загинале најмалку 20 лица и причинета е голема штета. Manizales, Colombia. Terremoto. pic.twitter.com/BzKcaWIHm1 — Jupac (@Jupacg) August 10, 2026 Се шират снимки од урнати згради. Во градот Кали се урнаа 20 згради. Гувернерката на департманот Чоко, Нубија Каролина Кордоба Кури, потврди дека од главниот град Кибдо пристигнуваат информации за повредени лица и „сериозни оштетувања на згради“. 🇨🇴 TERREMOTO EN COLOMBIA 🇨🇴 Daños enormes en Pereira y varias ciudades del país tras potente terremoto de magnitud 7,4. 🇨🇴 | COBERTURA ININTERRUMPIDA. 🇨🇴 | AHORA en @AlertaNews24. pic.twitter.com/PydNenQcVu — Alerta News 24 (@AlertaNews24) August 10, 2026 Таа исто така предупреди на можноста од последователни потреси. 🇨🇴 | URGENTE: Momento del derrumbe de un edificio de 3 pisos tras el terremoto de magnitud 7,4 en Pereira, Colombia. pic.twitter.com/r3v2lW5pU3 — Alerta News 24 (@AlertaNews24) August 10, 2026 Поради последиците од земјотресот, привремено е запрен воздушниот сообраќај на шест аеродроми во Колумбија. Според Националната агенција за цивилно воздухопловство, пријавени се штети на аеродромите во Переира, Манизалес, Кибдо, Арменија, Картаго и Буенавентура. Сите летови од тие терминали моментално се суспендирани. 🇨🇴 | URGENTE: Edificio de 4 pisos derrumbado en Cali, Colombia. pic.twitter.com/XbvMiYOPzo — Alerta News 24 (@AlertaNews24) August 10, 2026 На меѓународниот аеродром „Матекања“ во Переира, дел од покривот се урна во просторот за патници. Засега нема официјални информации дали има повредени во инцидентот. Екипи за спасување се на терен, а властите продолжуваат да ја проценуваат штетата и да ги проверуваат објектите, додека постои стравување дека бројот на повредени и обемот на материјалната штета би можеле да бидат поголеми. Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноПолицијата речиси 24 часа го истражувала„телото“ пронајдено во куфер: Но, потоа е откриена бизарната вистинаАвстралиската полиција била повикана на патот Волгон во Оален, на околу 60 километри јужно од Гулбурн, нешто пред 13 часот во неделата, откако граѓани пријавија дека пронашле предмети што личеле на човечки останки во куфер. Полицијата во австралиската држава Нов Јужен Велс денеска соопшти дека „телото“ пронајдено во напуштен куфер покрај патот всушност не било тело, туку реалистична кукла за возрасни – факт што бил утврден дури по неколкучасовна форензичка анализа. Австралиската полиција била повикана на патот Волгон во Оален, на околу 60 километри јужно од Гулбурн, нешто пред 13 часот во неделата, откако граѓани пријавија дека пронашле предмети што личеле на човечки останки во куфер. На оддалечена локација, каде што во текот на ноќта кон понеделникот врнело силен дожд, полицијата воспостави место за истрага. Сигналот за мобилна телефонија во тој дел бил слаб, а немало ниту камери за видеонадзор. Сепак, во понеделникот наутро, полицијата потврди дека во куферот се наоѓала многу реалистична кукла, облечена во облека, со коса и пирсинг на носот. Полицијата на Нов Јужен Велс соопшти – како што пренесе австралискиот јавен сервис ABC – дека по форензичката анализа е утврдено оти пронајдениот предмет не претставува човечки останки. „По извршените форензички анализи, полицијата потврди дека предметот пронајден во торбата е реалистична кукла, облечена во облека, со коса и пирсинг на носот“, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook