28 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси - Канал 5

28 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси

Во стабилна здравствена состојба пристигна 28 годишниот скопјанец кој има повреди на ‘рбетниот мозок заради пад од тобоган на летување во Турција.

28 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси

Повредениот пристигна со владиниот авион со тимот предводен од доктор Марта Тренева во комплексот „Мајка Тереза“ и беше итно донесен во ургентниот центар. Тимот на доктори предоводени од директорот на ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџаноски објаснија дека операцијата во турската болница е добро направена и по две недели тамошно болничко лекување е донесен во Македонија.

28 годишниот е хоспитализиран во единицата за интензивно лекување и ќе се следи неговата здравствена состојба, објаснуваат докторите.

Скопјанецот се повредил на 22 јули каде бил итно опериран, тој преживел тешка повреда на ‘рбетниот мозок и морало итна интервенција. По итна постапка и во координација со Владата, Фондот за здравствено осигурување и Службата за општи и заеднички работи беше обезбеден владин авион со кој пациентот беше транспортиран во Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. 

Утре сончево и многу топло

Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов електричен мотор: Наместо ретки метали, користи други материјали

Повеќето модерни електрични мотори користат силни трајни магнети направени од ретки и скапи метали - се чини дека не мора да биде вака.

Нов електричен мотор: Наместо ретки метали, користи други материјали

Индискиот стартап „Vimag Labs“ тврди дека пронашол решение кое би можело да ја намали зависноста на автомобилската индустрија од гореспоменатите суровини - наместо класични магнети, компанијата користи дигитален систем за контрола кој користи софтвер и прецизна електроника за да создаде потребно магнетно поле во реално време, точно таму каде што е потребно.

Според порталот „Electrek“, клучот за иновациите не е во новиот материјал, туку во напредниот софтвер кој ја контролира работата на моторот. Основачот и директор на компанијата, Маниш Сет, наведува дека во развојот на оваа технологија се инвестирани повеќе од 87.600 инженерски часови, објавува „RevijaHAK“.

„Vimag Labs“ во меѓувреме доби патент за своето решение и собра околу 4,4 милиони евра инвестиции, додека првите прототипови веќе ги тестираат производителите на мотоцикли и автомобили.

Експертите, сепак, предупредуваат дека моторите без трајни магнети традиционално имаат еден голем недостаток - тие обично трошат повеќе електрична енергија од класичните решенија. Дали „Vimag“ успеал да го елиминира овој проблем ќе покаже само независно тестирање и сериска примена.

Целата индустрија бара алтернатива

Производителите на автомобили со години се обидуваат да ја намалат употребата на ретки метали. Тесла уште во 2023 година објави дека сака целосно да ги елиминира од следната генерација електрични мотори.

„General Motors“ и „Stellantis“ инвестираат во развој на алтернативни нитридни магнети, додека „BMW“ со години користи електрични мотори без трајни магнети. Кај нив, магнетното поле се создава со помош на калеми, но таквото решение ја зголемува масата на моторот и бара дополнителна електроника за управување со протокот на струја.

Затоа ќе биде интересно да се види дали пристапот на „Vimag Labs“ ќе претставува значаен технолошки пробив или ќе остане само интересен експеримент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Волково пожарот зафати една куќа, пожарникар доби изгореници

Голем пожар околу пладне избувна и во населбата Волково.

Во Волково пожарот зафати една куќа, пожарникар доби изгореници

И овој пожар е ставен под контрола, благодарение на интевенцијата на скопските пожарникари, кои излегле на терен со 4 возила. Огнот брзо се ширел поради силниот ветер и зафатил една куќа, која целосно изгорела. При гаснењето, еден пожарникар, се здобил со изгореници на раката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер