ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
МакедонијаПравни дилеми околу решението на Уставен суд кој пријави судија за непочитување на судска одлука По летните одмори Судскиот совет се очекува да расправа за решението на Уставниот суд кој ги извести дека судија од Основниот граѓански суд Скопје не ја почитувал нивната одлукаПо летните одмори Судскиот совет се очекува да расправа за решението на Уставниот суд, кој ги извести дека судија од Основниот граѓански суд Скопје не ја почитувал нивната одлука која наложила повторување на постапката за предметот на новинарката Наташа Стојановска. Уставниот суд го достави ова решение „за понатамошно постапување„ до Судскиот совет и Јавното обвинителство, притоа напоменувајќи дека конечноста и извршноста на одлуките на Уставниот суд се заштитени и со кривично-правни санкции. Но во меѓувреме во јавноста, правната фела ја отвори дилемата дали со овој случај, Уставниот суд ги пречекорил неговите надлежности и дали се работи за потенцијален притисок врз судската независност и автономија. Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска која е и член на Судскиот совет, со објава на социјалните мрежи, вели дека овој случај може да воспостави потенцијално загрижувачки преседан. -Испраќањето одлука на Уставниот суд до Судскиот совет "за понатамошно постапување", во која толкување на процесен закон од страна на редовен судија, во сè уште незавршена постапка, се квалификува како "неизвршување на одлука на Уставен суд", со имплицирање на кривична одговорност, според мое лично мислење, отвора сериозни прашања за границите меѓу уставната контрола и судската независност. Би рекла дека допира и прашања на можен институционален притисок,- -Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат и член на Судски совет. Адвокатот Давидовиќ смета дека Уставниот суд во конкретниот случај прави опасен чекор кон пречекорување на како што вели неговите уставни надлежности и отворено се обидува да се наметне над редовното судство, преземајќи улога на над-судски орган ..адвокатот Владимир Туфегџиќ посочува дека за вакви случаи потребни се едукации на судиите преку што би се воедначила судската пракса. -Анализирано низ строго формално-правна димензија) , Уставниот суд со овој потег прави опасен чекор кон пречекорување на своите уставни надлежности и отворено се обидува да се наметне над редовното судство, преземајќи улога на над-судски орган кој дели директиви и се заканува со кривични пријави за правни сфаќања донесени во законски предвидена судска постапка,- -Звонко Давидовиќ. -Очекував во најмала рака Уставниот суд токму поради овој предмет и одлука, наместо барање кривична одговорност на судија, да укаже за потребата судовите и Академијата за судии и јавни обвинители да спроведат обука и едукација на судиите, - - Владимир Туфеѓџиќ, адвокат. Од друга страна Универзитетскиот професор Јове Кекеновски оценува дека решението на судот не треба да се толкува како одбрана на уставниот суд како институција, туку во случајот се брани Уставот, хиерархијата на правниот поредок и владеењето на правото. -Ако Уставот определил дека одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни, тогаш тие не можат да бидат сведени на правни мислења што другите институции ќе ги почитуваат само доколку се согласуваат со нив,- - Јове Кекеновски, професор. Како што претходно појасни претседателот на Уставниот суд – Дарко Костадиновски, судот за прв пат го активирал механизмот за заштита на сопствените одлуки откако судијата од Основниот граѓански суд Скопје, повикувајќи се на Законот за парнична постапка, навел дека одлука на Уставниот суд не може да биде основ за повторување на постапката како нов факт или доказ. Според Костадиновски, со непочитување на одлуките на Уставниот суд, како што изјави, се губи смислата на постоењето на уставното судство. Во конкретниот случај се работи за предметот на новинарката Наташа Стојановска, по кој Уставниот суд утврди повреда на слободата на јавно изразување, а се однесува на настаните во Собранието од 27 април. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ЗабаваПознати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачкаФудбалерот на Милан, Американецот со потекло од балканот Кристијан Пулишиќ има нова девјка, мегапопуларната канти пејачка Меган Морони.Љубовните животи на познатите спортисти и нивните партнерки повторно се во центарот на вниманието, а две убавици од светот на шоу-бизнисот веќе се шегуваат дека припаѓаат на новата генерација на таканаречени „WAG“ девојки. За време на гала-настанот „Time100“ во Њујорк, 29-годишната кантри-пејачка Меган Морони се сретна со својата пријателка Еиза Гонзалез. Двете ѕвезди разговараа за своите партнери за време на настанот. Гонзалез е во врска со тенисерот Григор Димитров најмалку од април 2025 година, додека новата романса на Меган Морони со фудбалската ѕвезда Кристијан Пулишиќ (28) неодамна стана предмет на јавен интерес. „Ние сме новата генерација девојки на познати спортисти“, се пошегува Гонзалез во разговор со Меган. Само една недела претходно, фановите со остро око забележаа значаен детал дека пејачката на „6 Months Later“ и фудбалерот се во врска. Меган потоа се појави на модната ревија на „Victoria's Secret“ за 2026 година и беше фотографирана со телефон во раката, на чиј екран можеше да се види фотографија во позадина. На фотографијата, Меган изгледаше како да е прегрната со ѕвездата на американската фудбалска репрезентација. Уште во јули, Меган наводно била видена со Пулишиќ во бар во Нешвил, додека пак, профил на обожавател посветен на фудбалерот објавил фотографија од него на нејзиниот концерт на Флорида, заедно со неговиот братучед, пренесува „Пипл“ (People).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ЖивотКејт Мидлтон објави досега невидена фотографија од принцот Луис за Ноќта на вештеркитеСопругата на британскиот престолонаследник, принцот Вилијам, Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон ги изненади следбениците на кралското семејство, споделувајќи досега невидена фотографија од нејзиниот најмлад син, принцот Луис. Фотографијата е направена за време на Ноќта на вештерките пред неколку години, кога принцот имал само една година. Фотографијата е направена од самата принцеза во Норфолк и на неа се гледа насмеаниот, едногодишен Луис покрај голема тиква. На сликата, принцот носи син мантил за дожд, темни фармерки и светлоцрвени гумени чизми. Фотографијата, објавена на официјалните профили на социјалните мрежи на принцот и принцезата од Велс, е придружена со натписот: „Среќна Ноќ на вештерките! Принцот Луис, 1 година – фотографиран од принцезата од Велс.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈТОК) на Србија соопшти дека побарало од полицијата да го провери работењето на „Алта банка“ (Alta Banka), како и одговорните лица во Народната банка на Србија (НБС)Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈТОК) на Србија соопшти дека побарало од полицијата да го провери работењето на „Алта банка“ (Alta Banka), како и одговорните лица во Народната банка на Србија (НБС), во врска со можни одливи на пари од сметките на банката и трансфери во странство. Исто така, денеска по електронска пошта до Обвинителството пристигна кривична пријава против „Алта банка“ како правно лице, како и против неколку одговорни лица во таа банка. Од Министерството за внатрешни работи, односно од Службата за борба против организиран криминал (СБПОК), е побарано итно да постапат и да го проверат целокупното работење на банката, како и сите околности што довеле до одземање на дозволата за работа. Од Обвинителството наведоа дека на 27 октомври, поради написи во медиумите и на социјалните мрежи за одливи на средства од сметка на банка кон странство, испратиле барање до НБС за прибирање на потребните информации и податоци за сите трансакции извршени кон странство во периодот од 27 септември до денот на доставување на извештајот. Постапувајќи по тоа барање, на 30 октомври, НБС ги достави податоците со кои располага во своите квартални извештаи, заклучно со 20 септември. „Извештајот за бараниот период, како што наведоа од Народната банка на Србија, ќе биде доставен по 4 ноември 2026 година“, соопштија од Обвинителството. На 29 октомври до НБС беше испратено ново барање за прибирање податоци, кое се однесуваше на конверзија и одлив на средства од сметката на „Алта банка“ АД Белград кон странство. Еден ден подоцна, на 30 октомври, обвинителството до СБПОК достави барање за проверка на работењето на „Алта банка“ и на одговорните лица во НБС, во врска со можни одливи од банкарски сметки и трансфери на пари во странство. Од Обвинителството соопштија дека денес добиле кривична пријава од НБС против банката и неколку нејзини одговорни лица, при што побарале полицијата итно да го провери целокупното работење на банката, како и околностите што довеле до одземање на дозволата за работа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37