Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
1Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
БалканМакедонија од зелената преместена во портокаловата категорија за патување на КипарОсвен Македонија, во втората категорија префрлени се и Австрија, Бугарија, Летонија, Словенија и Канада, Хрватска од портокаловата преминува во зелената зона, а Литванија, Србија, Белгија и Шведска веќе се во црвената категорија.Согласно новата „Процена на епидемиолошкиот ризик на земјите во врска со Ковид-19" објавена од Министерството за здравство на Кипар, Македонија, заедно со уште пет земји е преместена од зелената во портокаловата категорија за патување на островот и потребен е негативен ПЦР тест направен 72 часа пред поаѓањето, јави дописничката на МИА од Атина. Новата категоризација на земјите стапува во сила во четврток, на 19 август, а направени се вкупно 11 промени што се однесуваат на исто толку земји. Како и досега, државите членки на ЕУ, како и третите земји, во зависност од епидемиолошката слика поделени се во три категории: зелена, портокалова и црвена, за секоја од нив важат посебни правила, а оние кои не се во некоја од овие зони се во сивата категорија. Освен Македонија, во втората категорија префрлени се и Австрија, Бугарија, Летонија, Словенија и Канада, Хрватска од портокаловата преминува во зелената зона, а Литванија, Србија, Белгија и Шведска веќе се во црвената категорија. Во првата (зелена) категорија, односно „земји со ниска опасност", за кои не се предвидени никакви рестрикции, не е потребен тест, ниту самоизолација, од 18 држави колку што беа минатата седмица, сега се само 11 земји. За земјите од втората (портокаловата) категорија задолжителна е потврда за негативен молекуларен тест направен 72 часа пред патувањето и заедно со Македонија, се и Австрија, Бугарија, Грција, Италија, Латвија, Луксембург, Словенија, Финска, Ватикан, Лихтенштајн, Норвешка, Босна и Херцеговина, Канада, Катар, Кина, Бахреин и Саудиска Арабија. Во третата категорија земји со „зголемена опасност во споредба со другите две категории", вклучени се над 30 држави, задолжителен е негативен тест ПЦР тест 72 часа пред поаѓањето и уште еден по пристигнувањето на Кипар. Како што веќе има објавено МИА, Македонија и претходно беше во портокаловата зона, а на 22 јули 2021 година беше префрлена во зелената, а сега повторно се враќа во втората категорија. Од земјите од регионот само Хрватска е во зелената категорија, а Грција, Босна и Херцеговина, Бугарија се во портокаловата, додека пак Албанија, Црна Гора и Србија се во последната, црвена зона. Во однос на вакцинираните посетители, од Министерството за здравство на Кипар соопштуваат дека ослободени од задолжителниот негативен тест или карантин, се туристите кои поседуваат сертификат за вакцинација издаден од земјите- членки на ЕУ, на Европската економска зона, од Швајцарија, Израел, Русија, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Украина, Јордан, Либан, Египет, Белорусија, Србија, Катар, Бахреин, САД, Ерменија, Грузија, Канада, Кувајт и Кина. Исто така, потребно е и да се поминати 14 дена од ревакцинацијата со една од вакцините одобрени од Европската организација на лекови (Фајзер, Модерна, Астра Зенека и Џонсон) или со Спутник В, Синофарм или Синовак. Туристите, како што е веќе пракса од лани, пред да го посетат Кипар, задолжително е, 48 часа пред патувањето, да го пополнат CyprusFlightPass, односно онлајн формуларот достапен на https://cyprusflightpass.gov.cy/ . Од Министерството за здравство на Кипар потенцираат дека категоризацијата на земји, е исклучително динамична и може да се промени во било време согласно развојот на пандемијата и промената на епидемиолошките податоци, па затоа, листите континуирано се ажурираат, секоја седмица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтопанската комора со законски предлог за кратење на празниците, ССМ се спротивставуваРаботодавците бараат кратење на празниците – доколку државен празник е во недела, да не се префрлува славењето за следниот ден и понеделник да си остане работен. Покрај ова, стопанската комора до министерство за економија ќе предложи граѓаните да можат да избираат кои два верски празници ќе ги празнуваат, зависно од нивната вероисповед, додека за другите кои нема да ги изберат, ќе треба да се појават на работа. Од комората објаснуваат дека Македонија има голем број неработни денови што велат води до финансиска загуба кај компаниите. Според анализата на комората направена на 36 европски економии, во најголем дел од нви бројот на државни празници се движи меѓу 11 и 14. Македонија е во тие рамки доколку се земат предвид само 11-те неработни денови, но се додадат и неработните денови за припадниците на православната вероисповед, бројот достигнува 16. – Голем дел од празниците ги минуваме во странство и потрошувачката и приходите се насочуваат кон економии на други држави. Предлогот ќе е од сите овие празници кои не се однесуваат на сите, со договор за вработување при вработување лицето да определи кои од посочените празници ќе ги празнува. И така би се определиле, нашиот предлог ќе биде да се два дополнителни денови, со што вкупниот број на неработни денови би се свел индиректно на 13 неработни денови,- - изјави Анета Димовска, приватен менаџер во стопанска комора. На ваквиот предлог, експресно реагираа од Сидникатот.. Претседтаелот на ССМ Трендафилов смета дека единствената цел на кратењето на празниците е да не им се плаќа на работниците дополнително за работа на празници.. – Размислувањето на работодавачите да скратат нешто што не плаќаат, а денеска работата на празник е 250 проценти дневница за работникот и тие да сакаат само да ги скратат овие 250 проценти на работниците не само што сметаме дека е несериозно, туку е и крајно навредувачки,- изјави Слободан Тренфафилов, претседател на ССНМ . За граѓаните кои ги анкетиравме кратењето на празниците не е решение - велат дека треба да се подобри ефикасноста на работникот во текот на самите работни часови, а не тие квантитативно да се зголемуваат. - Исто така сметам дека не е проблем денот на државните празници и верските празници тука мислам исто влегуваат, тоа не е проблем, туку поголем проблем е колку сме ефикасни за време на работниот ден од 8 саати. Сметам дека тука треба да се подобри и унапреди, а не да се дискутираат деновите коишто ги имаме како празник. – Јас колку што сум информиран ние немаме нешто многу повеќе празници во однос на други држави – иаме по број горе-долу исто како и другите држави по број, е сега што сакаат да постигнат со тоа не ми е јасно – Од една страна зборуваме да се скрати работното време на 4 часа, дека сме многи продуктивни, а од друга страна сакаме да ги кратиме празниците, зошто ги кратиме, за да работиме повеќе? Цела на комората со новиот предлог е да се намали бројот на неработни денови на 13. Предлогот на комората треба да биде испратен до Министерство за Економија, а последниот збор за евентуално кратење на празниците би го имале пратениците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАнализа на Фискалниот совет: Пензискиот систем е загрозен, потребни се реформиПензискиот систем е под се поголем притисок. Анализата на Фискалниот совет и „Фајнанс тинк“ покажува дека јазот веќе изнесува 5,2 отсто од БДП, а без реформи до 2037 година може да достигне и до 6,6 отсто. Анализите покажуваат и дека се помалку осигуреници финансираат се повеќе пензионери. Во 2024 година на еден пензионер имало 1,67 осигуреници, а поради нискиот наталитет, иселувањето на младите и стареењето на населението, проекциите покажуваат дека овој сооднос во иднина може да падне и под еден. Дополнителен проблем е неформалната економија. Според анализата, околу 95 илјади работници не плаќаат придонеси или плаќаат помалку од реалната заработка. Препораките се постепено зголемување на придонесите од 18,8 на 20%, промена на начинот на усогласување на пензиите, но и соодветни мерки за намалување на неформалната економија и зголемување на бројот на луѓе на пазарот на труд. -Дел од состојбите коишто се во делот на демографија веќе и не можеме да делуваме, па така прозорецот за реформи се затвора околу 2035 година, односно колку повеќе ја одложуваме оваа потенцијална реформа, толку цената ќе биде поголема и ќе бидат поболни тие реформи. Така што параметарски реформи се неопходни, меѓутоа не се и доволни,- Благица Петрески – Фајнанс тинк. Годинава дефицитот на ПИОМ достигнува околу 1,07 милијарди евра, а директорот Никола Мемов вели дека само годинава дефицитот пораснал за над 160 милиони евра. Тој се есогласува дека придонесите треба постепено да се зголемуваат, но додава дека потребно е да се промени и методологијата за пресметка на пензиите, да се преиспитаат и правилата за минималната и максималната пензија и повластените категории. Како значителен товар на фондот ги потенцира и обврските кон ФЗО, кои сочинуваат над 220 милиони евра од вкупниот дефицит. -Како растат пензиите, така расте и обврската на ПИОМ спрема ФЗО. А цената на здравствените услуги не расте.Само за 2026 година обврската на ПИОМ спрема Фондот за здравство порасната е за 3,5 милијарди денари, затоа што пензиите се пораснати за 7.000 денари кумулативно, тоа значи 30 милијарди денари за цела 2026 година. Ова значи дека пензионерите во 2026 година добиваат повеќе пола милијарда евра во споредба со 2024 година. И административно се зголемува долгот за цели 60 милиони евра на ПИОМ спрема Фондот за здравство. Ова треба да се смени,- Никола Мемов – директор на ПИОМ. Во однос на вториот пензиски столб, Мемов смета дека е потребна поголема слобода за пензиските друштва при инвестирањето, односно поголем дел од средствата да се насочуваат кон акциски инвестиции наместо кон државни обврзници. Тој уверува дека средствата на осигурениците се одвоени од државните и дека државата не може да ги користи, додека нивното инвестирање го контролира МАПАС. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
МакедонијаОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литарЗа три денари поевтинува дизелот, додека бензините од полноќ ќе бидат поевтини за денар и половина. РКЕ ги објави новите цени на нафтените деривати, според кои литар дизел ќе се продава за 97 денари, Еуросупер 95 за 98, 5, а Еуросупер 98 за 100, 5 дВо пресметката остануваат и намалениот ДДВ за дизелот од 18 на 10 проценти и акцизата за горивата за четири денари, мерки што важат до 12 октомври а се однесуваат на ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните и економијата. Но, поевтиното гориво на бензинските пумпи ќе значи и помали приходи во државната каса. Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека токму намалените приходи од акцизите и ДДВ се една од причините поради кои до крајот на месецот ќе се прави ребаланс на Буџетот. Според пресметките ќе се кратат околу 120-130 милиони евра и на приходната и на расходната страна. -Ние остануваме држава со најниски цени кога станува збор за дизел-горивото и безоловниот бензин од 95 и 98 октани. Отприлика, од 25 до 50 центи по литар е поевтино кај нас горивото отколку во соседството. Нормално, тоа си има своја цена. Цената е отприлика од 7 до 8 милијарди денари и затоа, за да се избалансираат сите овие работи, ние ќе правиме ребаланс. Очекувам во текот на овој месец да биде завршена процедурата и за нас приоритет е стандардот на граѓаните – изјави Христијан Мицкоски -Премиер на Македонија. Од опозицијата, пак, сосема поинакво толкување за потребата од ново прекројување на државната каса. Соред Венко Филипче премиерот манипулира со граѓаните кога ребалансот го поврзува со намалените давачки за горивата. Тој тврди дека ако буџетскиот недостиг е 130 милиони евра, тогаш бројките од ДДВ-то и акцизите на горивата не ја потврдуваат тезата на премиерот. -Ако и покрај намалувањето на едно одредено изминатите месеци на ДДВ и Акцизите вкупната цена на горивата е зголемена за повеќе од 50 проценти, тоа зналчи дека и со намалено ддв и акцизата на поголема влезна цена на горивата, ако не повеќе најмалку исто ќе биде приливот по основ на Акциза и ДДВ од поскапи горива, уште една лага на Мицковски, што е лагата, лошо испланиран Буџет – изјави – Венко Филипче – Претседател на СДСМ. Во дебатата за цените на горивата се вклучи и ЛДП. Од партијата бараат, Владата да воведе поврат на дел од ДДВ за горивата за домашните граѓани и компании. Според партијата, со сегашниот модел индиректно се субвенционираат и граѓани од соседството кои доаѓаат да полнат гориво во земјава па наместо тоа, бараат Владата да најде модел како ДДВ-то би се вратило на домашните потрошувачи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter