Во живо

последно ажурирање на 7.2018

Македонија ја доби поканата за членство во НАТО - Столтенберг и Заев повикаа на славје

На специјална церемонија во седиштето на НАТО во Брисел,Македонија денеска ќе биде  поканета како триесетта земја да и се приклучи на северноатлантската алијанса.

на 7.201816:57

Премиерот Заев ја прими поканата од Генералниот секретар на Столтенберг и при тоа рече :,,Ова е ден за славење како признание за исполнети услови и вредности што ги делат НАТО партнерите”.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, кој ја предводи владината делегација на Самитот на шефови и држави на НАТО, денеска на пригодна церемонија ја прими поканата за членство во алијансата што му ја врачи Генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Во оваа прилика Генералниот секретар на НАТО,Столтенберг истакна дека граѓаните на Република Македонија треба да го прифатат денешниот како голем ден кој заслужува да биде славен, и дека оваа покана е резултат на исполнетите услови и НАТО стандарди, како и на историскиот договор за македонско-грчкиот прашање за името и за стратегиско партнерство.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев на заедничката прес конференција по овој повод истакна дека ова е историски ден за нашата земја и дека тој, Владата на Република Македонија и народот на земјата, се благодарни за одлуката на нашите сојузници да отпочне процесот за полноправно членство во Aлијансата.

„Тоа е историска одлука за иднината на мојата земја и за нашите граѓани. Оваа одлука е признание за нашата посветена работа повеќе од две децении. Ова е признание за работата на сите македонски политичари од независноста до денеска, признание за нашите институции и за сите политички партии. Ова е признание за сите наши граѓани, за целото граѓанско општество, и за сите останати кои трпеливо го чекаа овој ден“, рече премиерот Заев на заедничката конференција за медиумите со Генералниот секретар Столтенберг.

Во своето обраќање тој потенцираше дека одлука потврдува дека споделуваме евроатлантски вредности, и дека Република Македонија може да оствариме и да испорачаме учество во алијансата сооветно на НАТО стандардите.

Премиерот Заев уште нагласи дека НАТО Алијанса денеска, со отворањето на вратите за Република Македонија за полноправно членство, покажа зошто е толку витална и силна, и дека политиката на отворени врати е еден од најсилните механизми на Алијансата за постигнување на неопходните евроатлантски стандарди од страна на оние земји кои се подготвени да ги споделат.

„Република Македонија е пример за тоа. Република Македонија и досега активно учествуваше во НАТО мисиите. Заедно со Алијансата, нашата земја, активно придонесува во мисиите за сузбивање на глобалните закани, терористичките закани, како и заканите што доаѓаат од насилен екстремизам. Соодветно на стандардите и препораките на НАТО, ни ја подготвивме и нашата, Национална стратегија за одбрана“, нагласи премиерот Заев.

Говорејќи за значењето на поканата Република Македонија да стане членка на НАТО од аспект на регионот, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, рече дека членството во алијансата уште повеќе ќе ја консолидира демократијата, ќе ја зголеми стабилноста и безбедноста и ќе служи како позитивен пример за земјите од Западен Балкан.

„Силната заложба на Владата за решавање на отворените прашања со сите наши соседи даде конкретни резултати. Изразувам посебна благодарност до моите колеги, премиерот на Република Грција, Ципрас и премиерот на Република Бугарија, Борисов, за споделување на истата визија со нас. Оваа визија ни донесе голем успех во Регионот и во Европа. Благодарност упатувам и до сите наши останати соседи и до нашите партнери ЕУ и САД, со кои развиваме силни билатерални и регионални партнерства за кои верувам дека ќе се продлабочуваат уште повеќе, во годините што доаѓаат“, истакна во своето обраќање премиерот Заев.

Претседателот на Владата на Република Мкедонија Зоран Заев подвлече дека следниот чекор за Република Македонија е организацијата на референдумот како највисок демократски израз на политичката волја на македонскиот народ и на сите граѓани во нашата земја – чин кога граѓаните на земјата ќе кажат „Да!“ за својата иднина.

на 7.201816:41

"Пред малку потпишав писмо со кое го информирав премиерот Заев за одлуката на НАТО да ја покани неговата Влада во Скопје да ги почне разговорите за пристап во Алијансата", рече Столтенберг.

Церемонијата следуваше по одлуката на лидерите на НАТО на Бриселскиот самит да ја поканат Владата во Скопје да ги започне разговорите за пристапување за членство во Алијансата, откако ќе бидат исполнети условите од договорот меѓу Атина и Скопје.

"Долги години припадниците на вашите вооружени сили учествуваа во сојузничките мисии. Помагаа за да се донесе мир и безбедност во Авганистан. НАТО покажа дека вратата за влез во Алијансата е и останува отворена ", рече генералниот секретар.

Тој истакна дека договорот за прашањето за името што го постигна владата во Скопје со Грција ја отстрани пречката за отворање на разговорите за пристап.

"Знам дека компромисите кои беа вклучени беа тешки за двете страни. Но, верувам дека договорот е во најдобар интерес на вашата земја и на поширокиот регион. Ви честитам Вам и на сите оние кои се вклучени за нивната политичка храброст. И нивната посветеност кон подобра иднина ", рече тој.

Столтенберг истакна дека ова е круцијален чекор што го отвори патот за полноправно членство во НАТО. Тој најави дека сега ќе започнат детални разговори за пристап, за да и помогнат на земјата да ги направи последните подготовки за членство.

"Откако сите ваши национални процедури ќе бидат комплетирани, а сите сојузници на НАТО го ратификуваат вашето пристапување, ќе станете триесеттиот член на оваа Алијанса. Со место на нашата маса. Со еднаков глас во нашите дискусии. Еднаков глас во нашите одлуки. И безбедноста што доаѓа со тоа што е дел од најуспешниот воен сојуз на светот. Тоа ќе биде горд и важен ден за вашата земја. За вашиот регион. И за НАТО. Ние сакаме да ве видиме вас и вашата земја во срцето на стабилен, демократски и просперитетен регион ", рече генералниот секретар.

Столтенберг рече дека денес е важна пресвртница во постигнувањето на таа цел и дека наредните месеци ќе бидат исклучително напорни.

"Но денес е ден за прослава. Значи, ви честитам, премиере Заев. И честитки до вашиот народ ", рече тој.

на 7.201816:22

на 7.201816:21

,,пред малку го информирав премиерот Заев дека неговата земја може да ги почне пристапбните преговори за членство во НАТО ", напиша генералниот секретар Стиолтенберг на неговиот профил на фејсбук.

на 7.201815:48

Премиерот Зоран Заев се заблагодари за укажаната чест и доделувањето покана на Македеонија за членство во НАТО. Премиерот ги повика сите граѓани во сабота да излезат и да го прослават членството во НАТО . ,,Македонија оди напред " , заклучи премиерот Зоран Заев

на 7.201815:45

Ова е ден за гордост за вашата земја , за регионот и за НАТО , рече генералниот секретар Јенс Столтенберг , кој пред малку на премиерот Зоран Заев му ја додели поканата за пристап на Македонија во Алијансата . Столтеннберг на почетокот на обраќањењето ја нагласи значајната улога на Македонската армија во мировните мисии на НАТО. Тој рече дека сега е време за славје и му се заблагодари на премиерот Заев.

на 7.201814:38

Прес конференација на генералниот секретар на НАТО Столтенберг.

на 7.201813:35

САД го има најдоброто оружје на светот и поради тоа членките на Алијансата треба што повеќе да купуваат такво оружје, истакна Трамп на прес конференцијата .

На прашањето на новинарите дали овој став ќе се промени кога ќе влезе во авионот, Трамп одговори:

Не, јас сум конзистентен по тоа прашање . Јас сум гениј.

на 7.201813:20

Прес конференција на американскиот претседател Доналд Трамп.

на 7.201813:01

Претседателот на САД, Доналд Трамп се врати во новата зграда на НАТО:

на 7.201812:58

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го отвори денешниот официјалниот дел од агендата на самитот, на состанокот на лидерите на земјите членки и партнери во формат РСМ „Решителна поддршка", на ниво на шефови на држави и влади.

на 7.201812:53

Премиерот Зоран Заев пред работниот состанок срдечно поздравен од претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.

на 7.201812:34

Премиерот Заев и македонската владина ќе учествуваат на официјалниот дел од агендата на самитот, на состанокот на земјите членки и партнери во формат РСМ „Решителна поддршка", на ниво на шефови на држави и влади, кој секој момент се очекува да започна во зградата на НАТО.

на 7.201811:16

Грчката делегација предводена од премиерот Ципрас пристигна во зградата на НАТО:

на 7.201810:45

Заев: Македонските граѓани се најголемите поддржувачи на НАТО

Прослава по повод поканата од НАТО за членство на Македонија во алијансата, ќе има во 15 градови во земјава, истакна првиот човек на Владата, Зоран Заев во Брисел.

Прославата ќе се случува в сабота.

„Ве повикувам да прославиме заедно на 14 јули низ градовите. Со домашна музика да си честитаме затоа што Македонија оди напред“, рече Заев и додаде дека тој лично се радува за поканата.

на 7.201809:48

- Ова се луѓе што го водат светот, најголемите светски лидери – престедателот Трамп, канцеларката Меркел, претседателот Макрон.... да не зборувам за сите светски лидери. Јас сум многу среќен што го доживеав тој момент кога ги гледав среќни сите овие светски водачи заради Македонија. Сите на некој начин пријдоа, честитаа, посакаа успех, понудија помош и поддршка. Среќен сум што го доживеав моментот да ја водам извршната власт во Република Македонија кога на Македонија и се случуваат вака убави величествени работи, рече макеоднскиот премиер.

Инаку премиерот Заев и македонската владина денеска ќе учествуваат на официјалниот дел од агендата на самитот, на состанокот на лидерите на земјите членки и партнери во формат РСМ „Решителна поддршка", на ниво на шефови на држави и влади.

на 7.201809:45

Македонскиот премиер Зоран Заев пристигна во седиштето на НАТО во Брисел. Заев вчезе во новата зграда на НАТО додека претседателот на босанското претседателство даваше изјава.

на 7.201809:27

На Самитот во Брисел ќе учествува и Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија.

на 7.201809:22

Американската делагација предводена од претседателот Доналд Трамп пристигна во зградата на НАТО во Брисел каде денеска ќе продолжи Самитот на алијансата.

на 7.201809:03

Премиерот Зоран Заев ќе ја прими поканата за пристапни преговори со НАТО од првиот човек на алијансата Столтенберг.

на 7.201808:50

Заклучокот за Македонија денеска ќе биде усвоен како дел од финалното комунике на НАТО од страна на дваесет и деветмината шефови на држави или на влади присутни на состанокот на врвот.

Вообичаено одлуката ја соопшти вчера генералниот секретар кој уште нагласи дека зачленувањето ќе се случи откако земјава во целост ќе ги спроведе обврските од договорот со Грција.

Самитот на НАТО во Брисел започна вчера.

Македонија

Започна НАТО самитот во Брисел, Македонија ја очекува поканата за членство во НАТО

Земјава е кандидатка за членство веќе 19 години, а зад себе има рекордни 17 акциски планови за чл...

Прочитај повеќе

Македонија

Македонија поканета од НАТО да стане 30-та членка на Алијансата

Заклучокот за Македонија кој претпоставува покана за старт на преговорите а зачленувањето&nbs...

Прочитај повеќе

Пахор подготвува предлог за дијалог меѓу Белград и Приштина

Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, денеска соопшти дека подготвува нацрт за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, денеска соопшти дека подготвува нацрт за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој, како што наведе, сака прво да го координира со високиот комесар на ЕУ за надворешни работи и безбедност. Политика, Жосеп Борел.

„Поранешниот претседател Пахор подготвува нацрт и рамка за продолжување на дијалогот, но тој сака прво да го усогласи со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел и земјите-членки на ЕУ, особено со земјите од Квинта“, објави на профилот на X.

Пахор нема да одговара на новинарски прашања и барања за интервјуа што ги добива во пресрет на улогата на кандидат за специјален претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања.

Шкријељ: Со заедништво и јасна визија да ја придвижиме државата кон она што сите го заслужуваме

Со заедништво и јасна визија да ја придвижиме државата кон она што сите го заслужуваме, европска иднина.

Санела Шкријељ, кандидат за пратеник во ИЕ2

Пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ по повод 27 април, годишнината од крвавиот четврток во Собранието, во својата изјава пред Собранието изјави:

Собранието е претставнички дом на граѓаните и место каде треба да се натпреваруваме со идеите за подобар квалитет на животот на сите граѓани, а не со насилство. Можеме да имаме различни ставови по секое едно прашање и да ги спротивставуваме своите аргументи за тоа, но никогаш повеќе не смееме да дозволиме пратениците, собраниските служби, новинарите и медиуските работници на најбрутален и насилнички начин да бидат нападнати и да им биде загрозен животот токму тука, во она што треба да биде храмот на демократијата.

Како пратеници, треба да покажеме дека државата ја сакаме со ум, а не со насилство. Да се спротивставиме на политиките на делби и ширење омраза, да не дозволиме повторно газење врз слободата, врз демократијата, пресметување со неистомисленици, напади врз новинари. Со заедништво и јасна визија да ја придвижиме државата кон она што сите го заслужуваме, европска иднина!

Нема откажување од иднината!

СДСМ

Левица со антикорупциска платформа ќе се бори против неказнивоста на функционерите

Денес, носителот на листа од Левица - Јована Мојсоска ја презентираше предизборната програма меѓу жителите во Ресен.

Левица, како партија на нова генерација политичари без криминален багаж, на овие избори настапува со своја антикорупциска Платформа, како единствен механизам против корупцијата која го разјадува македонското општество.

Народот доволно беше сведок како политичките елити три децении се амнестираат, како што беше случајот со последните измени на Кривичниот Законик, каде беа амнестирани над 80 функционери од поранешната и актуелната власт!

Антикорупциската платформа на Левица се темели на неколку клучни точки:

- Итно носење на Закон за потекло на имот на сите носители на јавни функции, од осамостојувањето до денес (1991–2024) – како lex specialis;

- Незастарување на кривичните дела поврзани со т.н. економски криминалитет и корупција извршени од страна на јавните функционери;

- Трикратно зголемување на рокот на застареност во Кривичниот законик за делата сторени од носителите на јавни функции, поврзани со т.н. службенички криминалитет.

-Проширена конфискација (кривична или граѓанска) на нелегално стекнатиот имот на досегашните владејачки структури и олигарси – не само од нив лично, туку и од нивни блиски роднини, пријатели/партнери или трети лица.

- Разрешување на судија по сила на закон на кој му застареле три предмета во кариерата и поради кои Република Македонија ќе изгуби спор пред Судот во Стразбур со цел ставање крај на партизацијата на судството.

На криминалното и анти-македонско владеење на СДС и ДУИ ќе им пресуди народот на 8 Мај, а потоа мора да има ригорозна одговорност за економскиот, социјален и национален пустош кој го оставија во нивното катастрофално владеење!

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

притисни ентер